Гледам да избегнувам. Сепак домашно си е домашно. Но некогаш неможам да одолеам, и тогаш јадам брза храна или бели пецива. Обично кога сум излезена, многу огладнувам, па на враќање си купувам нешто.
Избегнувам да јадам надвор од дома и тоа брза храна.Веќе некогаш кога сум гладна со другарки итн.Јадам на училиште бели пецива,грицки и др.
во зимата многу често секое излегување после излегување од кафич на пица а иначе кога сум на училиште купувам секогаш било некоја кифла било грицки...
многу ретко,понекогаш на вецера или ако се задржам наутро у чаршија купам геврек.дома ми е највкусно и проверено
Многу често и дури претерувам. Значи, имам ручек дома, јадам надвор, доаѓам дома и чепкам пак од ручекот. Ај да кажеш да сум поштедлива, па да не јадам бар дома Инаку надвор сакам да јадам ако на пример не сум јадела на работа, па пост работно ми е мерачки во меанче да си седнам со добро друштвенце, мезе, ракииче, скаричка, па да легне добро. Не сакам кога брзам, автоматски јадам тост или хамбургер, цела се ушлапувам, и внатре во стомак журки ми се дешаваат. А пак јадам. Сега гледам да намалам, зошто ем ми е поскапо, а и немам потреба да јадам надвор ако одам дома и знам дека ме чека нешто фино.
Често јадам, се зависи од обврските ми се има случувано од работа на состанок и да немам време за дома да одам да јадам па ќе купам тост, баничка што и да е и ќе јадам
Ретко коа не бев на диета јадев ептен често..А сега сФе за линија и дома си јадам манџички .рибчиња,мевче ,компирчиња,макарончиња
Уф во последно време скоро секогаш јадам надвор од дома,затоа што дома едвај се прибирам. И шо јадам тостови и хамбургери,може да ми се загреши некогаш и пица да купам. И после дебела сум била,епа дебела ќе бидам ко јадам само брза храна.
не многу често..понекогаш тоа испајга за да јадам надвор од дома хахаха ова испаднува дека домашно си е домашно не баш за тоа али така испаднува