Преретко, ама ако не ги вклучам овде некои ситници како пециво, ѓеврек... Како и да е, јас и пецива ретко купувам.
4-5 пати месечно, кога одиме во кинескиот или арапскиот, евентуално на лахмачун или во Ред Кафе на пица... значи наменски кога одиме на вечера, да јадеме токму тоа и тоа. Инаку секојдневно - појадок, ручек, вечера постојано си јадам дома. И онака си спремам посебни оброци за мене, немам потреба од јадење надвор од дома.
Ако се мисли на ручеци и вечери по ресторани а не стандард кифла или ѓеврек за појадок тогаш ретко...Во врска многу често јадевме надвор и не се замаравме многу за финансии но сега кога ќе помислам колку би ме коштала таа вечера, земам престилката и готвам А и во мојот град нема места каде можеш да пробаш нешто ново и невообичаено, тоа па тоа и веќе не е интересно...
На работа морам, ако порано седнувавме на јадење речиси секој ден, во последно време од премногу обврски тоа е многу ретко, а многу почесто јадам овошје и салати во канцеларија. Ако патувам гледам да си направам сендвич од дома - многу ретко ми останува време за јадење, бидејќи гледам да завршам работа побрзо, и да бегам назад. Иако во близина има многу убави пецива, ми се здосадија - веќе година и пол сум на иста локација. Ако одиме со колегите на ручек, зависи каде ќе седнеме. Најчесто некоја салата, или некој лесен сендвич - со лосос, или брускети. И за викенд обично седнуваме на ручек барем еден од двата дена. И се разбира не смеам да го заборавам мекдоналдс, еднаш неделно
Додека беше дечко ми во градов секој ден еден оброк ми беше надвор од дома. (му правев друштво, не од што сакав ) Сега дали еднаш во два месеци јадам надвор, си сакам домашна , готвена храна.
Па ако е ладно времето најчесто одиме навечер негде на јадење,а кога е потоло времето поретко Во просек два викенда во месецот-ретко сред недела,многу ретко
Многу често, поради тоа и холестеролот и мастите ми се покачени, поради нездрава и брза храна. Во моето маало има 3 сендвичари па можете да замислете што се случува Ама настојувам во последно време да јадам дома наместо надвор и што е можно поздрава храна.
Па не многу често.. Можам да кажам дури дека и ретко јадам надвор од дома.. Кога сум излезена многу јадам нездрава храна и тоа се' се изразува на мене.. драстично
Па многу често. Секој втор ден сигурно. Некогаш така се погодува а некогаш намерно зошто дома имам некоја манџурија и доаѓам дома со изговор дека сум се прејала
Гледам што помалку да јадам надвор од дома, затоа што домашната храна ми е најсигурна и највкусна. Ама кога сум на предавања од 8 до 4 попладне, морам да земам нешто од бифе. Сега храната таму не е толку лоша, ама кога се отвори беше толку многу гужва внатре, што лиснатите кифли и пиците мораа брзо да ги вадат од печка и ни ги даваа недопечени. Живо тесто јадевме.
Ретко..ептен ретко. Ако сум повеќе време низ град, а огладнам ќе купам нешто. Иначе гледам секогаш дома да јадам
Па ако го исклучиме јадењето во школо, тогаш многу ретко. Се случува само ако сум излезена, а ми се јаде, само тогаш морам да каснам нешто. Исто така навечер многу ретко, со другарки одиме во пицерија или слично. Преферирам дома да јадам, затоа што домашно приготвената храна ми е највкусна.