Не ме тролај и не ме вади од контекст. Не го нападнав спортот или играта или изразувам револт заради поразот. И уште да дополнам дека и друг ракометар да беше, и него ќе го прозивав за таков коментар. Веќе објаснив што ме тригерираше да ја отворам темава и нема да се повторувам веќе.
Не се лути злато. Не беше кон тебе лично наменето туку кон сите што ги тролаат нашите играчи, а само кога победуваат ги сакаат. А ако си и ти меѓу нив, тогаш и ти стави се во таа група.
Не сум лично навρедена, иаκо е невсκусно да се слушне нешто ваκво. Сметам деκа ова збоρува лошо само за него (за него е муабетов, инаκу мислењево општо ми е исто за сите слични на него). Споρтист е, добива медиумсκо внимание, аκтуелен е изминтиов пеρиод. Сеκој свесен човеκ ова би го исκоρистил за да постави позитивен пρимеρ за младите. Очигледно, тоа не му е пρиоρитет, ама муабетов не му личи ни на годините.
Пoгoлем дел oд бoрциве требa бoречкa пензијa дa си земaт и дa им oтстaпaт местo нa млaдите. Зaтoa и се викa декa вистинските херoи стaвaaт тoчкa нa кaриерaтa кoгa се нa врвoт. Кoгa брoдoт тoне, oд херoи стaнувaaт п.....
Се свестија, ама кога бродот потона. Ете сега сите си одат. Мојсо си замина, Ангелов исто, кај и да е сите ќе си заминат и ќе им остават простор за помладите да се докажуваат.
Потполно се согласувам: Соодветно на ова, го повикувам машкиот род да излезе со осуди и протести кога ќе се употребат изрази како куроглав, ко кур си глуп, ташак отепан, и останати злоупотреби на нашите ни најдраги, најмили и се нај полови органи... А и ова споредбава со зборот нигер.. мислим шта речи..
Јас се согласувам со @ЈеленаЏиш Не знам што да додадам, сосема си во право. Најмизерно ми е кога за некого за кого сакаат да кажат слабак, кажуваат пичка. Чуден некој речник се создаде во современово време.
Не му замервам на Стоилов , можеби го кажал во афект! Но работата е што ракометарите на Тунис се спремале два месеци пред квалификациите , и кога играа со нашиве кои што се собраа една недела пред натпреваров , ракометарите на Тунис исто како да беа на тренинг , нашиве како со сила играа! Добро е што тренрот поднесе оставка , си го спаси достоинството ( барем малку) и ке го памтиме него и Мукаетов како неуспешни луге во ракомеетот! Искрено ми е жал за Мојсо што без учество на Олимпијада ја заврши репрезентативната кариера , беше добар ракометар , даваше све од себе , но време е за нова генерација! Сите во пензија , да дојдат млади ракометари и нов тренрр! Најголемата кривица беше во тренерот! Зошто? Да се потсетиме како нашиве ралометари дојдоја до квалификациите : 1. Ја победија едвај Србија , а тие беа млади ракометари , најстариот беше 25 години , на некои ракометари им беше и прв настап на првенствата! 2. И заради тоа што Германија беше првак! Тренерот Ивица требаше да ги провери каде се грешките , да ги корегира , да се анализираат репрезентациите на Полска ,Тунис и на Чиле , а не да оди само на терен и да остава све на срека !
Иначе јас не се согласувам со ова, само бев саркастичен. Едно е да осудиш вулгарен говор во јавност, али омаловажување на полов орган да го оцениш како сексизам и шовинизам, ми се рамни со дебилизам.
Интересно, а мене омаловажувањето на туѓо мислење и оценувањето како дебилизам ми е просто и како да не припаѓа на форум. Меѓу другото би те спукала и за зборот дебилизам, ама греотче ми си.
Не е во ред за еден репрезентативец да употребува вулгарни зборови пред новинари, без разлика колку и да се чувствува разочарано и револтирано, сепак претставува држава. Но за жал ете, во такви моменти не ретко избувнуваат емоциите па се случува да им излета и по некоја таква изјава, али на некој начин ги сфаќам како им е. Кога на нас ни е тешко, на нив им е уште потешко. Од друга страна пак, и новинариве си го прават своето за да ја напумпаат ситуацијата и да имаат повеќе лајкови и читаност на статиите. Значи и да изјавил такво нешто, како прво не го изјавил пред камера и како второ не мораше да се акцентира баш тој дел од изјавата и да се напише бомбастичен наслов со тоа ПИ*КИ... фалеше уште да земе да трепка зборов кога ми излезе објавата на фејсбук. Невкусно и од нивна страна, сепак новинари се да му се сневиди, ги чита народ од најмало до најголемо. И нема врска споредбава со зборот nigger. Тоа ти е исто како кај нас за ром да кажеш циган. Всушност, американците го користат зборот пи*ка баш во иста конотација како што го искористи и Столе. "Don't be such a cunt" му иде исто како на македонски "Не биди пи*ка", што уствари нема врска со половиот орган.
Стоилов го гледам почесто во Сити Мол, и гледам дека "урла". Се дере во ходници, пцуе, се прави шериф. Па така да не би ме изненадило и да кажал тоа што викаат дека го кажал. Нека го избркаат него од репрезентацијата, ама не ја мразете заради него. Се е ОК, ама кажи си го меѓу колегите во соблекувална, а не пред цела јавност.
Не ми е јасно што се крева толкава фама заради тој израз, коа сите го употребуваме.Ете и јас припадничка на женскиот пол(навредениот пол демек ) го користам тој израз и не гледам тука ништо навредливо. И да, тоа не беше кажано во тој контекст, мада што се согласувам дека тоа не требаше да биде јавно изјавено. За играта би рекла дека игравме без волја, без желба, веќе прочитана игра и дно дна бевме.Јас цели три утакмици не видов една течна акција која резултирала со гол.Се некои индивидуално се перчеа, и ако не беше Кире првите два натпревари ќе имавме испод 15 гола.Колку и да се криви дека му шефува на сите што и е очигледно,има направено премногу за репрезентација и со оној квалитет што го има не би секој да прифати да игра за репрезентација, поготово со македонски менталитет каде што ретко, многу ретко некој го дава својот максимум и побитни му се парите што ги добива отколку знаењето и талентот со кој се здобива..Чист пример Стоилов и Манасков.Да не беа во Вардар каде што само греат клупа и ништо повеќе, ќе постигнеа многуу многу повеќе.Ама не, побитно е кафанче оваона. Ракометот ми е во срце, најомлен спорт и се надевам дека нема да изумри.Се надевам на учество на СП во Франција, барем тоа го можеме.
Со овој израз индиректно кажува дека мажите кој се силен роден сега играле како жени, поточно слабаци, и со тоа индиректно или директно ги навредува родовно жените нарекувајќи ги слабаци, ех сеа ова ќе беше голем проблем да бевме во друга западна држава, кадешто жените имаат голема почит за себеси и нема да дозволат некој да ги нарекува слабаци , тука на пример нема да се навредат, не е голема работа, така си прифатиле повеќето женит во мкд , да ги нарекуваат слабаци , да ги тепаат, да ги викаат к*рви, тие и меѓусебно се навредуваат и така се нарекуваат.... И затоа тие изрази се прифатени во Мкд и не се голем проблем... А јас да во друга земја да кажам така на некој маж немој да бидеш/играш/било што ко п*че има да ме натепаат жените со шипки. Таков е менталитетот, јас дури мислам дека некој сеуште не гледаат дека со вакви изрази всушност луѓето ги вреѓаат и понижуваат нив. Ок друго сеа, надвор од темата Неможе секоја критика насочена кон Македонските спортисти да биде одма, - "абе не плукајте само , до вчера го величевте" Точно ги величевме , ама тоа незначи дека секогаш на стара слава ќе се вадиме, мора да се искритикуваат спортистите.
А што подразбираше човекот кога кажа како п*чки? сигурно на цвеќиња мислел..... Не сведувам јас никој на ништо , само кажувам дека вакви изрази се навредливи и деградирачки и не би поминале лесно во други земји , али во Македонија све поминува.
Кога кажа пички не мислеше сигурно на жени, мислеше на општо прифатениот контекст на изразот пичка, односно слабак. И еве кажи ми ти кога ќе се спомне изразот "глуп си ко кур", треба да се сфати ко "глуп си ко маж"? А иначе и гледам по америка кога ќе се спомне ју ар сач а пуси, револуции креваат жените... Дури навредува интелигенција да се објаснуваат вакви работи ...
Добро ќе беше да играа како „пички“, во тој случај можеби ќе отидеа на Олимпијада. Колку што сум информирана, најголем успех на машка ракометна репрезентација е 9. место, а најголем успех на женска ракометна репрезентација е 7. место на Светско првенство. Успехот на девојките од РК Кометал Ѓорче Петров не успеа да го повтори ниту машкиот тим на РК Металург, ниту машкиот тим на РК Вардар. Па сега вие видете дали е лошо да имаш женски полов орган и дали треба истиот да биде употребен во негативен контекст. Многу го ценам Стоилов, мислам дека е супер спортист, ама изјавава не му требаше.
Сигурен сум Мајсторе дека ти знаеш што мислел и не се сомневам во тоа али како што ти објаснив пред малце сите тие изрази со полови органи се деградирачки и навредливи. Тоа што се општо прифатени е затоа што таква ни е државата и све поминува. Знам дека навредува интелигенција , затоа незнам зашто уште ти објаснувам.Прекинувам тука оти чим неможеш да сватиш што е работата и зашто овие изрази се навредливи тогаш нема потреба за дискусија. Поздрав.