1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коментирање преку Disqus на Фемина сајтот

Дискусија во 'За форумот' започната од Milky.Way, 21 февруари 2014.

  1. Milky.Way

    Milky.Way Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Овде можете да го искажете вашето мислење за коментирањето преку Disqus.
    Дали ви се допаѓа? Зошто или зошто не? :emo:

    Мене повеќе ми се допаѓаше кога само членовите на форумот можеа на коментираат на статиите. Вака секој може да коментира секакви коментари и настануваат многу кавги. И искрено понекогаш ми е страв да ги погледнам коментарите :| :|

    Ако веќе постои ваква тема избришете ја оваа
     
  2. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Moже да ми појасните што е поточно ова?
     
  3. Milky.Way

    Milky.Way Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Ако си видела под статиите на сајтот има коментари. За да коментираш ти бара да се зачлениш на disqus.com, но може да коментираш и како гостин со тоа што ќе си ставиш имеил и лозинка. Кога коментираш како гостин можеш да го користиш истиот имеил и пасворд со различно име, а кога си зачленет, само едно име, имеил и лозинка.

    Порано не беше вака. Само корисниците зачленети на форумов можеа да коментираат на статиите.

    Темава е за да го искажеме нашето мислење за новиот начин на коментирање.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допаѓа Disqus.Од почеток бев збунета,не знаев како треба,ама после ми се разјасни.
    Добро е што сите можат да коментираат,нема ограничувања,а со тоа има и повеќе коментари.
    Може да се развие дискусија и кој сака може да го искаже своето мислење.
    Профилите можат да се користат и на други сајтови,а добро е и тоа што има опција за лајкови/дислајкови.
    :up:
     
    На LittlePinky и Silver.E им се допаѓа ова.
  5. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    АА мене повеќе порано како што беше ми се доаѓа сега некако поглупо ми е.
     
  6. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    Можело тоа да е само за тие што не се зачленети, а членовите на форумот да си коментираа со својот профил. Бидејќи дополнително малтретирање е, а и општо мислам дека повеќето што коментираат сигурно имаат свој профил на форумот.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Јас како прво не го ни разбирам овој начин на коментирање.Постариот беше поедноставен,поубав,попрегледен.
    А незнам како да коментирам како Maria.Vampire ? :|
     
    На Papillon.Papi и LittlePinky им се допаѓа ова.
  8. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    ^
    И јас се сложувам со тебе. :)
    Порано беше поедноставно, сега еднаш пробав се инамачив и не коментирам.
    Мислам дека поубаво беше тоа што само членовите коментираа.
     
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Еднаш што напишав и толку. Потоа заборавив како да го користам... сега пробав да пишам за песните што се номинирани за оскар, абе сите начини ги испробав, нема бе, ми кажува неможе... зар до толку сум за мразење??? :^) :D
     
  10. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    ^Не е многу тешко луѓе.Кога треба да коментирате,ќе внесете име(можете корисничкото име од форумов),пошта и лозинка и нема да го штиклирате тоа: Би сакал да објавувам како гостин.Така ќе направите профил на Disqus и секој следен пат кога ќе сакате да коментирате ќе се најавувaте каде што пишува: најави се со Disqus,facebook.... :)
     
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Ама и тоа го направив, неќе... велам дека ме мрази ова.. :lol:
     
  12. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Јас пак одам коментирај како гостин, и каде што треба име пишувам Лела(Од форумот) :rofl:
     
  13. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Jeeee! Успеав да коментирам како Папи!
     
  14. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    1. Многу глупави деца оставаат коментари на сајтот.
    2. И статиите ви се глупи, Кардашијан, Шаек, Вики Сикрет -.-
    3. Не ги објавувате сите коментари, да не можеш да им го дотераш паметот на глупавите. Укинете тогаш коментирање, или за повеќе кликови ви е, м?
     
  15. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Искрено мислам дека немаше потреба да се воведе коментирање преку Disqus.Од причина што почнаа навистина недолични коментари да се оставаат и започнува расправија заради истите.Порано со мерак ги читав коментарите,а сега воопшто не ни ги читам истите.
     
    На tea4e и MaggieTatum им се допаѓа ова.
  16. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    Ама јас не знам зошто не ги објавуваат сите коментари кога нема ништо навредливо во нив!! А и да има, тоа е само заслужен одговор. Иритантни се. Уште еднаш не кликнувам повеќе на сајтот, срамота, ова го прават за повеќе посети и кликови.. Како да не беше доволно што не трујат со малограѓански трачеви, Ким Кардашијан си купи нова вц шолја, Лејди Гага носи пелени и под тоа 30 глупачици со: <3 <3 <3 најдобрии бравоо... Овие сајтови за пари го лажат простиот народ, цц, жално.
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Ти си една од ретките хејтери на Фемина,и ако некој тука треба да е прост тогаш тоа би била ти.
    Целото мислење ти е и онака просто и бесмислено ама ке го одвојам делот со „глупачиците“ - секоја чест на сељачката креативност. :clap:
    Не е точно дека нема ништо навредливо во коментарите,ама и да нема,фино би било да не ги објавуваат коментарите кои ке ги напишат тие таквите,како тебе.
    Незнам зошто воопшто бараш тука,очигледно си се зачленила на форумов да исхејташ,односно,да излупаш нешто што не е вистина и да и одиш со напрчен нос и дигната глава горда на кажаното,што нема врска со ништо.
    Ако овдека некој лаже,тогаш тоа си ти,се лажеш самата себе.
    И кога повторно ке сакаш да излупаш нешто,повели,бидејќи ние,„глупачиците“ ке сме секогаш тука за да ти објасниме нешто што не е јасно.
    Поздрав,и како што реков,размисли што пишуваш бидејќи,ете,дојде до ниво 13-то годишно девојче да ти цитира мислење.
    А јас,неможев да се воздржам,ке ми извините феминки.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Имаш 15 години, што значи 2 години разлика сме, а тоа не е многу. Знам, имаш бубачки во глава, како сите тинејџерки, но тоа не значи дека треба да правиш профил на форумот за да колнеш луѓе. Точно е дека има некои недолични коментари, но долично е да го правиш ова? Не ја гледам веќе разликата меѓу тебе и нив, на исто ниво сте. Мудриот ќути, простиот колне. ;)
     
  19. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    Нема проблем, разбирливо е, ете самата си се препозна во описите од мојот пост и си се јави ;) Во однос на тоа за навредливоста на коментарите препрочитај убаво што е напишано па после откако ќе разбереш (АКО Е ИЗВОДЛИВО ДА РАЗБЕРЕШ) дрзнувај се да се однесуваш толку ниско кон повозрасни, а многу веројатно и поинтелигентни од тебе. Зошто и како сум се зачленила не е твоја работа, ниту имам зошто тебе да ти објаснувам.

    Вториот пост на Папилончето е само копи-пејст на претходниот и нус-производ на некреативноста и ниската свест што ја зафати нашата младина и заради истото не вреди да биде искоментиран (не вредеше ни претходниот).

    А моето ниско мислење за статиите на сајтот како и за коментарите кои се срам останува исто и група недозреани девојчиња секако нема да го променат. Колку што го читам форумот и онака на повозрасните им дошло преку глава од вас, зошто јас да оставам прсти на тастатура? Поздрав и помалку потресување и тука и на сајтот.
     
  20. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Се извинувам за големата непочит кон вас,петнаесетгодишна госпоѓо.
    Немаш право да збориш дали повозрасните ние ги нервираме кога и ти спаѓаш во тие „ние“.Ти се молам кажи ми колку повозрасна од мене можеш да бидеш на 15 год. за дур и да велиш да имам почит кон тебе.
    Не сфаќај во некоја си буквална смисла,јас спрема секого имам почит,ама разликата е што ти,што си 2 год. постара од мене и бараш некоја си голема почит та и да не си го искажам ставот кон твоето мислење.
    Да не излегувам од темата,поентата беше зачленета си на форумот на Фемина,ги знаеш сите статии по ред што ги објавуваат,дискутираш по темите на форумов а плукаш по Фемина?
    Не иде,госпоѓо,не иде.