Колку чини животот на луѓето што се доселиле во Скопје?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Rexona.., 17 јули 2017.

  1. Rexona..

    Rexona.. Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    се почесто младите ги напуштаат своите градови биле за учење/ студирање работа или забава и се селат во главниот град. Колку според вас се потребни средства за солиден живот во скопје?
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.680
    Допаѓања:
    53.733
    Пол:
    Женски
    Исто колку што ги ,,кошта" и Скопјаните? Или не? :?:
     
    На SnowWhite8, edenandrej, Abeja и 4 други им се допаѓа ова.
  3. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    4.290
    Допаѓања:
    150.174
    Kumanovo...
    Smeni naslovot.
    I podobro patuvaj.
    Skopje ,,kosta",ama ,,bas" kosta.
     
    На Petar80, carangigia, Feminka192 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.279
    Пол:
    Женски
    Маж ми дојде во Скопје заради подобрите услови за живот. Потекнува од мал град во Македонија. По извесен период ја запозна Самерка :D и си остана со неа. :D

    Во помалите градови нема шанси за напредок.
     
    На larrachi, Rubiii, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Zaljubena26

    Zaljubena26 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    24.777
    Пол:
    Женски
    Зависи кој што подразбира под солиден живот. Некој е задоволен со тоа да има било каков покрив над главата, да има за скромна храна и за најосновни потреби.
    Под солиден живот јас подразбирам да има пристојно место на живеење, да речеме добро опремен стан. Нормално дека најубаво е кога секој си има своја приватност и соба која немора да ја дели со цимери. На тоа би ги додала и месечните сметки без притоа да се штеди на пример на бојлер или греење. Исто така потребни се средства и за храна која треба да биде здрава и разновидна. И секако, за млада личност јасно дека се потребни и средства за излегување, шетање, облека, козметика...
    За жал, земајќи ги во предвид платите, многумина се принудени да преживуваат едвај со десетина илјади во месецот. Не дека не е можно такво нешто само не сметам дека тоа е солиден живот туку едвај крпење крај со крај. За малку подобриот живот кој го опишав би рекла дека во најмала рака е потребна барем една просечна плата.
     
    На kikin, zoran43m.k, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  6. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.793
    Под 30.000ден тешко се живее во Скопје,едноставно све е преживување.
     
    На macysh, senza.parole, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.775
    Допаѓања:
    22.391
    Пол:
    Женски
    Не мрчете одма, многу е убава темава и може да биде многу корисна. Само сменете го насловот, не мора баш тој збор провинција да стои. И не мора да ја користите за препуцавање, напротив, нека биде компаратива за сметки, кирија, совети за штедење.
     
    На AngIv, Oxymoron, Оленка* и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    9.590
    Допаѓања:
    142.870
    Исто колку што ги чини скопјаниве, плус кирија:?:
     
    На Petar80, Feminka192, Mrs. Diva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    31.170
    Пол:
    Женски
    Ако немаш сопствен дом животот чини многу што и 30.000денари примања се малце.
    Никогаш уште еднаш не би ја барала среќата во Скопје, а кога би го вратила времето никогаш не би се запишала на факултет во Скопје, кирии, превоз, лоша клима, гужви, гнасно .... бљак
     
    На senza.parole, fana, augustd и 3 други им се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.944
    Допаѓања:
    101.659
    Пол:
    Женски
    не може да кошта исто колку за родените во Скопје кои ако не повеќе имаат свој или на мама/тато ама сепак свој стан/куќа и не плаќаат кирија што прави ОГРОМНА разлика!
     
    На Karamela12, Sannelaa, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  11. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Женски
    Ако седат под кирија ужас скапо,со оглед на просечните наши примања зборам, дури не ми е сфатливо и незамисливо ми е ,ако си живеат во свој стан со просечни примања мислам би било подносливо...некако...
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.840
    Допаѓања:
    78.562
    Самец во гарсоњера :
    1. Кирија 150 евра
    2. Парно 2000 ден
    3. Куќен совет 500
    4. Автобуска карта 1000
    5. Ако имаш кола 1500 паркинг
    6. Појадокот и општо храната и рестораните се поскапи.

    Јас вака живеев долг период со плата од 300 еу. Ок ми беше. За книги и леб имав.
     
    На mime87, Winks, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.286
    Допаѓања:
    86.806
    Па не значи дека сите имаат свој стан...
     
    На Dust, ♡BuBaLe♡ и Ana Marija 1 им се допаѓа ова.
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    26.112
    Па и да живеат под кирија , пак поевтино ги фаќа од Скопјаните оти живеат со цимери , и плус од дома им помагаат...

    Барем јас познавам само такви примери, не викам дека така е за сите...
     
    На Vojdana и supergirlmb им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.840
    Допаѓања:
    78.562
    На скопјани забрането ли им е да живеат со цимери? Јас и сама живеев како провенцијалка.
     
    На Winks и Oxymoron им се допаѓа ова.
  16. Rexona..

    Rexona.. Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    повеќе ме интересираат цените
    во кафичите
    дискотеките
    такси превозот
    храна
    за смештај е обезбедено не плаќам ништо.
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.775
    Допаѓања:
    22.391
    Пол:
    Женски
    @Rexona..

    Цените се повисоки него во внатрешноста. Кафе ти е од 50 денари најевтиното па до 150 денари накаде можеш да платиш за нескафе.

    Алкохолни пијалоци се исто минумум 100 денари пијачка. Ретко каде веќе пиво е помалку од 100 денари.
    Имаш кафани каде можеш да јадеш за пристојни пари. Ама повеќето се прескапи за просечна плата.

    Во диско речиси нема каде не се плаќа влезница-150 денари. Пијачките се доста поскапи него во кафичи/кафани.

    Храната во маркетите е таа. Не е поскапо Веро у Скопје него у Велес рецимо. Кам и Стокомак се најевтини маркети. На пазар е најевтин зеленчукот/овошјето.

    Такси стартна цена е 40 денари. Не знам точно колку е километар ама од прилика ретко коа помалце од 60 денари иам платено и за најмала релација.
     
    На Victorian, Bridget и Gosh им се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.667
    Допаѓања:
    59.733
    Јас како студент имав некои 10 илјади месечно за да покријам сметки, кирија, јадење и џепарац. Киријата воглавно ми беше 3-4 илјади, сметките 2-3 илјади, а денес најискрено не ми е јасно како сум го минела месецот со другиот дел од парите.

    Дека јадев некоја уау здрава храна, воопшто не, се знае студент на што преживува. Редовно бев излезена, се собиравме и пиевме по станови/студентски, па уште и редовно си купував по некое парталче. Или знаев подобро да штедам или беше поевтино пред некоја година, немам друго објаснување. :D

    По муабет со луѓе што беа дојдени во Скопје како студенти, најчесто просекот беше тој - 10, 12, кај некои и 15 во месецот. Да ви речам дека ми стигнуваа, ќе ве излажам, а оттогаш цените се така, побајаги рипнати. Ако подработуваш нешто, се закрпува по некоја дупка овде-онде, откако почнав да работам во странство пркнав малце, иначе мене ми беше доста мизерно, парично гледано :D. И да не речете дека се жалам, имаше луѓе и што крпеа крај со крај и со помалку од ова, свесна сум за тоа и никогаш не сум барала нешто плус од други - се' плус си било заработено од мене. А, да, тие што беа во студентски минеа најевтино, меѓутоа се жалеа на храната доста често.

    Инаку, цените на храната се значително повисоки во Скопје во споредба со другите градови, би рекла за некои 20-30% повеќе. Ресторани, кафулиња и слично се поскапи во споредба со мојот град, но не значително многу затоа што и овде се држи некој така, повисок стандард во споредба со некои помали места во Македонија.

    Јас планирав да се вратам и да работам во Скопје, ама од моменталната перспектива, многу ми е мило што не го направив тоа. Ми фали како голем град, ми фали поголема раздвиженост на луѓе, меѓутоа ако се вратам во Скопје, ќе треба доста пари да фрлам на кирија и на сметки, пари што можам некако да ги пренаменам за нешто друго сега. :)

    Според некои мои пресметки, би требала да плаќам кирија и сметки околу 250 евра затоа што ако живеам пак во Скопје, ќе живеам сама. Пресметкава ми е онака, во најдобар случај, сметките знаат да рипнат зимно време. На ова би додала и поголем трошок за храна од Х причини... некои 400 евра само за намирување на основни потреби. А 12 х 400 евра (годишно) и не се така мали пари да ги дадеш за нешто што и не ти е така неопходно, како во мојот случај.
     
    На Annora, 1209, Victorian и 9 други им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    4.659
    Допаѓања:
    26.801
    Пол:
    Женски
    Tака де. Ко божем тука сите имаме сопствени станови. И тука најчесто младите животот го започнуваат како подстанари. Така што... исто е и за скопјаните и за доселените.
    Патем, не знам зошто толку се навредувате од поимот провинција. Поимот си е во ред, вашиот однос кон истиот прави да се чувствувате дискриминирачки, никој нит ве дискриминира, нит ништо ако рече дека сте од провинција. Како да каже тогаш? Исто како албанците со поимот шиптар :D тие меѓу себе така се викаат, ама не дај боже друг да ги нарече така, очи ќе ти ископаат. Така и вие.
     
    На SuperGirl24, Vojdana, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.667
    Допаѓања:
    59.733
    Темата може да се преименува во „Животни трошоци во Скопје“ чисто колку да можат да се вклучат и членовите што се по потекло од Скопје, ама живеат под кирија и слично, затоа што знам дека и такви случаи има многу. Па зошто да не, секое искуство е добредојдено, не мора да се пишуваат трошоци до денар ама горе-доле колку да добие некој генерална слика.

    А жити се', една голема држава што сме, па и уште едно тешко што е да се преселиш од внатрешноста во Скопје и обратно... нема поента пак за тоа да се дискутира и да се наоѓа некој повреден или навреден. :D
     
    На eli25, Oxymoron, LivingGlam и 9 други им се допаѓа ова.