студент како студент...ретко Но кога ќе дојдат мајка ми и татко ми да ми се здрави и живи, секогаш јадиме недвор. Пред недела дена идеа у ск.И бевме во џино. Ги сакам иначе тек-тук за положен колоквиум/ипит ќе се частам пица...али друго е кога со мојте јадиме па со винце во некој убав ресторан
Не многу често.. На работа сум од 10 до 3 така да имам време дома да појадувам убаво а и стигнувам на време за ручек домче...
Многу често, но не брза храна туку квалитетна храна во реномирани ресторани, со врвна услуга и квалитет на храната што се нуди. Претежно тоа се вечери кои покрај квалитетната храна служат за опуштање и релаксација затоа што и амбиентот е таков, барем онаму каде што одам јас.
Секогаш кога сум излезена преку ден јадам надвор, ова се однесува на брзата храна, а не на јадење по ресторани
Ретко, но кога трае учебната година, студирам надвор од градот и далеку од дома, така да тогаш се случува почесто да јадам некаде надвор, во пицерија, сендвичара, пекара или ресторан.
Многуу ретко, појадувам дома пред да одам на работа а гледам секогаш да ручам дома. Не обожавам брза храна и бели пецива така да ги избегнувам колку што можам. Надвор јадам во случај кога сме излезени со друштво на ручек или вечера и во тој случај неможам да избегнам меѓутоа тоа се случува прилично ретко.