Неодамна читав статија за теми на кои треба да разговарате со партнерот пред да се решите на брак. Беа спомнати финансии, место на живеење, однос со родителите, дали би сакале деца, религија, итн. Мене некако темиве ми звучат доста опширни и не знам како да проценам црвени знаменца за вакви можни deal breakers. *Што би додале на овие теми? Ми значи вашето искуство повеќе отколку општиве совети за кои читав. Имате ли примери за црвени знаменца што кај вас значат инстант крај на врската? Или можеби нешто што сте прогледувале низ прсти со надеж дека ќе се промени, а всушност се влошило и продлабочил проблемот. Колку шанси давате пред да донесете одлука дека не иде?
Темите кои ги наброја според мене се на место и мислам дека треба за истите да се разговара доколку со тој партнер поланирал иднина. МИслам дека исто така треба да се разговара и за минатото, односно каков бил односот со инатите партнери, зошто прекинала таа врска/брак. Со ова ем ќе си разјасниш што него му смета, а и што он правел (тука ке си ги видиш тие црвени знаменца). Прашај и за неговите пријатели/ки. Во денешницава се повеќе се пијандури, коцкари и дрогираши. Јас така со мојов сегашен, на почетокот кога почнавме да искачаме и да се запознаваме ми кажа дека знаел да пише по некој тикет спортска на што јас му одговорив дека бившиот беше тежок коцкар и не прифаќам ништо такво. Од тој момент нема пишано ниту едно ливче. За прогледување низ прсти, на бившион буквално се сум му прогледувала, од коцкање, до лажење, варање, пишување на други, излегување скришум итн. Нормално ова сега мене ми е неприфатливо и не би ја напраила истата грешка со сегашниот партнер. За шанси зависи за што даваш. За заглавување со другарите до ни едно време без да каже кај е дали е жив, да мислам дека треба да дадеш, ама дека по грешка се лизнал и дека му завршил у некоја друга, тоа на тебе оставам.
Разговор и договор пред брак обавезно.На ова би додала и живеење заедно пред брак. Нема одредени теми се разговара буквално се,до таму дали е за вакцинирање на детето. Најосновни работи за кои се договарате се како ќе функционирате со финансии ма да тоа е нешто променливо.Каде ќе се живее, поставување граници со родителите.Како би воспитувале деца дали воопшто сакате да ги имате.Еден куп теми за кои треба да се разговара и да се види ставот на двете страни. Јас не би можела да прејдам преку насилство коцка дрога алкохол непосветеност дома.
За насилство што е буквално кривично дело, за неверство, лажење и се што спаѓа под нелојалност, и за пороци како дрога, алкохол, коцка не ни правам муабет зошто се екстремно проблематично понашање и тоа повеќе го гледам како проблем на самата личност што го прави тоа, а не како проблем во врската на кој треба да се работи. Мислев повеќе за баш оние некомпатибилности кај што никој не е "крив" (како што насилникот е крив што ја тепа жена му) туку општо двајцата си се "во право" пример едниот сака да се пресели во странство другиот нејќе. Или еве дури и двајца да сакаат деца - едниот може сака сега веднаш после брак, другиот сака да почека х години. Или едниот презема повеќе финансиски ризици (пример зима кредит за стан а другиот се плаши да не заглават во кредитот па смета дека не е време). Повеќе мислев за вакви несогласувања и помалечки "црвени" знаменца него коцка, дрога варање итн.
Темите се доста опширни, ама сигурно имаш некои две-три пресудни работи (доста индивидуално е). Јас можам за себе пример да зборам. Компатибилноста не може во никој случај да ти биде целосна, зашто спротивниот пол во никој случај не е целосно идентичен со тебе. НО, нема баш ситуации како што ги кажа измеѓу. Зашто секој е во право, гледа од свој агол (но не мора да значи дека и двете страни грешат). Предизвиците за живеење се секаде исти: било тука, било странство. Никој нема да дојде и да ти рече еве ти. Впрочем секаде е истото, најбитно е партнерите да се флексибилни за промена, флексибилни во секакви ситуации. И ако двајцата се заедно во нешто, без проблем ќе се прилагодуваат/решаваат. Битно е партнерот да биде насочен на тоа како да решава, а не како да ти прави додатни проблеми.
Ако зборуваме за стабилна врска, што значи сте се процениле по карактер и компатибилни сте (што во основа вклучува вредносен систем) дил брејкер би било тврдоглавост- вака и никако поинаку. А неговото ,,вака,, е дијаметрално спротивно од моето. Живеење со родители во заедница би ми било дил брејкер дефинитивно. За овие работи, ако постои усогласеност, ама е прашање на тајминг, компромисот како обратно од тврдоглавоста е најбитен. Способност да се разбере другиот зошто сака-нејќе, па да се најде решение, при што ниедна страна не е притисната во безизлез.
За се мора да се разговара пред брак, се сложувам погоре со членката дека не може за се 100% компатибилност, но секој треба да си знае со каков партнер може или сака да живее. Секоја врска по себе е комплицирана зошто сите на светов сме различни.
Мислам дека поќето вакви теми се индивидуални и шо нас самите ни е deal breaker. Оти ако нешто не е deal breaker за мене, можи за друг е. Нешто како општо правило, би рекла е да имаме ист светоглед за крупни прашања: дали би сакале деца воопшто и колку; и место на живеење. Пошто на овие прашања не можам да "видам" компромис. Ако јас неќам дете, ти сакаш три - компромис не е едно. Или ако едниот сака да живеј во село, другиот во град. Нема да живејте ваљда пола недела ваму или пола недела таму. Однос со родители се спомнува горе - не мислам дека ова е толку општо. Родителите можат да се мешат само ако детето нивно дозволи да им се меша. Така да, да, можат да се договорат колку ќе му дозволат партнерите, ама за да е проблем - некој треба да дозволи. Исто финансии се ствар на договор. Ама би рекла deal breaker околу финансии би било: импулсивно трошење и пороци (коцка, па дур и други пороци како дрога шо знат да предизвикат финансиски проблеми). Исто живот во заедница е кај нас често, и отвореност или не кон него е еден од покрупните проблеми кај нас. Поточно едната страна шо решава да прај компромис и попушти. Така да ако те интересира дали си компатибилен со партнер - види шо ти е важно тебе. Покрај шо не би сакала да останиш со години? И ко ќе најдиш шо е то шо ти е важно - ќе знајш колку можиш компромис да прајш и дали воопшто можиш компромис да прајш. Еве ќе тргнам со неколку deal breakers за мене. Јас сакам дете, и ако партнер неќи - немаме иднина. Ако не можи(ме) да имаме е друго и има многу опции за деца, особено шо мене биолошки фактор не ми менва за да сакам и растам дете. Ама ако не е отворен кон други опции и општо неќи дете - јас знам дека цел живот ќе се каам дека сум одбрала да седам покрај чоек шо неќи ист живот како мене. Уште на тема деца, ама ако има дур и трошка хомофобија - deal breaker. Пошто домот шо го градам за детето сакам да е безбеден од секој аспект шо ќе ми текни, вклучително овој. Јас сакам да живеам во поголеми места, раздвижени. Ако партнерот инсистира во одделена населба кај шо не можам нигде да стигнам пеш или во село - долгорочно ќе се мрднам на такво место. Ова се покрупни шо ми текнуват. Нормално, зависно од ситуација и други работи можи да се deal breaker. Така да секогаш тргни од себе. Шо тебе ти смета толку многу преку кое не можиш да поминиш? Та тема е вредна да се дискутира и да се види дали има простор за компромис.
Колку си компатибилен со некој се гледа уште на почеток, но во фаза на заљубеност понекогаш луѓето се "помируваат" со некои нешта за кои претходно се колнеле дека тие никогаш. Има deal breakers ама има работи и кои не се инстант deal breakers ама дефинитивно би ја отежнувале врската за нормално да функционира. Ова е индивидуално за секој, и секој си има сет вредности и стандарди што ги сака во партнер до себе. Deal breakers за мене без можност за компромис се на пример: изневерување, насилство (физичко, психичко), не сакање потомство, мразење и не сакање миленици дома, живеење со родители (во смисла да ме тера да живееме со неговите), екстремна интровертност, сељачизам, коцка, дрога, долгорочна невработеност од ова што ми текнува моментално. Нешта кои не ми се баш одма deal breakers ама дефинитивно би ја отежнале врската или патот до врска се: скоро непостоечка смисла за хумор, екстремна религиозност (јас сум агностик, а нормален верник воопшто не ми смета), општа незаинтересираност за учење нови работи и за моите интереси, немање посебни цели и амбиции, незнаење да се водат длабоки разговори, неизлечени трауми, немање ист вкус на музика.. Нема двајца луѓе кои се комплетно идентични еден на друг и понекогаш треба да седните и направите компромис за некои работи, но за други едноставно не е можно и не сте еден за друг. Кога одбираме партнер не одбираме само љубовник, туку некој со кој заедно јадиме, патуваме, спиеме, делиме финансии, воспитуваме деца. Ми се чини дека со станувањето самосвесни и поставувањето стандарди, особено за жените, станува многу потешко да се најде компатибилен партнер во кој истовремено ќе се заљубиме. Но, секогаш е подобро да поседиш сама него да си ги спуштиш критериумите за маж каков што се наоѓа на секој чекор.
За да биде бракот успешен треба врската да ви биде супер. Уште во врска се гледа дали сте компатибилни, колку правите компромиси, дали само едниот прави компромиси. За тест на врската заедничко живеење барем 1 година. Важни теми на кои треба да зборувате со партнерот се: -Деца дали ги сакате, кога и колку. Како би ги крстиле. Дали ќе имате притисок по некој да бидат крстени.Воспитување на децата. Дали ќе помага во гледањето на децата. Пелени менување, правење храна за детето. -Каде ќе живеете. -Финансии. Дали секој ќе си ја троши својата плата, а за заедничките трошоци ќе префрлате на посебна сметка или пак се ќе биде на купче и така ќе се плаќа. Дали едниот значително троши повеќе од другиот. Од остатокот дали би ги потрошиле на патувања, лични луксузи како парфем, поскапа облека, нов мебел или би оделе на штедна книшка. -Амбиции. Посета на семинари, работење прекувремено за подобра позиција и плата дали би биле ок за партнерот. -Кој ќе работи по дома. Чистење, перење, готвење. Многу е важно дали и двајцата ќе си ги поделите тие обврски или ќе паднат на грб на едниот. -Религија. Ова посебно е важно ако партнерите се од различна религија пр. едниот е муслиман а другиот православен. Какви имиња ќе добијат, во која религија ќе бидат воспитувани. -Како би го поминувале слободното време. Дали имате заеднички интереси.
Многу работи треба да се размислат пред да се влезе во брак , но некои работи доколку ми пречеле во врска и нормално ќе минпречат и во брак, еве да тргнам од себе јас сум многу против цигари и не би сакала партнер што пуши цигари и води не здрав живот.исто така би ми пречело партнер кој не е искрен но тоа верувсм секому дека би му пречело. Работи преку кои не можам да поминам се секско невертво лаги , нездрава искрана,неамбициозност исто така доколку е многу религиозен не би можела со таков. Со мојот партнер сме погодени за сите работи но уште од почетокот зборувавме отворено за се. Јас прекинав врска од 8 години затоа што почнаа да ми сметаат мнпгу работи кај тогашниот партнер затоа што покачи килажа не се грижеше за себе , секој ден јадеше кфц , ројал итн.. толку многу ми засметаа тие работи и сфатив дека не би сакала да останам со таква личност.