Па два пати неделно за викенд петок и сабота секогаш одиме како традиција ни е. Цела недела готвам и за викенд да си одморам. Немаме некој големи трошоци само јас и сопругот сме он има прилично солидни примања и можеме да си дозволиме и повеќе иако јас не работам. Во близина на нашиот дом има еден предобар ресторан и секогаш има превкусни јадења .
Во просек 5 пати сигурно. Претежно за викенди, практикуваме да се прошетаме некаде надвор од Скопје при што задолжително ручаме во некој ресторан. За едно фино и пристојно седнување најчесто до кај 1500 ден. за двајца ни се доволно а ако сме седнати чисто онака на пица/некој бургер и пијачка, поефтино. Ама кога ќе се земе во предвид дека и дома да направам еден подобар ручек си оди барем половина од тоа, плус гратис малтретирање, валкање на кујна и садови тогаш мислам дека навистина некогаш се исплати човек да си се опушти некаде. Исто така и на работа, барем по еднаш во неделата со колегите си порачуваме храна, понекогаш и дома ако не мрзи или немаме идеја што друго да подготвиме. Порано имало моменти и кога многу почесто, секој втор ден што се вика сме седнувале некаде на јадење. Ама како фати короната така намаливме ради безбедност. Искрено, навистина ми е мерак да си седнам некогаш така, за среќа можностите ми го дозволуваат тоа па си велам зошто да не.
И, зошто не ја постави? Нема никаде за кликање... Ресторан и кафана е широк поим. Дали се мисли на отмени ресторани како Venetto, Пелистер, Тренд со обемно мени со цени од околу 200 денари па нагоре? Неколку пати годишно, 4-5 можеби. Ако се мисли повеќе на бистроа како кинески Star Ocean, или вегански Paradaise Food каде има разновидна готвена храна и каде питите(повеќе се вид на лазањи) се 70ден. и/или супите 80 ден. од порција. тогаш доста почесто, 3-4 пати неделно. Месечно 1-2 пати си дозволуваме комплетен оброк, околу 350-400 денари. После се чудиме како не заштедивме повеќе пари, па 2600 ден. отишле месечно на ручек. Но и од дома да си носиш, претходно треба да си купиш состојки за на пр. сендвич, иако сепак поефтино испаѓа така, се губи моментот на „седнавме некаде„, промена на атмосфера, раздвиженост. За кафана отприлика пола тезгаџии од Зелен пазар одат во кебапчилница на чорба или кебапи или само на ракија (кафана моментот). Ако се тоа ресторани од типот на Trend, Venetto, Мулино и тн. а притоа барем еднаш дневно се јаде предјадење, главно јадење со салата, пијачки и десерт тогаш мислам дека тој или таа се релативно богати за македонски стандарди. Но прашање е што е тоа вистински богата личност (во финансиска смисла на зборот, бидејќи има и душевно богати). Според некои дефиниции вистински материјално богати пред сè се оние кои можат да си дозволат во континуитет удобен живот (тука спаѓа и исхрана по ресторани) без притоа да мораат да работат за да заработат. Да речеме имаат големи суми на сметките кои постојано се оплодуваат со приливи од дивиденди и разни инвестиции, а работата околку истите им ја завршува некој друг платен за тоа.
Пред пандемија одевме почесто. Сега одиме поретко. Ама и тоа зависи на пример има недели кога одиме два/три пати дека така се погодило. На секое излегување трошиме најмалку 1000 денари (ако е поефтин локал) до 3000 денари во поскапи локали за нас двајца и едно нејадач дете. Е сега се случува да нарачуваме храна за дома најчесто пици, пастрмајлии, кинеска храна или да земем готвена храна за носење од различни места. И тогаш е околу 700-800 денари максимум за тројцата. На работа во последно време носам храна од дома за да се хранам здраво. Кафе пијам едно или две дневно од бифе/кафиќ. Со ова темпо на трошење мене лично кафана/ресторан не ми е луксуз ама не останувам да се запијам или секој ден оброк да јадам надвор.
Мене пола плата ми иде на искачања и хранење надвор. Кафе пијам секој ден по разни места, некад и по двапати, скоро секогаш нарачувам за јадење посебно за на работа пошо се дешава да заглавам и по 16 саати, па мора да иам бек ап опции. После долги математики и мини депресии, заклучив и дека уопште не ми се исплати да готвам и купувам ствари само за себе, пола од нив скапуваат, а на крај скоро се’ завршува у канта. Дефинитивно поише ми се исплати да се хранам надвор. Притоа да, ептен водам сметка за тоа шо го јадам, гледам да е здраво и иако е малку поскапо од регуларен скара ручек, за чоек као мене шо е сам, на крајот од денот, пак се исплати. Просек у месец не знам колку пати, искрено и језа ми е да пресметувам, али да, живеам вака задњи четири години и најверојатно и ќе продужам, доека не дое маж, деца и сите тие ствари.
Пред пандемијата искачав често, сега скоро ич. Откако почна оваа година мислам само 2 пати имам отидено во кафана, не сум многу по одењето.
Ретко, од причина што знам како функционира менаџментот во рестораните во однос на хигиена и квалитет на храна.
Пред пандемија секој викенд бев на журка, сега последнава година пијам скоро секој ден едно кафе а во ресторан можи еднаш месечно. Едит - причината е што во мојот град нема кај да се излези. Преферирам дома собиранки со друштвото и лабаво или со пиење.
За жал многу си во право... Инаку јас по ресторани и кафани не идам пречесто, може 2-3 пати месечно максимум. По кафичи и ланч барови почесто, некогаш два пати неделно некогаш повеќе, некогаш ич, искрено зависи од време. А пред пандемијава, фактички кога бев средно и после кога почнав со факс бев многу послободна и секој ден бев по еднаш-два пати на кафе, навечер обавезно на јадење два пати неделно, плус журки....ама секако не е само времето, реално цените се неспоредливи тогаш и сега.
Порано кога се дружев со едно друштво идевме цело време по кафани, се пијанчевме на шабански песни. После коа се здружив со едни други тие пак плукаа по мене што сум користела србизми од овие што ми останаа Сега не идам од други причини… Само во Дојран кога идам тогаш обазено и доручек и ручек во кафана Едит: Не е секогаш се до парите треба и да ти се погоди друштвото за во кафана.
Зима ретко може да биде 2/3 пати во месец да идам на ручек. Али кога е топло често знам да седнам на ручек. Недела се собиравме друштво и идевме некаде најчесто надвор од Ск на ручек. Не сум тип шо оди по кафиња, кога искачам идам по ручеци или вечери.
Обично еднаш или два пати неделно знам да седнам со маж ми или некоја другарка на ручек/вечера во некој ресторан или да се собереме со друштво во некоја кафана. За дома храна од ресторани не порачуваме скоро никогаш. Преферирам да си готвам, уживам во готвењето и реално со добра организација не ми одзема многу време. И храната по рестораните е доста поскапена. А хигиената и начинот на подготовка не би ги коментирала. Едно седнување за двајца е околу 1000-1500 денари, а не се воопшто малку пари.