мојто омилено парче облекаааа ... ногу често носам комбинезон, убаво се осеќам коа ги носам а и аресам се как ми стојат Ако сте високи и неможете да си најдете бројче оти не идете кај шијачка и ке ви скрое, ем вие ке си изберете моделче, боичка и така на там ем поефтино може да излезе и така, на секоја девојка убаво стојат комбинезони позз
И јас ги обожавам,имам еден за по свадби,веридби од Шутка 700 ден. пери,носи не се гужва душа му извадивсрам ми е веќе да го носам,само го комбинирам со разни салонки. За секој ден имам два,еден од Калиопе пред две години околу 1 000 го убив од носење,лани земав црно бел од Вајкики не ми прави мн мерак се прават "коленици" ама го носам. @crimson колку си висока,јас сум 175,плус земам најмал број,некаде над глужд се ама не ми пречи.Во Бершка пробував до под колена ама не ми се допаѓа како стојат.
Ги обожавам...Имам еден свечен,значи прекрасен е.Го видов на излог,околу 1000 ден беше и веднаш си го купив.Продавчката се смееше дека поубаво на мене стои,него ли на куклата.Многу убаво ме исцртува и ми ги покрива сите недостатоци,едно од омилените парчиња облека.Сега пред некое време си купив и друг,црн со бели точки,на прекллоп.Добив и тексасен на подарок.Сега сакам и еден бел,краток,за летово.Добро е што можеш да ги комбинираш и со салонки,сандали,патики...Ја издолжува фигурата,едноставно на секого добро му стојат
Најлесна работа за кога немаш време или нерви да се мислиш што со што да искомбинираш Плус, има толку различни модели, секојдневни и посвечени, што изборот е неограничен За секојдневно носење бирам да се од лесен памучен материјал, долги ногавици ако треба да одам на факултет или негде каде сепак се бара пристојност, или кратки за обични летни прошетки Пред околу два месеци барав да купам фустанче, не најдов, и на крај случајно налетав на овој комбинезон од Страдивариус и апсолутно се заљубив: материјалот стои прекрасно на тело, со кратки пантолончиња е, но напред е на преклоп па дава илузија дека носиш фустанче; топ за вечерни и посвечени излегувања
купив едни комбинезони и многу се убави и убаво ми стојат ама јас сакам да ги однесам на шнајдер и да ми ги стесни зошто мислам дека поубаво би ми личеле потесни што мислите?? инаку би ги стеснила од коленото надолу
Зависи од каков материјал се. Ако се како на @kala21 што ги има погоре постирано- да. Ама ако се од тој лесниот материјал- не