Полесно е преку колоквиуми, материјалот ти е поделен на повеќе дела и полесно се учи така. Барем мене полесно ми беше, дали на 304 испити вкупно сум била другото се преку колоквиуми го положив
Нормално дека е полесен и подобар начин со колоквиуми, ама реално тешко дека ќе можеш баш секој предмет да го полагаш на колоквиуми. Јас си распоредувам, ако испитот (книгата) е не толку обемна тој предмет ќе го оставам за испит, ама на пример 800-900 страни кои вака ми се расцепкани на 4-5 делчиња (колоквиуми) треба да сум луда и глупава да ги оставам за испит. Најбитна е организацијата и целта, за повисока оценка секако ќе мораш после да одиш на испит, барем кај мене е така.
Колоквиуми, дефинитивно. Посебно на економски, полагај ја статистиката (500 стр) или економијата (500 стр) на испит, па ќе видиме кога ќе положиш. А за математиката, тоа да не зборам. Мислам оти едни исти скапани задачи решавав по 5 пати и ми се одмиле животов од нив. Затоа колоквиуми, можеш некоја оценка плус да добиеш од семинарска, отколку да се мачиш на испит, каде што е доста потешко. И да, прочитав некаде на почеток од темава дека испит на економски е со 37 прашања. Можеби е, но секако си имаш повеќекратен избор .... што значи, можеш 1, 2, 3, 4 па и 5 точни да си заокружиш. И јас би сакала 60-70 прашања, али само по 1 точен да има и да не мора да размислувам малце логички
Дефинитивно на колоквиуми според мое мислење...Сум заглавила во 1 год. со испити така да не планирам пак, така да колоквиум си е колоквиум...
Колоквиуми многу јасно. Полесно е кога материјалот е поделен. Испит не знаеш од каде попрво да почнеш да учиш
Секако дека колоквиуми, не само дека е материјалот расцепкан, туку во јануари или мај/јуни одиш само за оцена, ама место да се замараш со учење за време на сесија, оди си по оцена, или дај го индексот на некојн друг, и relax... уживај во распустот, а не испити да одиш да полагаш
Секогаш гледам предметите да ги положам на колоквиуми, особено оние кои се со обемен и тежок материјал. Причините веќе ги навеле другите феминки пред мене, да не се повторуваме Штета што имаме предмети кои директно се полагаат на испит без можност за колоквиуми.
Дефинитивно колоквиуми. Полесно е затоа што материјалот е поделен. Нема подобро чувство да успееш да ги положиш сите колоквиуми и да уживаш за време на распустот, наместо да ти висат незавршени обврски.
А ако не собереш доволно бодови од колоквиуми и предиспитни активности можеш да одиш право на испит за цел предмет нели?
Лебетче, изгледа студираш во Штип или на Правен, на другите факултети кога ќе ги положиш колоквиумите не одиш на испит. Затоа и се колоквиумите, за да го поделиш материјалот, да го положиш така поделен и да не одиш на испит. Распрашај си се таму на факс, информирај си се. Јас не знам зошто колоквиумите ги доживувам многу помалку стресно, а високи оцени ги извадив. А за испит сега почнува да ме фаќа паника, учам напоредно и за нив и за колоквиум наредниве две недели и мислам дека ќе скренам наскоро. Мојот глас оди кај колоквиумите - штета што кај нас кога ги има, кога ги нема. Блаже се превртува во гробот, сирот човек, што му се случува на факултетот.
Според мене најубаво е да се полага преку колоквиуми, бидејки материјалот е помал и некако не си под голем стрес бидејки имаш уште една шанса ако се зезнеш. Обично преку колоквиуми се добиваат и повисоки оцени.
Кога јас студирав,а тоа е пред 7-8 год и да сакаш намаше колоквиуми барем на нашиот факултет,цела год. слушавме предавања,а полагавме само во јунска и септемвриска сесија за да фатиме услов за наредната год, пр. ако имавме8 испити, во јуни и септември требаше да имаме положено 6, со -2 испити да запишеме наредна год. Тоа беше студирање,а не денешново,се полагаат колоквиуми секој месец,и сите студенти со 10 положуваат,сите се со факултетски дипломи за само 2 год...катастрофа.....
Порано било така, но сепак и денес не е лесно (мислам на државните факултети) бараат знаење и сепак тие се истите професори што предавале и тогаш и сега.
Јас завршив пред 4 години на Филозофски и тогаш прв пат го воведоа ектс и беше хорор. Полагавме и колоквиуми и на крај испит, учевме по 1000 страни на српски лудило
Секако дека преку колоквиуми ми беше најлесно. Има разлика дали учиш 200 страни или 400. Но некои помали предмети ги полагав преку испит, не сакав да се меткам по 2 пати на колоквиум. Некои студенти учеа комбинации само за на испит кои беа валидни, па со малку труд полагаа многу полесно од нас. Има разлика и од каде си. Ако си дојден од друг град во Скопје, жалосно е да седиш цел семестар и да чекаш испити, а си можел да положиш за колоквиумите и да си одиш дома на одмор.
Досега, да чукнам во дрво,се сум завршила преку колоквиуми. Факт е дека така е помалку материјал во прашање што значи дека можеш и подобро да го спремиш. Но доколку се работи за некој полесен предмет, во иднина може и би одбрала испит, за да имам време да се посветма на некој друг колоквиум.
Мислам дека е подобро на колоиквиуми само заради тоа што по пола полагаме,а испитот е подобар затоа што има помалку прашања.
Зависи, на обемен материјал=колоквиум ама на предмети како што е Современ Англиски залудно е два пати да одиш на колоквиуми со вежби, подобро еднаш и готово.