1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коментарот на Стоилов после поразот од Тунис

Дискусија во 'Спорт' започната од ЈеленаЏиш, 12 април 2016.

  1. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Драги мои феминки :f: сигурна сум дека сте прочитале по интернетов дека пред 3 дена, Стоилов даде кратка, брутална изјава по поразот од Тунис и избега од пред камерата. Изјавата ја пишувам без цензура, за да го "ојачам" ефектот...
    Имено, изјави "Игравме како пички!!!"

    Мене лично, како носител на тој полов орган страшно ме погоди изјавата:@
    Наместо да промовира спортски дух и да внимава како се однесува во јавност, бидејќи носи национален дрес, тој промовира сексизам и шовинизам!
    Пред се спрема неговите колешки-ракометарки, а потоа и кон целиот женски род. Да напоменам, на светско првенство женската ракометна репрезентација има стигнато до 7мо место, машката до 11то. Па кој е пичка сега???

    Уште повеќе ме револтира што целата македонска јавност реагираше на неговата изјава во смисла: искрен коментар, храбар коментар бла бла бла...

    Што мислите вие? Дали треба да се преземе некаква акција и да се издејствува барем јавно извинување?
     
    На Guns N` Roses, Lolo5, Abrakadabra и 7 други им се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Не треба.
    Треба да се извинат сите за бедната игра, без војла и визија.
    Треба Кире да свати дека не е Бог. Можел да свати што ќе си одат Мојсовски и Миркуловски, ама ако си поднесе оставка Мукаетов, ќе умре ракометот.
    Абе, не ЌЕ, туку умре.

    Да се вратам на Стоилов.
    Нема потреба од патетики.
    Тоа е фраза која се користи и кога ја изговорил не помислил на ж.пол.орган.

    Јас додека гледав, 20 пати реков - ајде бе курле :bandit:

    Ти ја разбирам поентата, ама и судијате не е педер, и Ѕинго не е педер, и навивачите на МЗТ пеат “немитекнувакакоидеше..ла ла пички.
    СДК од секогаш утакмиците биле место каде луѓето се издишувале.
     
    На MilaP, crazyinlove19, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ovoj pa, kakva konstitucija ima, ne mi se veruva deka e sportist :D
    Ozbilno temava e kreirana od feministichki poriv? :D
    Inaku jas ne sledam mkd sport od povekje prichini, konkretno za rakometot, edna od prichinite e shto facive mi se ufilmani. Edino go pochituvam Kire Lazarov zatoa shto postigna uspesi na evropsko nivo (mada rakometot i ne e nekoj popularen sport nadvor od tuka). I Goce Georgievski e fino dete. Drugive mi se full antipatichni i samopreceneti. Iako mnogumina mozhebi ne gi ni znam, posho ko sho rekov ne pratam rakomet.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Не се декларирам како феминистка ама изразот "пички" во деградирачка смисла ме ужаснува.
     
    На Lolo5, Bitter-Sweet, mula и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Некој е крив, ама не мислам дека се играчите. Тоа крив е некој таму од горе. И нормално е да се изнервирани сите. Тунис секогаш сме ги победувале. А Полска не се толку јаки, туку ние бевме преслаби. А со Чиле дури и незнам што сме направиле, а и не сакам да знам.

    Има некои што играат од срце. А некои за да ги видат на ТВ.
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Е ај сега Столе ти е крив..па ако некој јаде најмногу ќутек на ракомет тоа се пивотмените т.е. Столе Стоилов. И барем не цмиздреше таму како некои други кои ги се дупки 2 години за репрезентација, и кои ја уценуваат федерацијата веќе 10 години со „ ако не игра брат ми не играм ни јас„. А зборот „пички„ не се однесува за женски пол или полов орган ..тоа е збор кој се користи во скоро секој јазик во светот кога треба да се истакне некој дека врска немал или бил слаб не дал доволно..итн итн.. Инаку секоја чест за сите македонски ракометарки кои го оставиле срцето на терен па и за денешните Вардарки кои се нашите Хероини и ги најсакаме. Се ми се чини дека си од автокоманда па мразиш се што е под името на Вардар и го носи неговиот дрес ( извинии ако грешам). А верувај дека во скоро секој дом мажите го изговорија зборот „пички„ за ракометарите после поразот од Тунис. Јас лично сум за целосна промена во репрезентацијата почнувајќи од Кире Лазаров, Борко Ристовски, Наумче Мојсовски, Миркуловски, Митков...Обрван веќе си отиде (јас и незнам која будала го назначи за селектор). Редно е Столе, Манасков, Марковски, Митрески,Георгиевски, Кузмановски, Талески и ред други помлади да ја преземаат одговорноста за репрезентацијата во свои раце. И да Мукаетов сметам дека не треба да си оди од функцијата претседател на РФМ! поздрав
     
    На Victorian, Bojana.20, sanjaeva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Значи, намерно темава не ја отворив во Спорт, затоа што не ми беше намера да ја елаборирам нивната мизерна игра и продадена утакмица (ако не се лажам коефицинетот Македонија да загуби од Тунис беше 30), исклучиво сакав да се задржиме на одвратниот коментар на Стоилов.

    Како што гледам дека на вас жени и мажи ви е тоа сосема нормално, предлагам модератор да ја затвори темава или да ги префрли коментарите во соодветната тема во Спорт.
     
  8. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    види човекот ти е ракометар-спортист ...не очекувај да ти биде доктор на науки па сега некој елабориран стручен коментар да даде...да дрзок беше но тоа е вистината..барем прифати пораз заради наша вина..тоа е , и ај без нервози;)
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Не е ни спортист, ако ме прашуваш мене.
    Од кафане до кафане, тепачки, пријави, полиции.
    Баш спортски дух.
    Башка што е неотесана будала.

    А исто така ги наоѓам виновни и сите протали што го пренесоа коментарот како да е тоа супер искрено и браво за Стоилов.
     
  10. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    очигледно не го познаваш лично...те уверувам дека е голем другар и пријател...весело човече секогаш спремен за хумор и смеа..а и дај посочи ми еден спортист што не бил у кафана...а Јас ти гарантирам дека срцето секогаш го остава на терен , секогаш е спремен да се пресмета со сите за да го одбрани тимот и соиграчите
     
    На Victorian и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Не го познавам лично, не ми ни треба.
    А ако го познаваш лично, дај пренеси му да го прошири речникот и да припази што зборува пред медиуми.
    Сепак е јавна личност, за пример на идни млади генерации.
     
    На Lolo5, sugarlips и mula им се допаѓа ова.
  12. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    -Се што градевме во изминативе години како екипа падна во вода. Ова е срам, се извинувам но игравме како пи***. Вака не се бранат боите на својата репрезентација, -изјавил кружниот напаѓач.
    Еве ти ја целата изјава...дечкото пред време си се извини за коментарот и верувам дека 99 посто од македонците му простиле
     
    На f.girl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Извини ама, тапа ти е оправдувањето.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Секој спортист е должен да дае се од себе на теренот за неговата екипа да победи..За тоа еден од подобрите примери е Столе и верувај дека за мојот син спортист е пример како треба да се биде жртва на теренот и надвор од него и да се се кажува во лице , а не да се кријат проблемите и кавгите во фиока и да се форсираат деца на познати мама и тато.
     
    На Victorian, cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Ти очигледно појма немаш за Столе гледам ти е најомразен спортист во други теми, веројатно и појма немаш од спорт и незнам која ти е целта да го оцрнуваш нашиот најдобар Пикер...да не си му љубоморна нешто, да не те откачил???
     
  16. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    @Роберт 7 дали тој остава срце на терен или не, не е предмет на темата.
    Дека непотизмот се пројавува и во спортските репрезентации, се пројавува и жал ми е за тоа.
    Така функционира се во државата за жал.

    Дека се изнервира со поразот и се истресе пред камера, и тоа можам да го разберам.
    Едноставно сакав да привлечам внимание на неговиот глупав коментар и за можеби да се издејствува јавно извинување.
    Тоа е се.

    Редактирам затоа што сега го видов претходниот пост. (facepalm)
    Не му сум љубоморна :rofl:, а после изјавата ми стана еден од најантипатичните спортисти и затоа се најде во таа тема. (y)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @ЈеленаЏиш,
    Те разбирам од каде ти доаѓа револтот и во право си што ти смета но претпоставувам дека не е кажано со свесна потценувачка намера кон женскиот род. Да рекол „Игравме како жени“ веќе ќе беше многу посериозна работата.

    Да, јасно е од каде доаѓа потеклото на зборот но потоа тој збор се одомаќинил во јазикот како синоним за кукавица, слабич, лигле итн. па денес субјектот кој говори при употребувањето не е ни свесен за првичното значење/означување. Слична судбина во македонскиот јазик има и зборот „педер“ -на почетокот означувал човек со хомосексуална сексуална ориентација но со време евалуирало значењето на зборот па денеска се користи во сосем друг контекст кој врска нема со хомосексуалноста.
     
    Последна измена: 12 април 2016
    На Lolo5, PaLaVa, Роберт 7 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.630
    Пол:
    Женски
    Оќе опцул на тв , не е ни прв ни последен. На клада да го стаиме и линч да му направиме зошто искористил збор кој ете за некого е деградирачки. Можел да каже игравме ко педерчиња па да се јави нивната заедница и да коментира како ги деградира хомосексуалците. Пцовка е пцовка , разум сигурно нема да бараме коа некој е нервозен одмерено да ги бира пцовките.

    Ете јас како жена не се осекам навредено или омаловажено што извесен Столе кажал дека тимот му игра како п***а. |(
     
    На PaLaVa, Роберт 7, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  19. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е проблемот.
    Затоа што на пример, ако во Америка јавно го употребиш зборот Ni**er без оглед колку си револтиран затоа што твојот тим изгубил, ќе го линчуваат и следи и затворска казна.

    Ама кај нас е ок. Све проаѓа.
    И п*чки и п*дери на телевизија, во намерна или ненамерна конотација, и политичари да се викаат идиоти и ретардирани на ТВ дуел и така натаму и така натаму.
    И еден мајмун на ТВ во утринска програма на национална телевизија ги дели луѓето на три раси: македоноиди, монголоиди и негриди и тоа се емитува, нема проблем.:headbang:
    Не не повредува, омаловажува, деградира и навредува.

    Логично е јавно да се извини, никој нема да го линчува. :f:
     
    На Lolo5, theowndemon и sugarlips им се допаѓа ова.
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Абе кога беа 4-то место во Европа сите ги сакавте, сите ви беа топ. А сега кога губат одма да се мрчело против нив.
    Ц ц ц ц што ли народ живее во оваа земја... (facepalm)(facepalm)(facepalm)
    И да тепаат и да губат, борците за Македонија треба да се љубат !!!
     
    На mode-kristina, PaLaVa, Роберт 7 и 3 други им се допаѓа ова.