За каснување /полазување од секакви инсекти користам гел КАМАГЕЛ. Досега , не се појавил за мене подобар.
Аман од нив секаде ги има Цели раце и нозе ми се од што ме имаат штипано, многу ме сакаат бе. Па и некои ми отекуваат, ем ме чешаат ем ме болат Една рана ја напраив од што ја чешав Не, озбилно не се трпат, вечерта со тенко кебе спијам за да не ме штипат, ни аутан не помага ни раид ни ништо.
Најмногу што мразам се комарците. Во Дојран порано ги имаше многу. Сега демек прскаат ама пак ги има. Не сум заспивал дур не го убијам последниот што лета. Комшиите ме гледаат дека скокам на кревет и мислат дека од радост скокам, а устари јас од мака. Ги тепам комарците.
Не знам што е со комарциве годинава или само мене ми се фрлиле. Аутанот дефинитивно не помага. Секоја вечер ме касаат, ама ноќеска беше рекордот. Сега броиме со колешка, имам точно 25 убоди по цело тело и тоа голем дел се огромни тврди кругови кои веќе и болат, а не само да чешаат. Камагел мачкам и се чудам како ноќеска ќе ги преживеам. Што освен аутан? И да напоменам, не знам што е сменето кај мене, ама очигледно е, до лани ич не ме касаа, ама годинава масакар ме прават за сите години уназад... П.С. И како за инает имам убоди и меѓу прстињата на рацете и нозете, на самите дланки, годниот дел од дланката...буквално денес дланките ми се потечени целите од убоди. Јас вакво нешто не сум видела...
Leleee zemav sprej za malata ama gabe zemav autan za mene isto kako da nema se navrlile na nas dvete.
Леле луѓе и јас исто, целата сум лом. Среќа синко уште не е искасан, го мачкав со Chico кремата, па веројатно делува. И јас ке почнам да се мачкам, аутанот за ништо не вреди. Станале имуни комарциве. Во Дојран како е со комарци годинава знае некој?
Лилит, а со ливче босилек да се намачкаш? Од свеж босилек помини си по телото колку да остави мирис и чувај си саксија босилек во соба. Пред спиење само растреси го малку да пушти миризба. јас имам на тараса во секоја саксија со цвеќе + босилек и комарец не ни припарува дома.
Абе босилекот не го ни рачунам. Имаме босилек, ни тоа не помага. Вчера со ливчиња се триев дури. Цел ден се чешам. Јас не знам какви комарци се овие. Друг пат и да ме каснале, до сабајле ништо нема, сега тврди кругови што чешаат и болат имам, а и пулсираат и покачена температура има на местата. Гадинки. Купив сега раид за во штекер и се надевам нема да ме нападнат вечер.
Уф јас не поднесувам такви средства што се ставаат во штекер, а и многу се штетни претпоставувам знаеш... A дечко ми на тараса има од оние светилкине со неонка што се и со мрежа што се лепат и горат комарциве на нив, абе гледаме и незнаеш колку различни видови комарци се лепат, којзнае какви се не ги има... Е сеа он е во Центар и таму се поконцентрирани некако и поради близина на Вардар најверојатно, а јас сум на Водно па кај мене не ни има толку и од обичен босилек бегаат. Луѓево што ги знам што живеат низ центар баш како што кажуваш се искасани, јас се чудам еве годинава ме нема каснато комарец... Којзнае какви се измутирани... језиво.
Јас имам како тениска палка, мамичето нивно вечерва ги испогорев. Порано ми беше жал, ама сега како пукаат од струјава на палкава...музика за моиве уши.
Има и бекутан средство против убоди. Јас го користев и ми се допаѓа. Има далеку попријатен мирис од аутанот и чим мене не ме касна комарец ( а јас сум им секогаш мета) значи и ефикасен е