за жал ја бев прва генерација на која и го наметнаа ЕКТС и првата година беше катастрофа, што да кажувам. Помладите професори на даваа секој месец по неколку колквиум. постарите пак не можеа да ја сватат поентата на ектс па си тераа по свое први си полагаш колквиуми па ако имаш од нив одреден број поени одиш на практичен испит, исто така и од него ти требаат минимум поени за да можеш во сесија да полагаш испит кај професорот значи испитот 3пати го полагаш. Додека да се договорат што како до трета стигнав. не знам зошто го воведоаа ектс кога самите професори не беа спремни за тоа.... Ја си ги делев испитите два или три на колквиуми останатите на испит во сесијата. добра ми беше стратегијата успеав на време да дипломирам. Што се однесува до магистерските кај нас на пмф е вака првин си слушаш предметите, си ги полагаш и правиш магистерски труд испитуваш накој параметар на лабораториски животни или растенија или пак одиш по терени собираш материјал и потоа во лабараторија испитуваш тоа отприлика трае од 6месеци до година-две, зависи од параметрите што ги испитуваш. леле извинете оваа не за темава се заборавив.
Многу има разлики од факултет до факултет, зборам за државен. Секаде е различна приказна. Јас сум на правен на приватен ако сте ме читале знаете, завршив со 3 години и на крај имав завршна проектна. На 4тата година која ми беше специјалистичка изработував специјалистички труд од 50 страни отприлика кој што пишував и идејна скица и се одобруваше и бранење имав. Сега го спремам магистерскиот идејната скица околу 20сетина страни ја планирам, а магистерскиот околу 100-120. Моите другарки од правен немаа задолжителни семинарски, ни завршна проектна кога дипломираа, немаа ни специјалистички труд (иако тоа е до програмата) и сега прават магистерки труд. Идејната скица им е до 5 страни, а магистерскиот до 50 треба да е. Магистерски до 50 страни е смешки бе луѓе! Не викам дека моето е тешко при изработка, зашто има и потешки каде каде. Правото си е право едно исто, нема измислување на нови работи, едно исто е! Има луѓе кои по 2 години истражуваат па потоа и неколку месеци пишуваат па одбрана и тоа што учеле доаѓа 5 години постидпломски ако се на време работиш. А некои за 1 месец магистри стануваат и тоа на државен. Така да не се смејте за приватните само. Крш ни станува целото образование...
Сум полагала и преку колоквиуми и преку испити.Јас како вонреден студент имав право на повеќе сесии од редовните и имав право да полагам цели испити,кои редовните ако ги слушаа и во наредниот семестар имаа право само преку колоквиум да полагаат,за изучениот дел од испитот соодветно.Некој ќе помисли дека сум имала голем избор.Не велам не,но полесно е да згрешиш кога изборот е поголем.Јас работев по принцип на планирање ќе видев кои се датумите на целите испити и колквиуми за таа сесија,па ќе размислев како и што да искомбинирам за полагање,ама напоменувам најтешките испити ги полагав одвоени без др.испити во конкретната сесија,за цело време и внимание да го насочам на нив.Англискиот го спремав најбргу и најмалку се трудев да учам,го комбинирав секогаш во најзбиените по распоред сесии. Најчесто,бев успешна во овие комбинирања на цели испити и колоквиуми,ама не велам дека едниот начин е подобар од др.од проста причина што кај некои професори полесно се поминуваше на колоквиуми,а кај др.пак полесно беше да полагаш цел испит-нема општи правила.
Зависи од тежината на материјалот за учење, од обемот исто така, од професорот, од времето кое го имав резервисано за учење! Од тој аспект најчесто потешките и пообемните испити ги полагав преку колоквиум! Полесно ми беше кога испитот ќе биде распределен на делови а и психички бев посмирена бидејќи знаев дека ако не поминам на колоквиумот ќе си се појавам на испит во сесија! За среќа секој колковиум го сфаќав сериозно и здраво учев, па не можам да се сетам дека некој не сум го поминала! Најлошото што може да ти се случи при полагање на колковиум е да го поминеш првиот колквиум а вториот да не го положиш ! И пак ќе мораш да се појавиш на испит и да го учиш целиот материл, значи за еден испит дупло си се мачел! Имаше професори кои не даваа колковиуми и се одеше директно на испит! И тоа има предности бидејќи нема да се малтретираш со еден исти испит 3 (или2,4 и сл) пати (колку што делови содржи испитот)! И исто така испитите се секогаш со полесни прашања, односно најглавното од материјалот додека пак на колковиумите се паѓаат и помалку значајни прашања! Значи полагав комбинирано, некогаш преку колоквиум некогаш преку испит! Колоквиумите ми беа актуелни особено во прва година од студиите, а пак последната година воопшто не се замарав со колковиум, одев директно на испит!
Зависи од предметот пред се, но сепак од колоквиум нема поубаво а и повеќето професори пуштат повеќе на колоквиум отколку на испит
Според мене, полагањето преку колоквиуми е подобро! Имено, професорите инсистираат на интерактивна настава, предавањата се одвиваат во правец на навремено совладување на материјалот, потенцираат можни прашања и се разбира, помалку има за учење. Досега само два или три пати сум полагала на испит, останатото преку колоквиуми!
Се согласувам, искрено да ви кажам немам мн мн искуство со испити, цело време на колоквиуми сум, и е боље ! Ако имаш услови да следиш редовно настава, зашто нели не смееш да отсуствуваш повеќе од три пати а кога ќе видиш тоа иде и у твој прилог, колоквиум ! Освен што се ''стреснуваш'' дупло за разлика од испит, ама тоа е.
јас пак сметам дека подобро е преку испит конкретно на мојот факултет.Имало предмети кои сум полагала прв колоквиум-позитивно,втор колоквиум-позитивно и на трет да ме бутнат за на крај повторно да се јавам на испит Од тогаш одев само на испит а и подобро ми е да одговарам на есејски прашања отколку на класичен тест
Се зависи од предметот и професорот. Лично јас, еве овој семестар на пр, оставив за јунска сесија еден предмет од старт, затоа што имав многу потешки предмети и сакав на колоквиуми да ги фатам. На овој и не му се замарам баш, од причина што знам дека на испит полесно се фаќа, отколку парцијално. Е има некои што неможат да се замараат со испити, па ни за жива глава не доаѓаат на закажаниот термин (од деканат ) за полагање. Од овакви нема полошо
На почетокот мислев дека е подобро е со испити, ама сега сум уверена дека е подобро со колоквиуми... Доцна го сфатив тоа, ама ако до семптември полагам во сите испити, тогаш од 2ра год. ќе се обидам со колокфиуми. Со среќа на сите тие што полагаат во јули.
Позитивната страна на колоквиумите е што ако ги положиш навреме си имаш поголема слобода за распустите. А од тоа поубаво чувтво нема . На мојот факултет вака гледано, многу (и тоа како) се полесни испитите, бидејќи даваат 90% од тоа што се паднало на колоквиуми. Но, со оглед на фактот дека кога ќе завршат колоквиумите ќе мора да си скратиш од слободните денови учејќи, малку ја парализира идејата за испит. Совет: Загреј си се за колоквиуми и мирна главата потоа
Што знам..мене ако ме прашате лично полесно ми е на колоквиуми,ама понекад па зависи и од предметот..се случува на одредени предмети да ми е подобро на испит!
полесно е на колоквиуми материјалот е пократок и за брзо време се совладува а полсе мирна глава цело лето ако исчистич год во јуни ако не цел август во полгање и учење
Нема размислување тука, колоквиуми и точка... не се мрцварам на испити па уште и цела книга - no thanks... па уште и летно време да се печам у Скопје никако... али јбг, затоа па се распаѓам од учење у тек на семестар
Едно големо за за КОЛОКВИУМИ... Од Мај па натаму 4 месеци одмор... подобро од тоа нема, а и полесно е да учиш 200 страни, па 200, отколку сите 400 наеднаш...
Зависно од предметот. Некои предмети се толку е*ано тешки и огромни, што ако го оставиш на испит си се самозае*бал автоматски. И мора на колоквиум да се подели материјалот, да се учи со време и сфаќање. А некои предмети се потешки па да ги полагаш на колоквиум. Тоа се најчесто предметите чиј начин на полагање е пишување, и доколку се вртат прашања.
Јас мислам дека е многу поубаво, а и послесно на колоквиуми. Не знам, но материјалот е помалку. Ете едноставно ради таа причина. Но, не е на сите факултети исто.