Еве и јас студирам по нова програма. Секако дека со колоквиумиве е каде каде полесно затоа што цел материјал ти е издробен само ти уште да го сркнеш. Плус ако го паднеш колоквиумот одма имаш поправен со истите прашања (не важи за сите предмети).
Подобар начин е секако со колоквиуми, ма да мене не ми прави некоја разлика, со оглед на тоа што и со положени колоквиуми, имам завршен испит, така да ...не ми бега ни тоа. Ама бидејќи сум учела претходно за колоквиумите и самиот испит после ми е олеснет, веќе поминат материјал, само нешто уште плус што има..
Релативно е, зависи од предметот и професорот. Еве кај нас на ПМФ има предмети каде што на колоквиуми е полесно, на пример на кратки прашања, а на испит е на раскажување. Има и професор што уште на почетокот ни даде до знаење дека колоквиумите ќе бидат полесни од испитот, демек како мало попуштање за оние кои учат редовно. Јас лично, во глобала, подобри резултати и оценки сум постигнувала преку испити. Бидејќи сестра ми е на истиот факултет, уште на почетокот со нејзин совет си ги распределувам предметите, кои ќе ги полагам на колоквиум, кои на испит, бидејќи се борам за висок просек и доколку сите ги полагам истовремено, можеби нема да постигнам задоволителни резултати по сите предмети.
На правен каша попара направија ..и колоквиуми и испити .. А што колоквиуми на заокружување . Цело полагање абе а не бе в Ко дегенче да се осеќаш .
катастрофа е тоа правилот задолжителен колоквиум задолжителен испит, нема поени на есеи вежби проекти.....ако за нешто не ми е криво што избегав од правен тоа е поради таа причина. барем сега на другиов факултет се ти е признаено.
На медицински сакал , нејќел мораш на колоквиуми ( од секој предмет по 30 % освоени поени треба да имаш, не знам дали и на другите е така ) , и си имаш завршен за секој случај да не ти е досадно ако си ги положил колоквиумите , а ако не ги положиш ги полагаш со се завршниот .
Мене незнам зошо ама полесно ми е на испит. Не викам за сите предмети, ама за повеќето да, сакам да сум на испит, иако се полагам колоквиумски. Сум имала до сеа ми се чине 4 испити од кои два ми беа стварно и граѓанско право и мене убаво ми бесе на испит, шознам.Додека пак меѓународно или право на Еу да останев на испит незнам шо ке правев. Ама по некако ми се свиѓа цел испит. Бар наеднаш, тогаш цел предмет си го учиш и готово
Дефинитивно колоквиуми според мене. Значи полагаш прв и втор колоквиум и ти оформуваат оцена. А сега како направија, полагаш прв и втор колоквиум и плус завршен испит. Значи ние џабе одиме на колоквиум кога секако си одиш на испит. Ова воопшто не ми се допага
И според мене е подобро на колоквиуми.Доколку го паднеш 1 кол.имаш поправен кај некои професори е така и ти формираат оценка од редовност,активност,семинарски.
Кај тие предмети што не смениле прашања од пред 10 години, дирекно на испит Кај останатите, пробај си среќа на колоквиум, па ако не, ќе си научиш за испит
Колквиум,плус усно испрашување со влечење на три прашања. Мене искрено,испитите секогаш ми беа полесни,него ли колоквиумите кои ми беа жив давеж и тоа, испитите на раскажување,а не заокружување на одоговори. Од дистанца, многу повеќе ја знам материјата од тие испити каде требаше да раскажам и објаснам,него ли што учев за оние со заокружување каде мораше да се учи на памет. Ако се прашувам и тогаш и сега,тврдам дека треба да има колоквиуми,плус усно испрашување, само што професорите немаат нерви, ни време, ни желба за такво нешто. Деградиран е поимот професор, сите се митаџиски, подмукли суштествија кои ја срамат професијата,а со тоа не постои нешто што може да се нарече студент во права смисла на зборот и затоа има една тестеста маса која учи колку да помине. Навистина не би имало простор да се прашуваш дали некого го бива или не и бога ми тоа ќе биде еден филтер дали некој ќе се упише на факултет,односно дали ќе може соодветно да се покаже на истиот. Излегуваат студенти кои не умеат логички да размислуваат,ниту да срочат една проста реченица во врска со некој проблем кој го бара нивната професија. Мислам ме фрустрираше кога гледав кои личности тепаа јаки просеци,а што се вели, немаат вода во очи, ниту пак поим немаат од она кое го учиме. Односно, ќе го набубаат, ја знаат теоријата, но во пракса би биле ужасни соговроници, работници и решавачи на проблеми... Мора да се создаде еден таков филтер.
Kај нас не постои поправен колоквиум, зборам за 1, ако ти е положен 1, тогаш и да го паднеш вториот, пак си полагаш само за 2, иако го пријавуваш како испит Hема кај нас усно одговарање . 3ависи, сепак мислам дека со колоквиум е подобро, но, многу каснат со материјалите, и ајде да те видам за 1 месец научи ти пола анатомија
Според мене, усен испит најубаво. Ќе си го научиш фино материјалот, ем ќе ти остане во сеќавање уште долго, а не вака после колоквиум како се да испарило. Прашањата на заокружување не се БАШ НИКАКОВ показател за наученото! own: :geek:
Според мене зависи за кој предмети, еве денес полагав англиски и искрено не знам како е подобро дали на колоквиум или на испит, сепак за некој пообемни предмети подобро е колоквиум, можи да е и усен, како што кажаја феминките погоре, сепак материјалот останува повеќе во главата и поќе време се памти. Меѓутоа се е писмено и премногу е олеснето.
Полесно е преку колоквиум, барем за мене. Сепак има луѓе кои поубаво се изразуваат усно и така доаѓа до израз нивното знаење, па испитот за нив би бил некоја предност. И да искоментирам, прашањата на заокружување па баш и не се игра на зборови. Има многу термини кои се слични како зборови, ама имаат сосема различно значење. Јас овие баш така ги паметам подобро, преку заокружување. А и зависи од професорот, се случувало кај мене прашањата што ми се паднале на прв и втор колоквиум на раскажување да ми се паднат и на завршниот испит. А истиот тест е и за оние што не успеале да земат преку колоквиум, па одат на цел испит. Кој ќе ти прави посебни тестови за завршен и за цел испит Па сега видете вие...
Дали може да се преполага испит, ако веќе претходно си го положил и си зел потпис и оцена? Дали некој од вас преполагал? (не ме бришете не најдов посоодветна тема)