Комарци Значи колку што го сакам летото, толку НЕ ги сакам комарците. Женско што може да ти направи освен цицање на крв?! Абе еден комарец да е на планетава и да е гладен, мене има да ме најде и ќе ме касне, ете колку ме сакаат. Требаше да ме стават у по некој вампирски филм, да не биде за џабе крвта што сум ја дала недоброволно на летечкиве вампири...бррр. Им правам една финта. Кога го гледам дека ме каса, му правам контракција на мускулот и го следам комарецов како се гуши, односно не може да ја извади боцката, осилото што и да е чудото и си умира Кој садизам а? Инаку само Аутан ме спасува, други ништо ама па после сум лепкава и никаква. И најмногу се плашам кога ќе наврне во лето, затоа што одма ми текнува дека ќе се размножат крвавиве чудовишта
Единствено нешто што ми пречи во лето се комарците. Подосадни инсекти од нив нема. Особено мразам кога ќе легнам да спијам и кога некое од нив ќе почне да ми зуи, па заради нив цела вечер останувам без спиење. Сега во мемонтов цела сум искасана. Користам Аутан и доста е ефикасен, ама кога ќе заборавам да ставам, тешко мене.
аааааах тие комарциии да можам сите до еден би ги убила навечер од нив раат нема поише шамари самата на себе си акнав него шо ги имам шлапнато нив,цели нозе ми се изедени срам ми е кратко да облечам
Знам еден многу ефтин лек за комарци: Го зимаш комарецот, му ставаш 2 лажици кафе у уста, го пушташ. И после неколку секунди паѓа.
Eбати слатката крв што ја имам, ми ја земаа цела крв, крвопијци едни! Многу ве мразам бе еј Да не смее човек до сијалица блиску да седне, одма напаѓате! СМРТ ЗА КОМАРЦИТЕ !
Бела сум и комарциве секое лето парче ме прават! Што се не пробав више не знам како да се заштитам..еве вчера на пример цела ноќ не ме остави на раат еден комарец..баш до мајка ми спиев во креветот а таа ни да го осети,тој се навртел околу мене!!!!
Ние, си имаме ставено мрежи на прозорците. Внатре има, ама само во ВЦ, зашто нема таму мрежа, ретко искача некој, ама затоа коа ќе искочи станува плескавица. А и од други досадни инсекти се имаме спасено. Супер ми е. Само надвор ме касаат бре, злоби. Малку се чешаш, лево десно, и забораваш.
Многу се досадни овие суштества . Ако сакаш да останеш буден доволно е да имаш еден комарец во соба. Ке ти зуи цело време и на раат нема да те остави За да ги нема во соба ке уклучам Raid и лакше се дише
Ме интересира дали некој го користел овој последниов производ на Раид како фенече. Внатре се пали свекичка со спирала. Пишува дека едно полнење дава заштита од 4 часа. Чини околу 330 и ми се чини дека е скапо за вретраењето на заштитата што ја нуди. Користел ли некој?
Леле ме уништуваат. Којзнае кој по ред ден е да не спијам заради нив. Многу ме касаат. Имам слатка крв. Ми помага ако се намачкам со едно грчко средство против комарци. Лоштото е што има премногу лош мрис,инаку е супер ефективен. Ако не сум намачкана и ме испокасаат,на убодот ставам гел фенистил и одма престанува да ме чеша или замена за него ми е Синопен (пред некое време ми го препорача една аптекарка). Го немам уште испробано асално. Си имам искуство јас со комарциве, мрежи,уреди за нивно брутално уништување со светлина и се тоа. Ама салата ме прават. Едно лето имав 20тина убоди.
Комарник на прозорците е спас само за овие напасти. Нит Рајдови, нит бутури, ме јадеа секоја вечер и тоа највеќе на капаците од очите и на ушите, бог да чува. Сабајлето кога ќе станев како нокаутирана изгледав. Само мрежата ме спаси ова лето.
Стар бабски совет.Покрај отворенит врати у прозорци ставете саксија со буен босилок.Помага ,но далеку од тоа дека нема ниеден да ви влезе во соба.
Гледав на телевизија за маларија,нели комарциве ја пренесуваат.Абе знаете,немав спиено една недела кога, бев кај баба во село, и таму многу ги има.
Кај нас дома и низ зид уште малку ќе почнат да влегуваат! Не помага ни Raid ни ништо . А по мене највише се вртаат .
Мене ме касаат, ама не ме нервираат посебно. Издржувам да не се чешам, и брзо ми поминуваат. Не сум спремна да се шприцам со аутани, да сравам рајд по штекери и да палам спирали, да затворам прозорци, и да не палам светло. Нема проблем, нека ме чеша. Син ми се чеша, и му сатнуваат огромни пликчињата, ама му ги мачкам со камагел, и брзо му поминуваат, за 2 дена како нов е. Него и со аутан го шприцам, прилично е чувствителен, големи пликови му се прават дури и да не се чеша.