Некогаш знам еднаш месечно,а некогаш и повеќе пати - доколку се работи за ручек негде во ресторан или таква ствар.. А ако под ова спаѓа и училиштето,скоро секој ден
Порано јадев почесто, сега повеќе сакам дома да си приготвам, макар се работело за обичен тост или печено лепче. Додека бев во средно, постојано јадев од школската да ја наречам менза иако не е буквално тоа. Или најчесто си купував бели печива, ама кога ми се падна една недопечена панцерота како кец на десетка, се откажав од сите купечки работи и купувам само тогаш кога сум ептен во тесно. Со оглед на тоа дека годинава го почнав студентскиот живот, бев „принудена“ да се научам да готвам барем нешто за да не купувам глупости, а и моите од дома ми пуштаат храна, па така имам сигурни залихи за минимум 3 дена, а за останатите ден и половина си подготвувам нешто сама. Избегнувам купечка храна дури и на паузите помеѓу предавањата, а бидејќи и често немам време да појадувам како што треба дома, си носам во ташна домашно приготвени кифлички, панцероти, сендвич, баничка и по некоја овошка. Не дека воопшто не јадам купена храна, ама ете така, сакам да ја избегнувам колку што е можно повеќе и од сите тие бучкуруши, се согласувам само на пица или пастрмајлија два-три пати во месецот или палачинка.
Па колку и да се трудиш што помалку,ете,се случува. Порано јадев житни снегулки или нешто спакувано од дома за на училиште,но сега си почнав со белите пецива.А во ресторани,хммм,воопшто не јадам.Можеби некогаш знаеме фамилијарно да излеземе на пица,ама тоа дали еднаш годишно се случува. И да,немора да значи ако јадеш надвор од дома дека се храниш нездраво. Колку толку,барем мала поздрава замена може секогаш да се направи,интегрални пецива,крекери,пробиотски јогурти итн. има насекаде. За во рестораните,одличен избор е рибата,посебно лососот.Или некоја салатка. Ако сакаш да се храниш здраво,нема изговори.Само добра воља и време.
Пре често, да не кажам секој ден. Еден оброк во денот како и да е ми е надвор од дома. Дали ќе биде доручек, ручек или вечера зависи од тоа која смена сум на работа, факултет или друга социјална активност Да бидам искрена, ми одговара вака, не сум многу по домашните готвени јадење како манџите на пример, па гледам да ги избегнувам и да се извлечам за ручек. Ако останам дома со викањето и погледите на мајка ми ќе морам да си ја изедам манџата Пак, не значи дека ако јадам надвор од дома дека јадам само брза и нездрава храна, има алтернативи. Доручекот ми е најчесто овошје или интегрално пециво. Ручекот зависи, сендвич, или кинеска храна, тестенини, салата... а вечерата секогаш ми е нај не здрава, се тогаш ми се пријадуваат некои сосови, лесковачки, хамбургети, помфрити и чуда... Значи и да јадам дома, пак ќе се сведе на истото, ако не е манџа за ручек тогаш ќе бидат или тестенини или месо или компир...
До пред некое време стално јадев, а во Софија секој ден, се трудам да биде здрава храна, јадењето надвор ми е повеќе за опуштање од работа, факс, а за здрава храна дома ми е постабилно, знам дека нема да бирам пола саат туку ќе земам некое вариво и нема да внесам многу.
Ретко, кога не можам да одолеам на некоја понуда по Lounge Bar-овиве. Или касно навечер кога се враќам од диско.
Од кога го отворија Ле Пиле во Аеродром, најмалце три пати неделно јадам од таму. После тоа ми отворија и во Кисела Вода, јас се чудам како 20 кила не сум се поправила од тоа пилешките прсти. Ама вкусни се, да му се сневиди... Додека одев на факултет, барем еден оброк дневно ми беше од бурекџилница или сендвичара. Сега со милиот ручаме пилешко кога сум прва смена на работа. Од работа право кај него на јадење.
Во последно време многу ретко, ептен кога ќе ме фати мерак за нешто мрсно и купечко. Преферирам домашно приготвена храна. Имам осетлив желудник и порадо би си ставила во ташна домашни колачи, кифлички и сендвич, него ли да се маткам по пекари и продавнички или мензи. Дури и на факултет избегнувам да купувам, речиси секогаш си имам резерви во ташна кои ми се доволни за да му обезбедам квалитетен и што е најважно, здрав оброк на мојот организам.