Prvoto mleko.Najhranlivoto.Se laci uste vo bremenosta.Najzdravo e novorodenceto toa da go cica.Jas piev apcinja so kolostrum za imunitet
Мами и мене изгледа ми се појави колострум. Веќе неколку дена забележувам флеки по елечињата и маичките, но само од десната града. Нормално ли е само од едната града да ми потекува?
Мешиња во поодмината бременост, каква боја ви има колострумот? На почетокот ми беше млечно бела, а во последно време е портокалова. Не треба да е жолтеникаво?
Па тргнало накај жолто да стане, инаку е светло проѕирно жолто/портокалово... и мислам нема правило да е исто кај сите само ти тече?
Јас па ни првата бременост немав ни оваа немам.. иако оваа бременост кога ја почнав уште имав млеко (иако не доев 1год, не ми секна), сега кога видов дека си ја активирала темава се стиснав и нема ништо алелуја, а ми шприцаше млеко хаха Нема потреба од грижи каква боичка е, битно е после пораѓај да го има
Па и немора... со синчево немав во бременост ништо, 3 дена после раѓање ни колострум, ни млеко имав... и ми надојде наеднаш еден тон да се чудам што да правам, градите вени цели ми беа и мастит си добив дури...
Јас имам многу мали гради, само брадавица и ареола ми се, дури и се чудам што уште во 5ти месец почна да ми тече колострум.
Може поради тоа.. не додржуваат хахаха се шалам секако... нема врска големи мали со колострумот, има нешто најверојатно со хормончињата...
Приметив вчера (дека пишевме овде) дека имам на градите нешто како грутчиња не знам како да објаснам жолто ко лепливо појма немам што е густо е ама не ми го валка прслукот
Иста сум и јас Мали гради а пак ми се појави колострум, посебно од десната града, од левата само 1 до 2 пати имам забележано по некоја ситна точка на маичката и тоа само кога спијам навечер ми потекува , така немам приметено.
Неќни кога си легнав почувствував мокро на пижамата кога гледам волкава лочка колострум, жолто портокалова боја. Се свртев на другата страна и од таму почна да тече, ама помалку. И кај мене од десната града повеќе ми тече.