Дојде октомври и уште ги има. Топлото време си го направи своето, иако ми одговара што беше топло, само они не ми одговараат. Вчера прскаа пак против комарци, за прв пат дури во октомври ама не му верувам на прскањето зошто како да ги има уште повеќе после тоа. Дури кога ќе падне температурата ќе ги нема веќе. Статистички комарец е животиња од која умираат најмногу луѓе во светот поради тоа што се преносители на болести .
Око не склопив цела вечер од овие летачки крвопијци Цела вечер се бркам со нив, па не е фер, ме испокасапија целата сум со отоци. Имам такво за у штекер од Баер ма не помага, изгледа под прозор имам мочуриште. Дали некој ставал мрежичка на прозор и каква? Гледав нешто по нет имало мрежички премачкани со средство против комарци, има ли кај нас такво нешто? Плисс хелпппп
^ Ние имавме купено ама дури од Гостивар, со лепенка или чичек трака беа нешто така, и се лепеа однадвор на прозорот. Навнатре си го отвораш, а однадвор си стои мрежата и не ти влегуваат никакви бубачки. После ги сменивме и си нарачавме рамки со мрежа, пластични и лесно се монтираат на прозор и на една врата (со магнети). Забарикадирани сме максимално кај нас има мн комарци надвор Може по нарачка да ти направат. Чичко гугл овие ги нуди http://www.rolomatik.com.mk/products.php?id=37
^фасцинирана сум од поимот ролокомарник искрено не знаев дека има и такво нешто, денски отвори приквечер спушти и готово. Инаку барав денес на пазарче мрежички има ама нигде не нудат заедно со лепенка, нешто едноставно да го залепам на рамката, пошто е алуминиумски прозорот...баш ќе видам за ова ролокомарникот во аутоматик-роломатик фала многу кравче.
За среќа, дома немаме комарци. Кај свекрва ми во село има, ова време. Кога и да отидеме таму, цели сме отечени од комарците.
Зелената точкица се троши по тоа ке видиш.Па го менис само тој дел посебно се купува Не е многу економично но е многу ефикасно Јас го користам 4 лета под ред само за да не пијам лортадини,алергицна сум на нив па затоа.Инаку би зела несто сто е по долготрајно,се троси некаде од недела ипол до две
Досегашните истражувања укажуваат дека комарците повеќе ги привлекуваат мажи отколку жени, но и бремени жени, лица со крвна група 0, лица со високо ниво на холестерол и со прекумерна телесна тежина, лица кои консумираат пиво и лица кои носат темна облека. Мислам дека овие напасти ништо не може да ги спречи Но за да се ублажи чешањето на местото на убодот направете Х со ноктите или измијте го со алкохол. Исто може да се користи и алое вера и мраз.
Редовно се мачка со аутан но незнам колку е точно прееска слушав некаде дека комаерц каснал жена и умрела
Колку ги мразам.. да е еден последен на светот мене ќе ме касне инаку и јас се мачкам со аутан (стикот) а во соба тој апарат со таблети против комарци...
Мене пак,верувале или не во цел живот 3 пати ме има каснато комарец Бегаат од мене Инаку,и јас имам слушнато дека доколку на местото на убодот направиш Х со ноктите колку толку престанува чешањето,само не знам колку е ова точно.
Од години не сум касната од комарец, што е работава незнам , но зуенјето какво е, во црева ми рошка, ваква сум ко ке има комарец во соба
Ноќеска се намачкав со аутан, а комарец имаше во собата, намерно не го бркав за да видам што ќе се деси....и не ме касна. Јеееее значи го бива аутанов
Што одвратна крв ќе имав бре,ме нема каснато комарец кујзнае од кога. Пред недела дена бевме на викенд во Дојран со другарка,се враќаме,нејзе цела ја имаа испокасано,мене ниеднаш Не знам што е работава....