Баш не е полесно да се најде работа во помал град (освен ако за пристојна работа се рачунаат конфекциите во кои се зема плата по 10000 од кои на рака на газдата му враќаш по 3000), а цените на храната, облеката и основните животни потреби се исти во секој град, единствено ноќниот живот (кој во малите места воопшто го нема) и дневната кафе шема се поефтини за 20-30 денари ако не и помалку. Никој не е будала да плаќа кирија и режиски трошоци џабе за да работи во Скопје ако може да најде пристојна работа во својот град.
Прашања до луѓе што живеат Скопје Од оваа година излеа ќе студирам кај вас и со најдобрата другарка во план ни е да сме цимерки. Али таа е на Финки(на еден крај) јас на правен(друг крај) и не знаеме која би била средината. Која населба би ни ја прпеорачале да бараме станови а да не ни е предалеку на двете? И дали е проблем ако живееш даелку од факултетот или има постојано јавен превоз па се снаоѓате(освен што мора порано да се излезе од дома)
Средина ви е околу Центар, евентуално Карпош 1/ Дебар Маало. Јавен превоз во оваа околина има многу често, плус и на двете ќе ви биде околу 10мин со автобус до факултетите.
Само што за овие локации кој ви ги кажа Луминари ќе ви треба малку подлабоко џепче. Нека е со среќа студирањето девојки и со лесно
Ти кажала @Luminary , ама прочитај и @fana што ти пишала. Центар и Карпош 1 имаат највисока кирија, плус малтретирање со ЈСП. Пешки ни таму, ни таму не можете да стигнете (т.е. може, ама ке ви треба 30-40 минути), значи градски ви е неопходен. Пробајте и видете дали ке можете да издржите со тој ритам, јас не би се нафатила толку време да губам во возење, плус кирија за стан поблиску во факултетите (и кај Финки и кај правен) е пониска.
@christinnn да се прашувам јас би барала кај сити мол. Таму становите се поефтини. Ти ќе се качуваш на бр 2 автобус и пред факултет ќе те слези. Другарката може и пешки
Фала ви женски Разгледував преѓе цени за станови, и се наоѓаат и во центар станови со кирија од околу 4/5000 по човек, па ќе видиме како ќе испадне на крај. Најбитно ни е да сме заедно, али ако веќе ептен не може ќе се бараат други варијанти. Иначе, @fana за колку време се стига така до мојот факс одприлика? Далеку е многу или?
Скапо е секаде ако барате стан во ек на сезона и во август-септември е речиси невозможно да најдеш евтин стан. Вон сезона се наоѓаат поевтини станови па гледајте да не ве фати многу доцна. И со две дефинитивно е најнеисплатлива варијанта од аспект на трошоци. Барајте некоја мала гарсониера ако инсистирате да сте само вие две.
Обавезно ќе има и трета цимерка, ако не и 4та доколку најдеме поголем стан. Али битното е ние двете да сме заедно, па плус и друга/други. Планот ни е до крај на јуни/почеток на јули најден да ни биде станот.
Да бидам искрена далечку е стварно. Со гужвата во Ск без пола сат не си. Позитивна страна е тоа што тој автобус што тебе ти треба (2ка) многу често го има.
Незнам дали има ваква тема но отворив затоа што ми треба мислење..Значит ми се понуди работа во Скопје 1000 евра месечно . На тие што немат никаква помош од родителите ..Колку плаќате месечно да ги надминете трошоците (сметки ова она се ) ве молам ..
Животот во друг град е поскап со самото тоа што најчесто луѓето плаќаат плус кирија за стан, покрај останатите режиски трошоци, а од друга страна немаат помош, во смисла како кога се живее во заедница и сите учествуваат во плаќање на трошоците. Зависи и од висината на платата, ако истата е доволно висока, може многу подобро да се живее, отколку во својот град без или со некоја минимална плата.
Премногу чини. Пред две години некој пишал дека сè под 30.000 од човек е преживување. Апсолутно се согласувам. Зборам за живеење сам... кирии, сметки, храна... Одење по ресторани, кафичи, дискотеки не влегува во овој есап. За тоа треба многу над 30.000 по човек кој е сам во Скопје.
@Cka, Како да ти кажам... со оглед на месечните трошоци од кои нема бегање и се фиксни, рестото до 30.000 таман за преживување се. Ама, само за преживување. Што значи ако идам негде, одмор, или ресторани по повеќе пати во месецот, многу повеќе искача.
Класичен снобизам, 500 евра ти се малку за сама тебе? Или не знаеш со пари или се рафрлуваш. 500 евра за девојка без обрски да помага или гледа било кој се топ примања. Со тие пари има за се, па и да се тргне некој денар на страна. Цели семејства тераат месец со тие пари , некои и со помалку. И со бебиња, деца, студенти, ученици... Така да многу е неблагодарно слободна девојка без обврски да каже дека 30 000 не и стигаат.
Класична неразделеност од мама и тато, па појма да се немало како е самечки живот кога ти мора да мислиш за сè. Ради вакви ко тебе не ни качуваат минимална. За да немаме за штедење пари, ако боже сачувај ни стават 500€ плата. Сум живеела сегде... и мал град, и голем и странство... не ми попувај!