Коментари околу вашето доење

Дискусија во 'Бебе' започната од Fleur-De-Lis, 3 септември 2019.

  1. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.523
    Мајки јас дојам еве веќе повеќе од година и пол, и верувајте нема ден да не слушнам на своја сметка коментари, па и уверувања да престанам да дојам, дека на долг рок ми штети, детето ќе станело премногу зависно од мене и други непристојни сугестии и коментари, што ме наведува на размислувањето како една природна работа како доењето може да им пречи нив.
    Сметам дека доењето е лична, индивидуална работа околу која не би требало да се коментира. Дали вие се среќавате со вакви личности, и како реагирате на таквите коментари? Јас лично им викам, тоа си е моја работа, не се коментира за тоа.
     
    На crazylady, Milaаа991, pianogirl и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Marmarin

    Marmarin Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    6.756
    Пол:
    Женски
    Јас доев многу кратко, кога се префрливме на Ад почнаа коментарите, "вештачко било, мајчиното било златно, готово бебето сега ќе е само болно...", не ни памтам веќе какви не коментари добив. На никој не му беше гајле причината за таква одлука. Прво плачев и се нервирав, после сфатив дека не вреди, важно детето ми беше смирено и најадено.
    После почнаа други, "до кога ќе му даваш вакво вештачко, само даваш фрлаш, кој знајт какво е то, поубо од домашно нема..." е да врзам крава во дворот и да ја молзам. :@ Одма реагирам и им викам "до колку шо Јас сметам дека е доволно, вие не ми давате пари и не смејте да се мешате".

    Од друга страна сестра ми го дои уште и се соочи со истите коментари особено од тетка ми. На почетокот беше "Шо било то цел ден да цица, па после доста му даваш да цица, голем е, млекото не ти е убо појќе само вода, јас до 9 месеци им давав...". Ако таа има деца си мисли дека е сезнајка и си зема право да се меша во туѓи деца. А колку погрешни работи правела, почнувајќи од кравјо на 2 месеци (на тие шо не ги доела) доволно зборува тоа.

    Многу се нервирам, нема такво правило до кога и колку треба да се дои детето. До колку сакаат до тогаш, шо има да се мешаме.

    Муабетот ми е, вака или така обавезно ќе се најде некој да кажува правила и совети. А најчесто се погрешни. Затоа секој за своето дете нека си одлучува како мисли дека е најдобро. :D
     
    На crazylady, mariz, Makedonka007 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    4.257
    Мене уште од сега ми викаат, ничим изазвани, небитни луѓе, немој долго да го доиш ко што прават сега, машко е, до 9 месеци, не чини после фројд ова она... машко е та машко е. Нека си бркаат работа, им покажувам(y), за да не им покажам среден прст. Моја работа како ќе биде ни јас не знам.
     
    На crazylady, pianogirl, Makedonka007 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Septemvri

    Septemvri Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    Баш ме погоди темава:) иако сум видно оладена од минатата недела по ова прашање. Веќе имам пишано, првиот син беше на ексклузивно доење до година ипол, АД никогаш не сум дала, мајка имаше млеко и за извоз:)) сега со второто синче имам млеко но не доволно, бебе не напредуваше доволно и мораше да се воведе АД. Веднаш после АД видовме напредок по само три дена, со што и јас сама се уверив дека мора да се дава и тоа сериозно под саат ако сакам да напредува. Веднаш се соочив со коментари "еее ти едно го порасна така сега само мода измислуваат, терај си ти со твоето млеко", "остави ги педијатрите тие само за процент да земаат препорачуваат АД" и многу сл. Ме болеше глава искрено првите денови ама после олабавив, си следам препораки..најважно е бебе да расте здраво како и да е.
     
    На Makedonka007, Fleur-De-Lis, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  5. lackygirl

    lackygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    13.918
    Пол:
    Женски
    Еве сме :hai:
    Син ми 9 месеци ќе прави на 10.09, уште цица, др млеко нема пробано досега, крајот на месецов треба да почнам на работа и сакам уште да го дојам, освен ако е неиздржливо, бидејќи станува многу ноќе, тогаш ќе видам како ќе биде, дали ќе одбивам или ќе продолжам, ама засега сум дома и ете цица, сака да цица, кога ќе го ставам на града како цел свет да е негов, како воздивнува кога ќе почне да цица, бебево ужива, немам срце да му го скратам тоа уживање :inlove:
    Е сега почнаа коментари од тетки, другарки....доста му е 9 месеци е, не му треба, си јади, дај му кравјо....познати коментари на сите ви се сигурно :^) искрено незнам што да му велам |( си ќутам...
     
    На crazylady, marlonbrando69, FreeMind и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Schkolska

    Schkolska Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    И ние се доиме сеуште, скоро 13 месеци. Коментари од сите страни (дури и заболекарот се осмели да коментира дали треба уште да се дои, иако не беше поврзано со поправката на забот (facepalm) ). Јас најчесто им кажувам дека сеуште и двете уживаме во доењето, и дека препораките на СЗО се да се дои до две години па дури и подолго, па јас не гледам зошто би размислувала да прекинам со доење. (Thereafter infants should receive complementary foods with continued breastfeeding up to 2 years of age or beyond. https://www.who.int/nutrition/topics/exclusive_breastfeeding/en/)
     
    На crazylady, Packka, Makedonka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.348
    Допаѓања:
    8.937
    Пол:
    Женски
    Јас еве размислувам така негативно, дека повеќе од една година нема потреба да се дои, и јас лично ни толку не планирам. На скоро 8 месеца почнав да заменувам еден подој со АД. Ама на ниедна мајка не сум и рекла зошто не прекине. Кога ќе кажат дека на скоро 2 години станува ноќе да цица, јас само викам "јака ти душа, јас тоа не би можела". Или цица за да заспие. Воопшто не сакам сонот на детето да му зависи од мене. Затоа добивам спротивни коментари, како нема да ја доиш, па зошто да му скратиш на детето, па убаво е да цица и слично. Така да како и да размислувате, ќе се најде некој да коментира. Правете си како мислите. :)
     
    На FreeMind, Makedonka007 и Fleur-De-Lis им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    16.476
    Допаѓања:
    149.167
    Секако ќе ти коментираат.
    Ако доиш: Оти доиш?
    Ако не доиш: Оти не доиш?

    Јас бев во вторите, и коментарите.. посебно од доктори, дека не сум доела како што треба, ме направија да се чувствувам како најлоша мајка на светот.
    Ден-денес имам чувство на вина заради тоа што немав млеко.

    Да јадат ла*на сите!
    Нека си праат за нив како им чини.
     
    На crazylady, marlonbrando69, mariz и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.668
    Допаѓања:
    38.721
    Пол:
    Женски
    Ме подсети кога доев. Има разни коментари и зошто доиш и зошто не доиш. Јас на се одговарав зошто така сакам. Ама грешно било. Грешно е ама јас така сакам, грешно :D а некои кои многу ме изнервирале со коментари општо околу мајчинство, сум ги збришала скрос од живот, немам што да се гледам јас со прости и мали луѓенца
    А тоа дека педијатрите земале процент пошо препорачувале ад млеко тоа ако ви го каже некој знајте дека тој некој е голема будала затрупана во македонштина(facepalm)
     
    На crazylady, Makedonka007, Fleur-De-Lis и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.348
    Допаѓања:
    8.937
    Пол:
    Женски
    Па делумно е тоа вистина. Ако препорачува општо вештачко млеко не, ама ако препорачува конкретен бренд можно е да зема пари од таа фирма. Работев едно време во таква фирма, од искуство кажувам. Едно е да рече дај ад од Х причини, а друго е да рече купи Аптамил пример.
     
    На crazylady, Fleur-De-Lis и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  11. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Значи детето МОРА да прима мајчино млеко бидејќи во него се содржат сите потребни состојки за неговиот развој!
    Сега по ,,најнова мода" некои од младиве мајки(мои роднини) не ги доеле бебињата,тогаш родено одма со адаптирано млеко не знам какво,мислат ако е купено е поздраво или што?! Се разбира исклучок се мајките кои навистина немаат млеко и мора некако да го нахранат бебето.А тоа дали ќе доите до 7 месеци или до 3години си е ваша и само ваша работа и ич да не ви чуе што ви рекле комшиите!!!! Крај краева дојката е ваша не е на комшиката за да кажува до кога ќе си доела ти!!
     
    На crazylady, koritsaki и Fleur-De-Lis им се допаѓа ова.
  12. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    3.979
    Допаѓања:
    12.887
    Пол:
    Женски
    Чудни се луѓево.
    Мене ме нервира само што ќе ме прашаат "цицате ли?", "имаш ли млеко?" "само на цицање ли сте?".
    Абе тоа и луѓе што само здраво имаш се ги интересира!!!
    Да ми каснете од цицкава, па толку радознал народ нигде немам сретнато!
    Сум имала другарки, роднини еден куп што се породени и што имаат деца па за пол и за термин ми било незгодно да прашам ептен ќе дознаам ако сами си кажат, а луѓево со мене мајтап ли си играат или едноставно простотилук е не знам значи се оди до крајни прашања последно беше "крвариш ли?". Ако не па да не сакаш да се рачепатам да видиш пу бе!

    А коментари од типот дој го додека имаш твое, доста е до година и од четврти месец да си почнеш со јадења/вкусови, па будала си оти не му даваш чајче/вода на бебе од една недела...еден куп!
    Само живци ти требаат и да не се замараш и да ги траскаш од земја со одговрите!
     
    На Fleur-De-Lis, crazylady, marlonbrando69 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.626
    Допаѓања:
    11.591
    Пол:
    Женски
    Ами мајка ми ја доеше сестра ми до 3 години. Ама во тоа време луѓето не знаеа што правиме ние дома (за среќа) па не се сеќавам некој да прокоментира. Додуша не доеше мајка ми додека имаше дома луѓе гости или па некаде надвор на појавно место.
     
  14. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.841
    Допаѓања:
    25.731
    Пол:
    Женски
    Некако се погоди и двајцата да ги дојам до 2 години и 3 месеци..еве со малиов сме во фаза на одбивање..и кога ќе го слушнам онака саркастично уште цицааааа па ми иди верувајте да ги гонам у пм...пиша некој погоре...акп доиш оти доиш..ако не доиш оти не доиш..да му погодиш на сите не моме,се некој ќе се најде си коментира ..а на тие најбрзобразните што се дрзнуваа да ме чепнат и да ми се мешаат враќав дрско и побезобразно: да долго ги дојам за да кога порасат имаат репер за добра ци*ка !!!
     
    На Fleur-De-Lis, crazylady и lackygirl им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.008
    Допаѓања:
    74.236
    Препорака од педијатар, година и пол доста е.
    Од психијатар, година, максимум година и пол.

    Коментари куп имав. Од доктори, сигурна си дека детево е на ексклузивно доење? ( оти многу напредуваше)
    Од мајка ми, срамота е после 6 месеци.
    Од тетка ми, срамота, вода не му даваш.
    Свекрва ми, прерипувај еден подој нека поплаче, дебело е.

    Другите сите позитивни беа за доењето. А ако биле негативни не ми значеле.
     
    На Fleur-De-Lis, crazylady, marlonbrando69 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.440
    Допаѓања:
    48.857
    Пол:
    Женски
    Мене ме прашаа како ја мести устата кога цица, како прави со јазикот, како ја шмука брадавицата...
    |(
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.001
    Допаѓања:
    45.798
    Ама поубо е да не доиш
    Вака ем се врзуваш за детево ем нигде раат не седиш а и летно време ем жешко ем од млекото ке се капнеш па испотиш па мириса иууу бегај таму ... да ме слушаш мене да си го одбиеш ..фала ама нема да те послушам :D

    Ама не знаете вие па мачете си мака :nod:

    А бе да имам млеко и додека да го женам ќе го дојам за инат ваш :rofl:

    Јас глупавите коментари од љубомора ги добивам.
    4 бебиња во фамилија од маж ми со се моево се родени со некој месец разлика и од сите само јас дојам.
    Замислете да ти е смрт да се сретнеш со луѓево
    |(
     
    На Fleur-De-Lis, mal.ecka, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Emma2

    Emma2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.689
    Пол:
    Женски
    Абе дали е нормална???? :o (facepalm)
     
    На Fleur-De-Lis и Mantub им се допаѓа ова.
  19. FreeMind

    FreeMind Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.432
    Допаѓања:
    36.216
    Пол:
    Женски
    Се надевам сеуште добро стоиш со луѓево. Јас не би одговорила на вакво прашање кое наликува на лош педофилски вовед. А и би ги ставила под “набљудување”.

    Освен што цицка ќе имаше на шега други коментари не сум добила. Али цицка форите и пред бременост ни беа главна заебанција фалеше уште ќерка ми да ја направам пуфка и да докажам дека квалитетна цицка држам од секој аспект :makeup:
     
    На Fleur-De-Lis, M.B., Emma2 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. PinkGirl*

    PinkGirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Од другарка имав секогаш кога ќе се сретневме: до кога планираш,па доста му е одбиј го чим му даваш да јаде(а он само што почнал со дохрана).
    Од снаа ми: доста е до 6месеци после млекото не е убаво како вода било (facepalm)
    Го доев до година и 3месеци,останав бремена со второ и планирам подолго да го дојам и да не се замарам со коментари од страна.
     
    На Fleur-De-Lis, crazylady, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.