1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колоквиуми или испити? Кој е подобар начин на полагање?

Дискусија во 'Образование' започната од rossonerka, 16 февруари 2011.

  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    21.745
    Пол:
    Женски
    Студирам на Филолошки на УГД во Штип, поточно Англиски јазик и книжевност. Овде не може да се полага преку колоквиуми, треба да собериме минимум 42 поени од 2 колоквиума, семинарска, редовност, вежби за да одиме на испит. Всушност, колоквиумите ни служат за собирање поени за на испит. Кој нема 42, го презапишува предметот за в година. Инаку, мене лично не ми се допаѓа ваквиот систем. Ем на колоквиуми ем на испити и тоа усни. Ама тоа е. За среќа, до сега супер ми оди, да не се подрекнам :lol:
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.974
    Пол:
    Женски
    Јас студирав по стариот систем на образование, пред ЕКТС, што значи дека сите предмети ги полагав како испити. Имав и колоквиуми, меѓутоа, тие беа без оценка, а се полагаа или по предклиничките фази на одредени стручни предмети кога ќе завршевме со нивно слушање, или пак во текот на слушање на конкретен предмет, да се добие „виза“ за понатамошно напредување со материјалот. Од секој испит имавме практичен и теоретски дел, а кога ги полагав моите стручни предмети кои ги слушав и по 5-6 семестри, полагав квалификационен компјутерски тест, практичен дел и теоретски дел кој задолжително беше усно. Искрено, мене само на почетокот ми беше тешко, додека да си фатам некој ред, ама после тоа немаше проблем. Иако можеби е подобро преку колоквиуми да се положи одреден испит, ни стариот начин не беше лош, секако ако си почнеш со време да ги спремаш испитите. На мојот факултет имаше секој месец испитна сесија (да, секој месец), ама со оглед на тоа што најголемиот дел од испитите се спремаа минимум два месеци, не одев секој месец да полагам, туку го пријавував тогаш кога ќе научев се'. И повеќе сакав усно да одговарам, никогаш не сум можела со прераскажување да полагам испит.
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Значи некои факултети работат по системи божем ја вклучуваат болонската декларација, внесуваат колоквиуми, со кои само собираш глупи поени, за потоа да одиш на испит и истото пак да го учиш и полагаш, а може после тоа и усно полагање!?!
    Оф боже ова јас не ни знаев дека постои |(
    Или полагаш колоквиум или полагаш испит!
    А не сега и колоквиум за бодови, а потоа пак истото и на испит кој може и писмен и усмен да е.
    Боже сачувај ни е образовниов систем!
    Дури некаде сеуште се собираат потписи кои немаат никаква улога. :geek:
    Стариве пак професори кои сеуште жалат по идолот Тито се снаоѓаат во системиве "тата мата" :fubar:
    100 пати полагаш еден испит, за да ти речат на крај 6ка ај или дојди догодина.
     
    На Ema.Sk и girl1985 им се допаѓа ова.
  4. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Мене ми е полесно на испит, може поради тоа што на нашава катедра немаше колоквиуми туку само испити и затоа сега ми е полесно на испит :)
     
  5. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Колоквиумите се полесни бидејќи е помалку материјал, но границите за полагање на колоквиум се повисоки за разлика на испит, на испит и со помалку поени можеш да се провлечеш.
     
  6. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    На колоквиум има помалце материјал за учење, али јас повеќе претпочитам на испит да полагам, затоа што на колоквиум има прашања што ептен се бараат детали, плус кај мене на факс ако полагаш на колоквиум одредени професори бараат презентација, стручен труд, редовност со минус 3 отсуства, а за разлика од тоа на испит идеш полагаш на поповршни прашања и си добиваш оценка без малтретирања со додатни ствари.
     
  7. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Преку колоквиуми е полесно, барем на мене ми е било. Со колоквиумите повеќе се совладува материјалот, а поените од него ни покажуваат колку сме го научиле материјалот и уште колку време треба да му посветиме на тој предмет. Колоквиумите се всушност показател за оценката која ќе постигнме, добри колоквиуми и висока оценка, слаби колоквиуми значи дека треба уште учење.
    Најдобро е кога од коловиуми, со семинарска и редовност си собереш добри поени, некаде до 7 оценка, си одиш потоа на испит и од таму поени и еве 9,10. Не е толку тешко колку што изгледа.
     
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.153
    Допаѓања:
    46.947
    Пол:
    Женски
    Како мислиш поени од колоквиум и испит заедно и оп добра оцена :/ си се збунила нешто :) Поените што ќе си ги освоиш на испит тие ти се, според нив ти ставаат оцена нема врска дали си била пред тоа на колоквиуми , па си паднала некој, или пак воопшто не си полагала на колоквиуми си отишла директно на испит..нема врска тоа.. како и да е колоквиуми и испити си немаат врска едно со друго :) мене ми се случувало да извадам добри поени на првиот колоквиум, на вториот да паднам и после на испит некоја средина да извадам. Според мене полесно е на испит бар не се малтретираш со тие домашни, семинарски , па постојана редовност, и најглупо ми е тоа што иако сум извадила поени на колоквиум за 10 затоа што не сум била редовна и ајдее 7-8 :( . Затоа си одам на испит :)
     
  9. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Јас како што знам сега секаде се собираат поените, значи потрено е минимум да собереш 42 поени ако си редовен студент за да се појавуш на испит, а ти ако имаш добри коловиуми можеш и да собереш повеќе. Значи имаш почетни 20 од предвање и вежби со редовност и активност, 10 поени од семинартска и поени од прв и втор колоквиум.Еве на пример и на двата колоквиуми имаш по 15 поени, тоа се вкупно 30 и претходните 30 тоа се 60 поени а од 61 па нагоре имаш оценка седум,техничка доколку ја даваат. На некои факултети даваат , на некои не. И од завршниот испит ти се сметаат поените, ако имаш на пример 24 поени од завршениот со оние 60 ти имаш вкпно 84поени а со тие поени имаш оценка 9ка.
     
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.153
    Допаѓања:
    46.947
    Пол:
    Женски
    Кај мене е сосема поинаку еден колоквиум носи максимум 35 поени а со 18 поминуваш. ете си освоил на пример 20 поени и на двата колоквиума тоа се 40 плус 30 поени ( од активност,домашна,редовност(некогаш активноста ја заменуваат и со семинарска)) тоа ти се 70 поени и му доаѓа 7-мица на граница со 8-мица. Ако паднеш некој колоквиум било првиот или вториот одиш директно на испит. А, на испит од максимални 100 поминуваш со 51,52 зависи кај кој професор :)
     
  11. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Како и happygirl и јас сум со истиот систем, Гоце Делчев дефитивно има нај срање програма.
    Се мачиш преку 2 колоквиуми, и после повторуваш цела книга од 300/400 страни и шо се вика тие од првиот колоквиум ако си ги заборавил се ти доаѓа како на ново да учиш. Ги преферирам колоквиумите, али сега пример да се запишував прва година на факултет на Гоце, ке си ги одбрав испитите. Барем си знам, малку нервози. Ајде ајде дека овој последен семестар така да 5 предмети не се многу. :)
     
  12. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Мене полесно ми е на колоквиуми иако секогаш си оставам по некој тежок предмет за сесијата во август...тогаш па полесни се прашањата :D
    Иначе кај мене на факултет е дива лига.Имам еден професор кој предава по најстарата програма ама тоа е затоа што на него така му предавале па и он на нас така.Во негово време немало компјутери па така да он нема ни во план да седне да работи на компјутер а испитните резултати си ги пишува на ливче и си ги лепи на врата :envy: Ете зашто мене косата ми побелува :P
     
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    И јас повеќе сакам колоквиуми, полесно ми е, помалку материјал...ама како што кажа некој, на испит пак полесни се прашањата и не учиш толку детално, туку побитни информации. Така да, јас си правам комбинации, ако имам 5 предмети во семестра, 4 ќе ги учам на колоквиуми, еден оставам за испит.....и еден во случај да паднам на колоквиум и така ми е најлесно, комбинирано. Плус има некои предмети што се невозмни на испит, некои пак не се вредни да се замараш за на колоквиуми и да бидеш редовен....и затоа најубаво вака
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Си бев по старата програма, последната година пред срањето во боја наречено ЕКТС.
    Без ниту еден единствен колоквиум, цела година си одиш на предавања кога сакаш, слушаш ако ти се слуша, и што те интересира, доаѓа јуни, пријавуваш колку сакаш, важно до септември да си фатиш услов.
    Инаку, кого го интересира - тоа е всушност концептот СТУДЕНТ, да стегнеш гз, и да спремиш 600-800 страници, во време кое ти ќе сметаш дека ти е доволно, да одиш и писмено и усно и да положиш одеднаш.
    А не да се лигавиш, да го делиш материјалот на 4 и кусур колоквиуми, па ајде сега - поправен на колоквиумот, па чекај - поправен - на првиот поправен :^) ,
    па се ценкаат за некое поенче како за на пазар, Амааааа професореееее, ајде уште една семинарска за 9ка,
    Лилееееее, 6 семинарски имам за правење, Вауууу, |( леле, ама е тешко...

    Многу легачка и дебилна нација станавме, но не сме секако ние виновни, упропастувајќи го најпрвин системот за образование некој паметен сметаше дека тоа е најбрзиот начин до Европа.
    Факултет, џоа во средно, само малку пофенси.
    Еве ви домашно, поен од активност, многу гледање филмови, оф леле,
    професорите очекувале да се развива зрела дискусија за време на предавање, а тоа никој не крева рака, молчат како посрани.

    Знаењето е сила, знаењето е МОЌ.

    Мхм.
    Само нека спиеме на тоа уво.
    Секој е денеска студент, и со ваква програма, секој и ќе заврши. ;)
    Секоја чест.
    Ваква неписмена факултетска нација, ретко се наоѓа.
    И искрено, не ме интересира ако некој се најде навреден, ЕКТС системот со милион и двеста колоквоуми и 5 години учење = магистратура, е најголемата утка која што постои, признавале или не.
     
    На crazyinlove19, kate21, Lady-PinkHeart и 3 други им се допаѓа ова.
  15. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да го разберам моментот магистар на 22 години.
    Па магистар значи да си специјалист за некоја област, да се утепаш од учење, истражување и МОЖЕБИ некаде околу четириесетата ќе станеш магистар.
    Имаше тежина тој збор. Денес некоја мочла со 22 и диплома од Европски ќе ми рече: Aма јас сум магистар.
    Иди таму лакирај нокти и не изводи, магистар била а не знае да се потпише ако не стави срценце на некоја буква.
     
    На crazylady, Annath, AlicaInWonderland и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    Знаењето е сила, знаењето е МОЌ.
    Мхм.
    Само нека спиеме на тоа уво.
    Секој е денеска студент, и со ваква програма, секој и ќе заврши. ;)
    Секоја чест.
    Ваква неписмена факултетска нација, ретко се наоѓа.
    И искрено, не ме интересира ако некој се најде навреден, ЕКТС системот со милион и двеста колоквоуми и 5 години учење = магистратура, е најголемата утка која што постои, признавале или не.

    се согласувам со тебе трендафилка дека кај нас веќе многу лесно се станува магистар ја нема таа тежина која би требало да се има за да ја добиеш таа титула. а факултетските изучувања се на најниско ниво. колоквиум или испит со ектс системот секако ќе положиш ;)
     
  17. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Јас бев по стара програма додека студирав, што значи немав многу колоквиуми и семинарски, плус тоа професорите беа исто така по ептен стара програма, сите година-две пред пензија :lol: и најмногу полагавме цели испити (што опфаќаше некој тест/колоквиум кој ти дава право да одиш на испит ако го положиш, па потоа усен или писмен испит, зависи од професорот).
    И кога во 4та година го воведоа тој ЕКТС, никој не знаеше што точно носи тој кредит-трансфер систем, и сите си го толкуваа по свое...хаос беше...кој дава колоквиуми, кој не сака ни да чуе, па дава семинарски па не дава, па активност треба-не треба...
    Со колоквиуми е многу полесно, зошто да учиш одеднаш 600стр кога може да учиш 3 пати по 200, има некој континуитет во учењето, но како да не дава резултати тоа колоквиумско полагање...А и таа колоквиумската недела некако е "ветар во магла" - 5 колоквиуми во 5 дена... едноставно немаш време да се посветиш на сите колоквиуми подеднакво...
     
  18. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Леле како ме насмеја :D Алал да ти е за мислава.
    Колку е само точно и жално. Денес сите магистри. Диплома да имаш од факултет и еднакво на извод од матичната на родените.
     
    На Lady-PinkHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас сум по ЕКТС, и не се жалам од факултетот воопшто не е многу тешко но факултет ко факултет бара да седнеш и да загрееш столчето.
    Мене лично полесно ми е на колоквиуми значи секој семестар има по два колоквиуми, но тоа е за предмети кои носат по 8 кредити, оние од по 6 ги полагаме на испит. И во еден семестар од 4 предмети 3 ни се колоквиуми и имаме половина материјал за учење, што би значело дека е полесно. Нормално побрзо и подобро ќе научиш 200 страни отколку 400, така да според мене подобри се колоквиумите. ;)
     
  20. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    со оглед на тоа дека сум на УГД немам баш избор дали ке полагам колоквиум или испит.. морам и тоа и тоа..
    aко можев да одбирам мислам дека ке одберев испит.. оти сметам дека на испит не се паѓаат фусноти и некои работи што оддвај можеш да ги здогледаш во учебникот или пак некоја фуснота од презентацијата на професорите..