Не најдов друга тема… Имаме мали ситни мушички (не се комарци) ама касаат многу навечер внатре. Раид за во штекер не помага… Дали сте имале ваква ситуација и дали има спас?
Здраво, дали некој го користел спрејов против комарци на Брос од Стокомак? Аутанов некако скапичок го направиле, а па овој многу ефтин и незнам дали е квалитетен.
Земи си од frezyderm поефтин е од autan, а е поефикасен, да не го платиш овој од стокомак за џабе, а ќе додајш уште 90 денари за 50мл
А дојде летно време а комарциве ме прават пепел, секаде буквално секаде сум искасана и не можам никаде да се фатам буквално секаде ме чеша. Дали има некое чаре и како да спречам да ме касаат? Дали да се мачкам по 100 пати со аутан или да ставам нешто дома?
Пробај со алка, има по аптекиве. Не знам само колку е ефикасна. А дома не би требало да имаш комарци, комарници и кај нас нема. Мене надвор знаат да ме искасаат затоа што знам да заборавам да се намачкам аутан.
Вакво едно земи си за во штекер, не е токсично за миленици. Откако го ставив, комарец нема припарено низ дома. Го има во Енци Менци.
Дома не сум сигурна дали имам затоа што имаме секаде комарници ама ќе го купам за сваки случај ако ги има идиотскиве бубачки. Страшно се нервирам секаде сум испокасана. Абе и колку е ефикасен, три пати искачам да шетам куче и мачкам аутан ама џабе ќе да е, секаде сум искасана.
@bookslover тогаш алка земи си, повеќе штитат од Аутан. Има во ДМ и едно мало тубиче како рол-он, тоа ми се покажало многу ефикасно и не смрди како Аутанот.
Пред некоја година имав земено едно жолто, ич не ми текнува дали беше ова или тоа на Аутан ама беше доста ефикасно и стварно штитеше, раат бев од комарци. Дома имам Раид апаратче.