,,Педијатар" односно недипломирана глупача вчера ми кажуваше дека не треба да го дојам дека треба 2 месечно бебе да биде 5 кила и дека млеко сум немала а од мене тече и постела и маици ми се мокри по цел ден слабо било бебето и слично.Вика давај му Нан.За греота ни се ,,докториве"
Коментарот кој сите сме го добиле: Немаш млеко, гладно е момичево дај му Ад, не гледаш не престамвит од плачење, а пред пола саат цицаше.. Јас сум од оние кои дојат таму каде што бебе побарало да биде доено, спуштам кеси, вадам града сред пат и давам да цица, се најде една жена и ме направи лом оти сум ја доела, срамота било, сред бел ден, сум можела подруго да ја нахранам, како маж ми така ме оставал. еј од жена ваков коментар, алоо ХРАНАМ дете, не играм стриптиз!! Последен: зато е слабо момичево, само цицат, а шо е то вода, немојт да чинит то млеко појче ( 7 и пол месеци) само од стрико од маж ми довив поддршка: снашке млекото од мајката е најубаво и најздраво, давај и да јаде од тебе, ем сегаде можеш да ја храниш, ем заштедуваш пари , ем се галиш со бебе, душа чоек.
Јас добив коментар дали сеуште го дојам? Наводно голем бил. 13 месеци е синко. Не ми беше прашањето наменето мене, веќе излегов во друга соба, слушнав само. Глупача која на децата им дава тетрапак од 3 месеци.
Додека спие бебуш, да ја активирам оваа заборавена тема. Од најглупавите коментари, цитирам "Глеј се колку си ситна, ти нема да имаш млеко за повеќе од 6 месеци да го доиш", "Леле ма, дебело е бебево, не му давај толку да цица" и секако "Давај му водичка неколку пати во денот како замена за млеко".
Да ја активираме Јас искрено многу лоши коментари не добивав, на почеток се гледавме само со најблиските и скоро сите ми кажуваа да си го доиш, нема подобро млеко од мајчино. Ама сега почнаа со досадни коментари дека е време за одбивање. Бил голем сега(11месеци има), разбирал па ќе ми ја тегнел блузата,ќе ме срамел пред сите, wtf Требало да пие тетрапак или кравјо. Да секако кравата прави подобро млеко од мене за моето бебе Ќе ми ги упропастел градите со долго доење Кај им текнуваат овие работи само незнам. И тоа луѓе што ги гледам одвај еднаш месечно, далечни роднини.
Поддршка од мене Да продолжиш да си го доиш доколку си во можност, и многу понавредливи коментари ми биле упатени, го одбив на 22месеци зошто тогаш сметав дека е доста и за двајцата