Компирова Диета

Дискусија во 'Диети' започната од gaga.rocks, 10 јуни 2011.

  1. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Времетраење:3 дена
    Цел:-2 килограми
    Напомена:Со оброците се користи исклучливо интегрален леб, менито сите 3 дена е исто

    Појадок:
    За поголем успех, насабаље по станување напијте се 2 чаши вода. По 1 час имајте го првиот оброк и пред него не пијте вода. Појадокот е составен од:
    [​IMG]
    - едно парче црн тост;
    - намаз од немасно (растително) сирење;
    - домат или две краставички.

    •Меѓуоброк:
    Меѓуоброкот се спроведува час до 2 часа од појадокот и се состои од:
    - свежи ротквици.
    •НАПОМЕНА:Ако не сте гладни сепак пробајте 1 до 2 ротквици поради забрзување на метаболизмот.

    Ручек:
    [​IMG]
    Ручекот се спроведува 3,5 до 4 часа од појадокот (1,5 до 2 часа по меѓуоброкот). Состојките се следни:
    - салата од компири: 200 гр. варен компир исечен на кругови и 100 гр. домати исечени на кругови се прелеваат со 4 лажици супа и се меша со 1 лажица јаболков оцет, малку лук, малку сол и црн пипер по желба.

    •Меѓуоброк:
    [​IMG]
    - 1 рендано јаболко или рендан домат;
    - 125 гр. немасен јогурт (light);

    Вечера:
    Последниот оброк се спроведува 3,5 - 4 часа по ручекот... Составен од хранливите состојки:
    [​IMG]
    - 200 гр. излупен компир исечен на парчиња се меша со 1 лажиче масло. Компирот се пече во рерна 40 минути на 200 степени. Плехот е обложен со хартија за печење.

    •РАСПОРЕД:
    11ч. појадок;
    13ч. меѓуоброк;
    15ч. ручек;
    17ч. меѓуоброк;
    19ч. вечера.
     
    На Ellena07 и bitol4anka им се допаѓа ова.
  2. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    ДЕНЕС почнувам. Со дада сум на оваа и заедно ќе успееме сигурно.
    Појадокот ни е во 11ч. - 11 и 30.
    Има некој кој ја пробал?
    Еј, не разбирам за тоа со ОБРОЦИТЕ користете исклучливо интегрален леб. Значи може да се користи леб и со ручек, меѓу...?
     
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Jас првпат слушам за оваа диета,но не им верувам на компирите,верувам дека се лоши(според мене) :D
    Gага јади леб само кога ти пишува,не јади леб за ручекот и вечерата,затоа што веке имаш вклучено компири,а знам дека компирите и лебот не се мешале,компирот бил како леб да јадеш :wasntme:
     
  4. gaga.rocks

    gaga.rocks Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    35
    Секако знаев дека не се мешаат и не мислевме да јадеме во другите оброци леб али малку ме замути таа фраза.
    Инаку доручокот е готов, сеа во 1 и 30 2-3 ротквици (али имаат бљаак вкус) и во 3 ч. ручекот салата компири. Јас пак на све верувам во диети - па релативно 400 гр компири = 200 калории.
     
  5. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Искрено, не им верувам на ваквиот тип диети. Полна е шеќери и на крај да ослабиш? Хм... чисто сумљам!
    Единствено со ваквиот тип на диети, би можело да успееш, како што вели татко ми: за поручек имаш исто, за ручек истото и ко ќе дојди вечера си викаш „упм нека фати, не сум гладна!“ И така со нејадење на крајот ќе успееш, па диетата ќе изгледа ефикасна. Во сите можни диети на светот, компирот и лебот се најмалку од се препорачувани, повеќе има месо што е преполно маснотии, отколку компир и леб...
    Незнам, не сум сепак научник, ама од чиста логика мене така ми изгледа...
     
  6. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Ја има некој пробано па да каже дали ослабел? ;)
     
  7. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    511
    Ако во исхраната нема јаглехидрати, нема да може да преживее. Од каде би црпела енергија ако не се шеќерите? Само да не внесува протеини (градбен материјал) и масти (знаеме дека се таложат во поткожно масно ткиво).
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    од резервите :D Cекако не се препорачува 2 месеца без ј.х ама 1 месец ќе се преживее, со 20гр ј.х на ден!
    :)
    Kога организамот нема J.х ги користи сопствените, а ние знаеме дека J.х се складираат во организамот како масти!
    инаку, скраја да е, сигурно дека повеќе од 1 месец не смее без J.х :)
     
    На AhThatFemaleProblems му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Точно Лудо. Не реков јас дека не треба цел живот да јадиме јагленихидрати, туку зборувам за тоа каква е оваа ДИЕТА со јагленихидрати? И каква е таа комбинација на компири и леб? Пх... Нема теорија да се ослаби со ова, ако некој го мисли спротивното, слободно нека проба, па нека кажи колку кила се здебелил :) :) :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Многу ми е жал кога ќе слушнам дека компирот го исфрлаат од исхрана затоа што бил калоричен... Компирот е еден од најздравите зеленчуци се разбира доколку е варен или печен (никако во форма на чипс или помфрит).
    Неколку факти :) компирот има ниско калоричен вид на скроб, а 100 грама компир содржи 80 калории, наспроти лебот кој содржи 250 калории.
    Хранлив и лесно сварлив, особено ако се пече во рерна без зачини, компирот е дозволен за дијабетичари и помага во борбата против дебелината.
    Во народната медицина заедно со чајот и оризот се употребува во случаите кога строго треба да се избегнува претерано оптоварување на системот за варење.
    Компирот исто така има смирувачки и исцелителни својства за желудникот, ги подобрува цревните функции и може да помогне во надополнувањето на изгубените соли при пролив.
    Високиот процент на калиум допринесува во регулирање на артерискиот притисок, додека витаминот Ц помага во јакнење на природниот одбранбен систем.
    Поздрав и со среќа нека ви е компировата диета ;)
     
  11. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Никој не рече дека компирот не чини да се употребува ВООПШТО ниту пак дека се исфрла од исхраната. Тука стануваше збор за консумирање САМО компир. Е па и само вода да консумираш не чини. Или било што друго, да го јадеш нон-стоп. Тоа спаѓа во внесување на енолична храна, која секако, не е воопшто здрава, ниту пак квалитетна исхрана.
    Јас обожавам компир, и би можела да го јадам цел ден, ама мислам дека вториот ден веќе ќе ми се згади и нема да сакам да го пробам. Тој што успеал на овој начин да ослаби, нека пиши колку време издржал и како си поминал после тоа на болница.