Нормално дека е полесно со колоквиуми, помалку материјал е. Но тоа не значи не сум паднала на колоквиум. Често на цели испити одам.
За мене полесни беа колоквиумите бидејќи поделен ми беше материјалот на помали делови. Имајќи во предвид дека јас завршив на еден од потешките технички факултети, секогаш за полагање имав и теоретски дел и задачи и материјалите секогаш беа преобемни за да се полагаат наеднаш. На мојот факултет немаше колоквиумска недела туку колоквиумите си ги договаравме со професорите кои беа навистина фер и коректни и секогаш ни излегуваа во пресрет. Најчесто предметите имаа по два колоквиуми од кои првите беа некаде на средината на семестарот а вторите на крајот.
Полесно ми беше преку колоквиуми, само кај мене немаше поправни колоквиуми туку едноставно ако го паднеш си одиш на испит.
Mene mnogu mi e polesno na kolokvium, od ednostavna pricina sto kolokviumite se na pola materijal i plus gi polagam pismeno. Sepak na pismeno sum posmirena imam vreme da razmislam, da se setam...a na ispit usno si se tresam :/
Кај нас има можност ако го паднеш првиот колоквиум, да одиш на вториот и да ги полагаш двата, или да го полагаш само првиот па кога е испитот, вториот дел. Нормално дека е многу поубаво да си завршиш работа на помал материјал, ама мене скоро секогаш ми останува за вториот колоквиум или зошто ме мрзи одам директ на испит. Тогаш знам дека веќе ми е јајцето под газ, и морам да се стегнам и да научам зошто не сакам да полагам во јуни. Така што полесниот начин е преку колоквиуми, ама јас по се изгледа секогаш завршувам на испит.
Мене испитите ми беа полесни. Поопшти прашања има на испити, повеќе материајал е и се бира поопштото. На колоквиуми имаше многу ситници. Испит ако положиш баталуваш предмет, раат си, кај колоквиумот продолжуваш да учиш иста проблематика.
Здр не знам во која тема да прашам ама ми треба совет, што би напраиле? Кога ви треба услов да запишете семестар... Слушнав од колеги некои се молат професорите да ги пуштат.. Некако во тесно сум, ми се собраа многу испити, совет,сакам да си го завршам факсот ми значи многуу?
Дали некој знае како се пријавуваат испити на iknow? и дали тие положени од колоквиум исто така се пријавуваат?
Најави се на iknow, пребарај, имаш опција пријави испити, се штиклираат само и идеш пријави, знам дека ги пријавуваш сите, не мора само тие што планираш да ги полагаш. Нема врска тоа со колоквиумите, се пријавуваат предметите како испити во конкретната сесија без разлика дали е положен на колоквиум.