1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колоквиуми или испити? Кој е подобар начин на полагање?

Дискусија во 'Образование' започната од rossonerka, 16 февруари 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Што е подобро според вас полагањето преку колоквиуми или преку испити?
    Кој начин вие го одбирате за полагање на еден предмет?
    Како ви е подобро и полесно?
    Подобро е неколку колоквиумски недели за положување на еден предмет или една испитна сесија?

    Се си има свои предности а и мани.
    Колоквиумот е половина или третина од вкупниот материјал по предметот во зависност од тоа дали е поделен на 2 или 3 колоквиума еден предмет. Значи помалку материјал за учење и плус сметам дека се учи константно во текот на годината кога се одлучува студентот да полага преку колоквиуми. Но и сепак многу често се вели на колоквиуми потешки се прашањата.
    Додека за испитот се чека да се дојде сесија и студентот после 3-4 месеци слушање на предметот дури потоа одлучува да седне да го научи. Ретко некој студент кој спрема испити учи константно. Но тоа за некои е предност. За еден месец си ги спремаат испитите а останатиот период се слободни.

    Вас што ви е подобро и полесно? Колоквиуми или испити?
     
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    според мене бар јас цел факултет го завршив со колоквиуми таму каде што имаше а таму каде што беше цел испит нели нормално мораш испит. може би ми беше полесно да полагам на колоквиуми поради фактот што за разлика од правен економски и незнам уште кој факултети кај нас на факултет немаше колоквиумска недела ниту пак недела за одмор туку можеше да се случи во 1 месец да имаме 3 колквиуми или 4 или пак во 4 дена 4 колоквиуми. сепак се јавував на сите и сите ги положував. бар кај нас важеше она дека на колквиуми се даваат полесни прашања и поминуваат повеќе или пак мене ми се чинеше така затоа што ретко ама навистина ретко се јавував на испит. сакам да кажам дека имавме навистина доста време да научиме се разбира на тие што им се учеше да си го средат колоквиумскиот материјал и да се јават на полагање. но сепак се е индивидуално некој несака да го доживува тој стрес по 100 пати па се јавува на испит што биде нека биде. јас сметам дека колквиумското полагање е полесно ем помалку имаш за учење ем си ја пробуваш можноста па ако паднеш боже мој идеш на испит а ако паднеш на испит чекаш наредна сесија. кај нас немаше поправна.
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Јас па скоро и да немав колоквиуми, скоро сите ми беа испити па се навикнав на обемни материјали и долго спремање испити. Нормално дека веќе во втора година немав проблем, а колоквиумите ептен лесно ги полагав, сите со високи оценки. Мислам дека полесно е да се полага на колоквиуми, но многу зависи и од материјалот, некаде навистина невозможно е да се подели на колоквиуми.
    Така да зависи и од материјалот и од навииката за учење, некој учи во континуитет цела година, некој кампањски пред испит.
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.135
    Допаѓања:
    88.484
    Пол:
    Женски
    Мојава катедра е чудо. Во прва година имав само колоквиуми, во втора мешано е сега во трета од осум предмети во зимскиот семестар имав само еден колоквиум. Како и да е не сакам колоквиуми. Барем кај мене е поубаво на испити. На колоквиуми имаме многу прашања на кои се бараат обемни одговори. Испитите ми се поубави, две, три прашања и тоа усно. Се разбира и за колоквиуми и за испити мораш да го поминеш цел материјал. Бидејќи читам се низ семестарот за на испит не посветувам многу време. Паѓам само кога нема да се појавам, а инаку секој испит на кој сум отишла ми е положен.
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    На мојата катедра од 6 предмети, само еден ми беше на колоквиуми.
    И сметам дека е полесно, затоа што е помал материјалот и + колку толку редовно го учиш материјалот, а не само пред испит да седнеш и да набубаш.
    Плус маната кај испитите е што имаш една шанса во сесијата за полагање и ако ја прокоцкаш чекај си наредна сесија. А ако полагаш со колоквиуми и да паднеш, секогаш ти останува испитот како опција.
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  6. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Дефинитивно сум за колоквиум, барем на економски е полесно преку колоквиуми! Јас сум бруцош и од првиот семестар само математика не положив и искрено немам ни желба ни мотив да седнам да учам, го имам тотално запоставено, а останатите предмети што ги положив преку прв колоквиум добив повеќе мотив да учам за вториот колоквиум! Така да, јас сум ЗА колоквиум! ;) ;)
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Според мене, мислам дека е полесно колоквиум, отколку цел испит, нормално поради тоа што на делови го полагаш предметот, а посебно ако е писмено.Така мислам, затоа што јас полагам цел испит, без разлика на тоа колку е обемен материјалот за подготовка на испитот,значи не колоквиум и плус усно, што и е потешко,но од една страна подобро усно, затоа што има повеќе простор во текот на испитот студентот да може да одговара, да покрај прашањата на испитот, да даде и свое размислување за истиот, а со самото тоа и може да се види начинот на размислување.Меѓутоа тоа и незначи, се зависи од тоа колку е спремен студентот, дали е поткован со знаење или не, сепак индивидуално е, на некој му е полесно писмено,отколку усно.Подобро е колоквиум :)
     
  8. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Колоквиуми дефинитивно :up: , првиот факултет скоро цел ми беше на колоквиуми и ми беше полесно барем ми беше поделен материјалот и полесно го учев, добро сега имав и испити но тие со цел страв ги полгав, сега овој вториот исто така на колоквиуми иако сега на УГД донеле закон вонредните студенти да полгаат само испит, немаат право да одат на колоквиуми е сега ке видам како ќе ми биде
     
  9. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Јас до сега сите предмети си ги полагам на колоквиуми и незнам на другите факултети како е, но еве ке зборувам за кај мене.
    Значи секој предмет го полагам на два колоквиуми, односно пола книга за прв, пола за втор колоквиум, и потоа ако имаш освоено доволно поени, одиш на испит за цела книга. Во случај ако не освоиш доволно поени одиш на дополнителен колоквиум, а и така ако не освоиш, го презапишуваш предметот.

    Е, сега позитивното кај колоквиумите е тоа што имаш помалку материјал за учење и плус поени од присуства, семинарски и вежби, и собираш бодови за подобра оценка. Плус, секогаш ми се во една колоквиумска, и таа една недела се затварам и учам и тоа е, не учам секој ден константно. Значи напорна ми е само колоквиумската недела.

    На испит, пак мораш да учиш поголем материјал и почнуваш од 0 поени, па колку ќе освоиш толку ќе имаш оценка. Овде пак позитивно е тоа што само еднаш во февруари и во јуни се замараш и тоа е.

    Сепак, јас мислам дека подобар начин за полагање се колоквиумите :)
     
  10. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Ќе ве замолам ако може некој да ми објасни како оди ова. Јас сум прва год.не одев на факултет 2 месеци ( имав причина) немам положено испити. Ми рекоа дека тоа што сум го пропуштила ќе можам да го положам во април, сега да соберам потписи и да продолжам нормално со предавањата. Дали некој бил во слична ситуација? Страв ми е дали ќе стигнам да положам се :(
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас претпочитам да учам континуирано, иако не правам така баш често :tmi: Според мене колоквиумот е подобра опција. Прво, зошто е на дел од материјалот и имаш време да го совладаш убаво и после да не му ја мислиш. И второ, поголема е веројатноста од двата или трите колоквиуми да соберам повисока оценка, за разлика од испит.
    Е сега, овој семестар имам два предмета на колквиуми и три на испит, па ќе видам и јас како е на испит каде што нели има 70 прашања, односно дупло од колоквиумот со 35 прашања (ова за правен фак.)
    На економскиот факултет пак, дознав дека испитот е од 37 прашања, а колоквиумите по 35. Па, ако гледаме така,ако бев на економски ќе одев директива на испит.

    Досега ги давава предметите со колоквиуми, и бидејќи завршив на време, цел Јануари бев слободна. А оние кои даваа испити, ги даваа баш во тој период.
    Значи, дефинитивно сум за колоквиуми! :)
     
  12. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Според мене подобро е преку колоквиуми. Кога би можела да бирам дали испит или колоквиум би избрала колоквум. Додека бев на факултет претежно полагавме преку колоквиуми но имаше и професори што неможеа да се замарат со колоквиуми па ајде сите на испит. А савана ништо страшно ако сега немаш ништо положено ако имаш сесија во април ќе полагаш тогаш и вториот семестар ќе си го продолжиш нормално. Незнам на кој факултет си, каков е принципот на работа најдобро распрашај си се во студентски прашања но сепак не е ништо страшно
     
  13. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    На филолошки факултет сум, многу сум спаничена страв ми е да не заглавам. Во април имам сесија, ќе се распрашам подобро, сепак сакав да слушнам мислење од поискусните, прва год сум и не ми се јасни некои работи. Фала ти ;)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Јас сум вонредно, па се на испити си полагам, иако имав едно 4 или 5 предмети на колоквиуми. На колоквиум немам паднато, многу, ама многу е полесно. Испитите се обемни, многу е тешко цел материјал да се запамти, па ми се погодуваат прашања за кои не сум ни слушнала :)
    Знали, сум за колоквиум, полесно е и учењето е потемелно.
     
  15. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.845
    Пол:
    Женски
    Зависи од предметот. Ми се има случено да земам 6-ка од колоквиуми а 8-ца на испит :lol:
    А кога би требала да избирам ИСПИТ (за чудо на многу)
    На испит секогаш ги даваат најважните работи, за разлика од колоквиум каде може да се падне се и сешто
     
  16. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Зависи за кој испит се работи. Некои предмети полесно се полагаат преку колоквиум, некои полесно преку испит. Пример јас имам предмети кои со полагање преку колоквиум многу тупат. Редовност, вежби, писмен дел.....и милион чуда. Таквите поубаво се полагаат на испит.
    Е сега има некои предмети кои ако не ги положиш на колоквиум ги полагаш на пишување, тие претпочитам да ги полагам преку колоквиум :)
    Сепак, за секој предмет се опремувам со прашања и искрено не трошам многу време на учење.....безразлика дали е тоа колоквиум или испит, а фала му на Бога до сега немам заглавено со некој предмет. ;)
    Мој совет е за секој предмет да си се консултирате со постарите колеги :)
     
  17. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Секогаш гледам предметот да го исчистам на колоквиуми, затоа што потешко ми е на испит. Е сега, кај предметите што имаат помалку кредити и се директно на испит - нема бегање. Ме фаќа сафра кога ќе видам дека треба да бојам 70 кругчиња, ми се темни пред очи! |( На колоквиуми ми е пофино :)
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Досега не сум полагала на испит, ама претпоставувам вака преку колоквиуми дека е полесно.
    Кај мене пак обратно, испитот секогаш е потежок и даваат прашања кои не треба да се учат за колоквиум, а плус многу професори на испит и се да напишеш не ти ставаат повисока оценка од 6ка евентуално 7ца.
    Значи ги бирам колоквиумите, иако буквално ме малтретира правењето семинарски и седење на предавања од кои немам корист.
    И како што рече ФБИ, клучот за успешна факултетска кариера е консултирање со постарите колеги :D
     
  19. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Се зависи од предметот и тоа како е поставен професорот и какви се неговите барања. Како што кажа баш FBI има некои што ако полагаш на колоквиум ем водат евиденција за редовност, ем вежби тестови, а сето тоа ќе го скокнеш ако директно полагаш испит. Плус некојпат знаат на колоквиум (бидејќи материјалот се полага парцијално така) да навлегуваат подлабоко во материјата. Некогаш пак на испит е потешко поради обемноста на материјалот. Така да изборот е колку индивидуален, толку и зависен од начинот на кој е поставен професорот кон предметот. Добро е и консултација со постари колеги за да знаете кога трудот подобро би ви се вреднувал. :)

    едит: баш и мене ми текна на тоа. Имав искуство кај професори кои ако полагаш на испит, теорија немало да ти стават повисока оцена, а зошто, сеуште не ми е јасно?! Па можеби од X причини не сум можела да полагам колоквиум. Не знам зошто би се потцениле оние кои полагаат на испит.
     
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Подобар или полесен начин на полагање нема, се зависи од обемноста на материјалот, од навиките на професорот. Јас искрено полесно се снаоѓам на испит, барем знам што конкретно да учам, додека на колоквиуми професорите го разцепкуваат и мешаат материјалот, па не можеш крај со крај да сврзиш.
    А и како што ЕКТС е добро разработен на факултетиве, да се чудиш како воопшто и дали има услови за колоквиуми :x Еден имаш, па нема, па се полага на испит, па сега еве пак ќе воведувале устен испит, кај нас е каша попара. Затоа најчесто полагам на испит. И полесно ми е, и повеќе се снаоѓам, и заслужена оценка за цел материјал си добивам.