спас од комарците !!! Вакви ќе си купиш, по едно во секоја соба и нема да припарат ни до џам, само ќе ѕирнат и штрафта ќе фатат Не озбилно, многу се ефикасни, (бар кај мене) комарец не ме каснал со овие 2-3 лета веќе... Се уклучуваат во штекер цела ноќ, испуштаат некоја миризба што ги зашеметува и ги брка комарците, за нас не се осеќа и не е штетна
би купила ја тоа него надвор со мене да си ги носам не озбилно ама паа стварно ме јадат ептен сум им омилена
И јас сум им миленичка на комарците, цела ме јадат ! Го мразам самиот звук ,,зззззззззз,, на уво, а уште повеќе ги мразам црвените пулови по телото од комарци! За по дома како заштита од досадните комарци користиме апаратче Raid и ефикасно е! За на надвор единствено што помага е некое средство за мачкање против комарци (во аптеките има а јас го заборавив името) Комшиите пак си имат ставено црвена сијалица на балкон и тврдат дека на таков начин си се заштитуваат од комарци (бегале од таа светлина ) Дали е вистина тоа врска немам Ем романтика ем забрането присуство за комарци
Абе и јас го купив ова за на одмор у Грција, па пак ме изедоа комарчишта. Овие грчкиве може се отпорни на Рајд Него има некое појако вакво средство за во штекер?
Да не треба да се премести темава? Иначе јас за надвор користам едно како рол-он сапунче е, има пријатен мирис со екстрат од алое вера и помага. Името... Не му го знам, коа ќе ми текне ќе ви кажам. Спојлер Death ту д комарци. ХА
Лани имав преку 20 убоди од комарец, се искинав од чешање. Откако се видов на што личам, трчнав до аптека и си зедов Аутан стикче и пред излегување се мачкам со него, за да не ми се повтори тоа.
Токму така, аутан е лекот Малава моја не да ја јадеа, партали ја правеа ...и сега ја мачкам со аутан и подобро е...не дека не ја каснало комарче, ама каде каде убодите се помалку И за во штекер Раид помага бегаат...ишшш...бетер од муви се досадни.
Леле порано,ко помала колку бев смотанка. Гледав на телевизија за маларија,нели комарциве ја пренесуваат.Абе знаете,немав спиено 5 дена,бев кај баба во село, и таму многу ги има. Цело време дремев и ги тепав, ѕидовите џоа у Ирак се наоѓаш,крвотници цели. И така ми кажа баба ми дека овде нема маларија,и ги оставив да ме касаат. Туку,овие Раид,ептен се јаки,ни к од комарец нема кога го имаш тоа дома.
да напоменам дека се добри и за муви,(Ако не сте знаеле), дента те штита од муви а навечер од комарци
Гледам ги има повеќе, а кој аутан каков е и за што служи, од кој сте најзадоволни предложете ми од кој да си купам пошо цело тело ми е источкано од овие досадни комарци Спојлер Да им се плукнам колку ги мразам, не бираат дали фаца, раце, стомак, нозе па кај ме нашле и на г.з
Потполно се согласувам дека најдобро нешто против комарци е Аутан, е може сега не мирисаат нешто нај нај ама доста корисни се ...... пупупу да не се урочам ама веќе извесно време не сум видела комарец, тоа е дека секој ден од оваа недела прскале против комарци и да да има ефект
Јас го користам тој првиот што е на сликата спрејот. Лесен ми е за нанесување, едноставно се напрскаш и комарците бегаат, не касаат . Било кој да земеш нема да погрешиш затоа што навистина е ефикасен Аутан
во Мк ме јадеа обавезно ама овие по културни некако беа те јадат секунда и бегат,ама овие овде во Сло ауууу абе по 200мл крв цицат на едно апнување,ренде ме прават...и да во стан ги нема секаде сме обезбедени во собите ама кога ке излезеш уф катастрофа...