Јас живеам со 18 000. Плаќам кирија, сметки, превоз, храна и да не набројувам се друго што е потребно (основни работи). Можам да си дозволам да искочам и на кафе и на јадење, не секој ден фала богу, ама доволно. И плус успевам да заштедам по нешто од секој месец (секогаш различно од 1-3000) ако немам некои додатни трошоци. Пред тоа живеев со 12 000, можев и со толку, ама сега сум каде каде послободна. Ако си водиш ред се може, ако не малце ќе ти се нормално.
Се сложувам. Пријателка од Скопје со државна работа и плата од 22.000 денари, плус хонорарно од секаде и капат пари, така што стига и до 500 евра и се жали како да е сирота. Од плата до плата останува со 300 денари. Тоа е за мене несозреаност.
Јас ко стажант 12 000 земам, не плаќам ни кирија ни сметки, храна купувам за дома чат пат, ми стигаат ама не за нешто посебно да се расфрлам, ќе купам некој партал и за мене и за сестра ми, средства за хигиена, храна за на работа, да излезам негде ресторан дискотека, некое кафе и евентуално да шетнам негде тие ти се парите, да живеев сама дупло од тоа дали ќе ме скрпеа Во Германија трошев околу 500 месечно и ко бог живеев, ама киријата само 60 ми беше...
Ако човек е организиран и не фрла пари на без потребни ,секако дека на крајот од месецот ништо нема да му остане ! За мене е глупаво да земаш 15000ден плата а да купиш јакна од 6000/7000ден само за да се курчиш пред другите за потоа да кукаш дека немаш пари
А за човек кој е со цело семејство, не сам? Реално, сите сакаме повеќе сме учеле за повеќе и не треба да сме задоволни со 25000,меѓутоа себично е да кажеш дека 30.000 на сама девојка не и се доволни. Свесна ли си дека фамилии живеат со таа плата? Ова не е за восхит, жално е во оваа наша државичка, ама твојот муабет и те како е не созреан.
До кај 10.000 за сметки. Храна 15.000, дома готвено. За автобус, 3000. Ова е минимум за тројца, двајца возрасни, едно дете. Под услов да е твој станот. Е сега, доктори, излегување, облека, обувки, книги, поправки и други непредвидени трошоци, клај му уште 10.000. 40.000, за релативно нормален живот.
Себично? Девојко, прогуглај што значи зборот и не туку се наапувај пред празници тука, сите сме нервозни у е**нава држава и ни требаат пари, ок е. Не кажав дека мене лично ми требаат и на никој освен мене, еве помножи по човек и ќе видиш кому колку му требаат. Не заслужуваме ко народ и живи суштества генерално за све да се гребеме од пенизиите на баба и дедо. Полагање за возачка - мин. 30000 мкд. - требаат повеќе од две минимални плати. Полагање за возачка во Ит. - 1000 евра, помалку од една минимална. За градски превоз со минимална плата треба човек да работи саат ипол за да си заработи само за превозот. Најскапа карта во Ит. - 1.20€, најминималец од саат 7 €. Кино и театарска претстава ни се луксуз, од минимална плата ти требаат 2 дневници барем. Да не набројувам примери и примери, тажно е колку сме навикнати да ги оговараме другите колку "сакаат повеќе". Сите заслужуваме повеќе.
Амин! Во свет кој е profit driven, нема ништо себично, во тоа да сакаш да имаш комотен живот. Тоа што цели фамилии живеат со 20-30 илјади, ме револтира, не ме теши! Недозволиво е да се задоволиш со приходи кои не ти дозволуваат достоинствен живот. Секој треба да се стреми кон повеќе, и не само со бунење за покачување плати, туку и со квалитетен придонес во индустријата, или било која гранка во која е вработен. А не научени сите: Арно најдов државно, нишај врата-земај плата, ќути бериќатверсан, има и полошо.. супер се 15.000 за тоа колку НЕ работам... Не така! Работам колку што можам, и плус се надградувам, и паралелно барам и да ми биде платен трудот адекватно! Од одење по линија на помал отпор, до тука сме стасани,
Ти не ме прочита изгледа И јас се сложив со тоа дека ни требаат и заслужуваме повеќе, секој работник во секоја сфера заслужува двојно поголема плата. Се слагам и со тоа дека сме е**на држава до максимум. Меѓутоа, знаеме кај сме. Ако ме прашаш мене реално колку би ми биле доволно примања дома со две деца и маж ќе речам минимум 100.000. Ама да не се занесуваме зашто знаеме кај живееме.
Не би да набројувам колку чини животот во Скопје за се поединечно, бидејќи доста членки веќе напишаа суми, ама ќе кажам дека чини доста. Живеев неколку години во Скопје и поминував доста скромно. Од таа причина и се вратив во родниот град каде ми е многу подобро финансиски. Искрено не знам зошто ја нападнавте @senza.parole . Точно дека не се малку 500 евра, ама и трошоците во Скопје не се мали. Не зборувам само за кирија и сметки. Зборувам за превоз кој не значи по дифолт дека е градски автобус и чини 1000 ден карта. Зборувам за цени по кафичи и ресторани кои се навистина високи за наши плати. За карта за во кино, за храна по маркети, буквално за се. Да живееш со 500 евра не подразбира само основни трошоци. На една свадба да те поканат автоматски имаш 50-100 евра помалку. Ами што е со облека, заштеда за одмор, родендени, крштевки, возачка дозвола итн? Да не зборувам за здравствени проблеми и испитувања по приватни клиники, или бременост и пораѓање, бидејќи и сами знаеме какво ни е здравството. Не е се така црно бело и има мноогу скриени трошоци на кои стартно не помислуваме, туку си излегуваат по полека. Во тој случај не само што се малку, туку не можеш ни месец да поминеш за жал.
Многу ме нервира што кај нас се скапи горивата и струјата Да имаме пропорционални цени како во странство мислам дека се' ќе биде поразлично. Е неможе со натпросечна плата во наводници од 28.000 да плаќаш струја 5000 у просек (ако се греете на струја нормално). Во помалите градови нема градски превоз, така да или ќе пешачиш или такси или твоја кола за која што горивото е прескапо. И ме боли тоа што храната ни е ужасно скапа во однос на Германија или Австрија па дури и САД. А колку сме ние платени а колку тие. Па ние не можеме да се храниме здраво. Остајте рестораните. Фамилии одамна заборавиле на такви гоштевања макар што работат и примаат плата. Кај нас треба да се штеди на се. Во Швајцарија работник од оние најслабо платените може да си дозволи брендирана облека патики баре тренерки и кожни чевли. И тоа секоја година. Е кај нас се скапички. Исто и за автомобилите. Сите уживаат нови барем не постари од 5 год. автомобили. Кај нас е нормално да возиш 20 год голф иако може си адвокат лекар професор. Сакам да кажам котираш високо на националниот палтен список демек земаш натпросечна плата. А колку беше просечната 25?
Mногу луѓе од внатрешноста по студии остануваат да живеат во Скопје, и платите кои ќе ги заработат ги даваат за кирија, сметки, храна. Посебно во последно време, се поскапе, а платите некако не растат со соодветно темпо. Практично многу луѓе живеат и работат во Скопје, од ден за ден, за да преживеат затоа што во нивните места нема работа, и ако таму останат, можно е утре да бидат и без работен стаж.
Ајде кирија, ама сметки и храна само ние од внатрешноста плаќаме, скопјани не? Или чим живееш со мама и тато и вработен да си, дома треба тие се да подмират. Мене би ми било срам да сум со плата, а дома сите сметки да ги подмируваат родителите и за јадење само тие да купуваат. Јас би рекла ист е горе долу трошокот за сите, со исклучок на киријата која е плус за нас. Гарсоњера се наоѓа за 8000-9000, ако сакаш да си сам, а двособни станови има за 10-12000, ако се двајца цимери по 5-6000 и сметки на пола. Со сопруг/сопруга да живееш дури и за свој дом може да се размислува, ако им е постабилно работното место на двајцата, рати за станбен кредит тука некаде се за нијанса поскапи од кириите. Е сега во споредба со внатрешноста Скопје е поскап животот, ама во помал град само за минималец би се нашла работа и тоа и за неа врски треба да се фатат, така да прашање е дали воопшто и работа ќе најдеш. За мене лично Скопје и кирија и сметки откако ќе платам, пак две минимални плати ми остануваат, така да според мојов есап, а и на многу други, поисплатливо е Скопје. Да беа можностите и платите исти секаде низ државава, нормално дека никој не би се преселил тука.
Добро вечер, Сакам да прашам нешто. Деновиве на интервју од една фирма ми понудија плата од 50 000 + 10 000. Не живеам во Скопје, немам мој стан таму, живеам во друг град во МКД. Ако ја прифатам понудата, ќе треба да плаќам од таа плата за кирија и за сето останато за живот. Не посетувам кафани, кладилници, кафичи, не пушам, не пијам, не одам по кафиња итн, значи пари не трошам за такви за мене неважни работи. Дали 50 000 + 10 000 (тие 10 000 се од време на време за редовни дежурства) би биле добра сума за кираџија како мене во Скопје? Под добра сума подразбирам да ми остане нешто на крај на месец да можам да заштедам, барем 10 000 да тргам настрана секој месец. Кола не морам да возам секаде, можам и со точак ако дозволува времето, за јадење не јадам секакви работи, само мал број работи јадам, така да не би трошел ни за храна премногу. Дали таа сума од 50 000 + 10 000 е некоја сума по која многу од апликантите би се залетале и би ја прифатиле? За личност која има место за живот без кирија е супер понуда најверојатно, но за личност која нема своја недвижнина во Скопје дали е супер понуда? Поздрав.
плата како плата е океј. Но, ако плаќш кирија 200евра минимум не е нешто посебно. Освен ако не делиш стан со цимер. Ако земеш во предвид дека во просек е 40.000плата а ете плус кирија 12. Значи можеш да изменаџираш и добро зошто и Скопјанец и луѓе што имаат тука станови а се од други градови истите трошоци ги имаат
во Скопје,не зборам централно подрачје туку предградие како Ѓорче,Влае,Илинден,Ченто итн кирија ти е најмалку 230 евра месечно. Така што спремај 15.000 мкд месечно. Или подобра солуција, барај цимери. Крајна цел, гледај стан да купиш,едно 65.000 евра за солиден стан
Со начинот на живот кој го опишавте - економичен, можете да заштедите. Има ефтини станови под закуп, така што не е неизводливо.
Се зависи дали ќе живееш сам/а или со цимер/ка. Ако делиш ќирија е океј, ако сам плаќаш така-така. Ќе имаш за живот секако, само дали ќе можеш се да си дозволиш зависи како трошиш. Скопје е доста поскап град од други градови, кафе, такси, пијачки, брза храна, пекари, паркинг, јсп. Зависи дали од што ќе се откажеш, со што ќе компензираш.