Секоја година сум била мета на комарци ама оваа година не можам да се пожалам ,само 2-3 пати ме има каснато и мало чешање ,утредента веќе ништо нема
И мене решето ме прават секоја година, а оваа година особено. Мислам дека од кога ќе прскаат повеќе ги има, како контраефект да има прскањето.
Шилегов вика дека повеќе комарци имало после прскањето затоа што прскале и инсектите, комарците итн. искачале од местата каде што се скриени. Тоа што имало комарци повеќе било показател дека е прскано.
Мене лом ме имаат направено. И моите се лом и другари другарки вака што комуницирам сите сме испокасано.Ни Аутанот не помага што е најтрагично.И надвор кога сум ставам уште еден слој и џабе. Во соба имам на секое ќоше босилек ставено да ги брка
Не најдов друга тема за комарци. Што ефикасно користите за да не ве касаат? Деновиве лом ме направија, а тек цело лето што следи... Летно време не можам ко човек да излезам, се враќам дома со тон убоди на мене од комарци. Не знам што ефикасно да си купам, да ставам за да бегаат од мене. Ама нешто што не би мирисало премногу за да е ефикасно и за излегување. Пошо имав некои порано такви за мачкање, ефикасни беа ама и тежок мирис имаа многу, надвор не само комарци и луѓе ќе бегаат да го имаш на себе тоа, па да си најдам боље решение.
Јас по 2 -3 спрејови Аутан трошам на лето. И неколку туби синопен.Некогаш со цитиризин завршувам а еднаш и до брза помош стигнав.Огромни пликови ми се прават. Незнам поефикасно нешто.Сега зедов од Стокомак некој спреј ама слабо ефикасен ми гледа.
Аутан стикче. Не ме касаа до пред 2-3 години кога на одмор ренде ме направија, па откако ме направија ренде си купив раид за во штекер и аутан. Пред 2 недели заборавив на регијата измеѓу хеланка и чорапчиња да се намачкам, 0.5цм месо голо имав и нормално ме изедоа.. Алка од убоди имав. И кај мене не се прават пликови веднаш, туку дури после 2-3 дена. Еве сум уште ми стојат ко сипаници да сум имала
Јас ептен нежна кожа имам, па цела сум со црвени пликови и по 2 недели некогаш не проаѓаат. Се мислев за Аутан, имав користено еднаш, но не знам зошто не памтам дали не ми беше ефикасно или што беше проблемот. Ќе го купам, па ќе видам. Ако не друго нешто ќе се бара. Фала ти.
Женски кажете некој спас од комарциве, бидејќи ноќе веќе не се спие од нив. Алките јас ги гледав во Зегин, но дали се ефикасни? Исто така кој спреј е најдобар?
девојки значи летово само што почна а мене инсекти ме направија касапана буквално што да мачкам за флеки да не ми останат пошто се чешам мн
Мене досега само аутан ролонот ми помага ама и тоа одредени саати нормално. Само шо ми е мака да се шлакам на секое излегување навечер (и не само јас и децата и ексик, денски заштитни фактори ноќе аутани ) од глава до пети. Се мислам за алкиве и јас во зегин ги гледав, ќе му се пробам пошто не се скапи па ќе пишам. Ко не прскаат против комарци идиотиве тоа е..