Здраво, сакам да поставам една анкета, ми треба за нешто, ве молам да одговорите - колку пати месечно одите во ресторан/кафана да јадете и зошто? Конкретно ме интересира финансискиот аспект. Колку можете да си го дозволите тоа И друго прашање - ако одредена особа оди во ресторани/кафани/хотели да јаде 2-3 пати дневно, дали е тоа богата особа за македонскиот стандард? Фала однапред
И мене ме интересира темава. Мислам дека има разлики од град во град во МК. Некои места имаат култура на седење во кафана/ресторан. Дури и утринското кафе мора да се испие надвор. Има разлики и од работата што ја работиш, поточно од организациската култура што ја има твојата фирма. Има цели фирми кои имаат таква своја организациска култура каде што често се седнува на мезе после работа и тука се зборува за деловни работи за кои не стигнале да разговараат во работно време. Некои пак имаат често неформални дружби и заедно одат на afterwork. Јас лично многу ретко одам, само за повод. Ако не е за прослава, еве нека е еднаш до двапати месечно одам спонтано, за ќеиф. Никогаш не одиме на ексклузивни и скапи места. Кога имав поголеми приходи одевме и почесто да јадеме надвор, сега не можам да си дозволам толку често. Но дури и тогаш никогаш не било тоа неколку пати дневно. Не само што финансиски е многу, туку мислам дека не е ни здраво. Еден мој братучед така се надвор јадеше, и ради работа и ради што беше сам, за кратко наби килограми, холестерол, и дигестивни проблеми. А јас сум тип што пазам на одредени начини на готвење и исхрана и опциите да јадам три здрави оброци дневно би ми биле многу ограничени ако ги гледаме денешниве ресторани што нудат. (на пример не запржувам, скоро ич не јадам пржена храна, не конзумирам одредени работи кои ги има речиси во сите готвени јадења -неколку пати користен/препржен зејтин, маргарин, палмина маст, готови сосови и мајонези). Искрено кажувам и во други теми сум пишувала- ако не готвев дома секој ден, мислам дека нема да можеме да издржиме финансиски во месецот. Четиричлено семејство сме со големи деца од кои машкото е нон-стоп у фиржидер бутнато, нек е жив и здрав! Како се поскапе, се повеќе бирам што ќе купам во маркет а што не. Кондиторски производи веќе намерно избегнувам..Дури како поскапе и лебот, веќе не ми се даваат толку пари за некаков си бел леб со палмина маст и адитиви... се почесто и леб си правам во машина..бар знам што јадам..
Одиме неколку пати во месецот еве заокружено нека е 4-5. Во просек едно седнување не кошта 1.500 денари за двајца (мексички, џино и сл) . Тоа е најчесто викенд кога шетаме преку ден па нејкеме да готвиме дома или петок после работа кога сакаме лезетски да си ја завршиме работната недела. Е сега исто така нарачуваме и за дома храна во неделата мин еднаш до два пати во главно зошто немаме време за готвење а и не мрзи после работа допрва да готвиме. Тоа не кошта во просек 600-700 денари од ручек (кинеско, бургер, КФЦ и сл) Колку трошиме на вакви задоволства во месецот никад не ни текнало да прерачунаме. Башка на ова е трошокот на работа за јадење кој не е испод 150 денари во просек, освен ако не јадам гевреќ.
Можеби еднаш во месецот не ми е нешто вау да ги трошам парите во некој ресторан или кафана подобро ќе нарачам храна и остаток од парите ќе ги потрошам за викенд во кафич/диско барем ќе се забавувам.
Не одам често, не сум кафански тип, а ни по ресторани не одам, најчесто во lounge bars на попристапна храна за студентски буџет. Со коронава па ептен намалив одење, се навикнав да не одам многу, порано може и повеќе одев. Знаеме некогаш да порачаме дома фамилијарна пица или хамбургер ако се немало време да се направи ручек поради работни обврски, но тоа е 2-3 пати во месецот максимум. На кафиња одам 2-3 пати неделно просечно, а за јадење надвор не трошам многу пари, не знам искрено колку пати месечно јадам надвор, можеби во месецот 2-3 пати да е, некогаш може и помалку. Плус и не ми делува здраво толку да се јаде таква храна. За пијалоци повеќе трошам, за храна ептен малку. Па сега луксуз дали е не знам, секој си знае за свои финансии, јас лично преферирам со тие пари да си купам облека, козметика или накит, отколку на готова храна да трошам пари. А и сега како што е се поскапено не ми делува исплатливо да јадам толку по ресторани и кафани. Вечити диеталец сум , па и тоа влијае зошто избегавам да јадам надвор, но да и финансиите имаат удел.
Месечно одприлика 10тина пати. Од финансиски аспект мислам дека не е луксузирање. За да купиш состојки за да направиш квалитетно јадење(свежи, квалитетни состојки) мислам дека математиката доаѓа одприлика исто. Сакам ресторани, кафани, ланч барови. Не сум по готвењето, па сама не можам да си го направам исто вкусно како надвор. Едно седнување не е испод 500денари од човек, со пиење и јадење, ама ретко е над 1500. Зависно од пригодата и местото.
Зависи Не искачам често, кога искачам е по кафичи, на кафе или журка, ако сум гладна тогаш, зимам од пекара, фаст фуд ресторан.Порано одев секој викенд со другарките. Би одела почесто, на пица, бургер, палачинки.Пример во Охрид кога сум, идам секој ден скоро.Ама таму и се исплати, овде за 150 едно палачинче за во заб.
Како беше? Скопје е мој град, а јас сум негов. Ние 'метрополата' се храниме многу буржуазиски...по евтини пекари, лол.
Баш така Порано чоек ми беше кејф, на топло-ладно, на палачинки, на пица ова она.Се понашав ко Арап, сеа со моиве ако идам или ептен да сменам или ако ми се пријаде убаво нешто а да не е дома. Во ресторан е сѐ дупло поскапо, зашто да ги фрлам џабе парите
Мхм, егзекли. Затоа петок и сабота после журка наместо во бар или ресторан, ко сардини се редиме пред Силбо или Делишс, пошто многу ги сакаме пецивата.
Леле Ла Секој викенд јадам во Ла.Не можам баничките и вегетките да им ги простам После литро пиво не знаеш како ми легнуваат Силбо ми скурчи некако.Последно пред месец дена јадев У она Милки не отидов и не отидов.Мора после сесијава да се омрсам со една лапачинка, личат препресочни Ќе прежалам 200 денари
Месечно - 0.4. Ќе речев дека е поради тоа што смемив начин на исхрана, ама кога гледам стари слики во галерија, сфаќам дека голем дел од местата кои ми беа омилени за јадење, пропаднаа.
Едвај еднаш месечно. Сметам дека може на нешто покорисно да се потрошат парите, денес стана луксуз. За мартот бев викана по ресторани и кафани и избрав да одам на поскромно место каде не платив повеќе од 500. Но мене ми беше побитна другата намена на парите, отколку да ги фрлам во магла што се вика.
Помеѓу 6 и 10 пати во месецот. Сакам да одам бидејќи ми е место за опуштање, дружење и уживање во храната и амбиентот. Со моменталните цени, а зависно и од местото, најевтино поминувам со околу 600 денари, но може да варира и до 1500. Но, за да си приуштам, балансирам со други работи, не трошам премногу пари на облека, аксесоари, чанти... Така да сметам дека се сведува на тоа што ни причинува повеќе задоволство.
Винце не пиеш, само пивце? Иначе се согласувам за Силбо. Значи човек, пецивата им се станати факен грди. Буквално една кифла ја тегнам низ заби 5 саати зошто има тврда структура како камен и не е уопште вкусна. Ко...пола Скопје купува кај нив и абер немаат да се подобрат, него стануваат бетер. Ама затоа Делишс е друга прича. Си го пробала ли тоа со пилешко, павлака и кари? Оргазам. Леле, ми се пријаде, отиде диетата.
И виноо Сѐ пијам јас..за добра свиња нема лоша помија Не сум пробала.Само поховано пилешко јадам, имам фалинка во мозочето
Различно, некогаш може ниту еднаш, некогаш секоја недела. Кафани не посетувам, само во ресторани. И да мислам дека тој што јаде три пати во денот во ресторан, или е негов или има за трошење
Живееме во Скопје со дм. Неделно одиме сигурно 4-5 пати. Порано одевме поретко, ама сега ко се ојдисавме со комшиите, некогаш и 6-7 пати неделно ни се фаќа. Мислам дека трошиме мн пари во кафана. И плус преку ден на работа седиме цело време, и после пак во кафана седење. Ама релакс ни е, и плус стварно времево е кратко некако за готвење дома декој ден ручек, турбо ќе треба секој ден Одиме почесто бидејќи може да си дозволиме и имаме друштво. Во спротивно, би било обратно сигурно.