Може да ти дојде 2,3 дена после породување. Не значи ако сега немаш, дека и понатаму нема да ти дојде.
Дали ви тече по една капка колострум? Јас сум 24+ и до сега откако влегов во второ тромесечје може 5-6 пати си приметувам на маичката по дома што си носам жолто кругче големо ко 2 денарка...дали и вие имате?
Мене почна од кај 26та недела да ми тече. Некогаш примерувам капки на маичка, а некогаш на брадавицата закоравенко жолто. Пошто сум со краток цервикс испаничив да не е знак за порагај, ама гинекологот ми рече да не се секирам воопшто дека е нормално. И на нет што читав, после 4-5 месец може да се појави, а може и воопшто да нема. Сестра ми на пр немаше воопшто а беблето после тоа одма цице си фати, и еве до 6ти месец неѓа гајле
До пред некое време само ми течеше, овие денови забележав дека нема ни капка, а ниту на брадавиците има остатоци. Страв ми е дека ќе немам млеко. А што убаво си течеше
Кај мене течеше многу пред пораѓање, и пак тешко ми дојде млеко, дури по 10 тина дена и пак не беше доволно. Купи си чај за доилки од Хип помага многу, и одма по пораѓање да пиеш многу течности и сок од јаболко.
Немој никако да си правиш вакви стресови. Опушти се. Јас воопшто немав пред пораѓај па на третуќ ден нормално си надојде млеко. И од тогаш наваму сум обавезно со влошки за гради. Бебе цица од една, од другата тече млеко.
Исто како @Ano пред пораѓај ни капка немав, третиот ден веќе имав млеко. Сега и јас се шетам со влошки за гради. Не се преоптеретувај. Јас на болница пиев многу вода и сок од јаболко.
Od pocetok na 7mi imav skoro sekoj den. Sega sum pri kraj na 8mi i okolu 2 nedeli nemam voopsto... Ne znam zosto vaka, se nadevam ne e znak deka nema da imam mleko koga ke se porodam. Ima nekoj so slicno iskustvo? Se mislam caj za doilki da pocnam da pijam odma stom vlezam vo 9ti...
И јас бев така, имав, па ми снема, но после пораѓај пак ми дојде. Не значи дека ако сега немаш, кога ќе родиш исто така нема да имаш. Кога ќе родиш ќе ти надојде. Остави го чајот за после породување.
Се ќе си дојде кога треба. Нема причина за грижа. Кај некои и неколку дена по пораѓај доаѓа млеко. Нема потреба да си ствараме паника.