кој не би сакал комлимент дека изгледа убаво или сл. ама не мора да значи дека машките кои делат комлименти поминуваат полесно кај девојките, мислам има исклучоци, ама кај мене не проаѓаат баш, посебно ако знам дека пр. не сум убаво облечена, а тој ми дава коментар лелелееее колку си убаво облечена напаст
Сакам да добивам комплименти но се со граници нормално.И да не би ценела повеке некого ако ми дава комплименти
Нема некој со не му годи комплимент. Ама и сами си знаеме кога ни е заслужен, не може јас со фризурче избанјато и тргнато и со подочници до колена плус и излупен лак по ноктите од неделната чистка а он иди и оооооооо шо убава си денес... Е сега мене он секогаш ми е најубав. Ко шо вели срцката моја То е оти си заљубена и не гледаш убаво
На сите ни годат комлименти, но научивме дека некој се даваат онака за полесно да се пројде, па и не паѓаме на нив нели . Јас од дечко ми често си добивам комплименти и тоа ми годи , сепак како што кажа ирена некогаш погледот кажува многу повеќе од зборовите.
Сакам да ми бидат кажани, а кога ќе ми кажат нешто не знам како да реагирам и се збркувам целата. Ги слушам ни често, ни ретко, баш колку што е доволно. Се согласувам со мислењето за погледот. Некои работи се подобри кога не се кажани, погледот ја разива и фантазијата.
Како и секое женско сакам и јас комплименти, посебно од машка страна ама некако пак женските комплименти ми се поискрени, зашто мислам дека женско не дава комплименти ако ставрно не го мисли тоа. Ама сакам да бидат искрени и дискретни, а не комплимнти од типит на "маче, косата ти е прекрасна"...а јас не сум ја измила 2 дена или пак такви некреативни - "изгледаш супер/убава си/денес изгледаш одлично" А мнигу повеќе ги сакам оние комплименти што не опфаќаат физички изглед
Најубавиот комплимент што сум го добила досега беше кога сред сесија, вечерта пред испитот, а знаеме дека убавината е обратнопропорционална со бројот на испити во сесија, т.е. колку повеќе учиш, толку повеќе ти обраснуваат веѓите, ти пркнува понекое бркче - кокиче и ти се мрси косата, во маало дојде либето, да ме почасти сладолед и да ме види. Знам дека се криев како глушец под капуљача, се` додека не ми рече: „Мене си ми најубава дури и за време на сесија“.
Ми годат комплименти на кое женско не му годат мислам дека нема таква девојка што не сака комплименти.Секоја девојка кога ќе слушне комплимент за себе се чувствува посакувана самодовербата и расте.Јас сакам да слушам комплименти но не го кревам носот го прифаќам тоа најнормално затоа што кога ќе се дотера ќе се скоцка секоја девојка нормално е да има и комплименти и тоа треба да си го прими најнормално.
Одкако почнав на работа непрестанато добивам комплименти,и дефинитивно тоа многу влијае на мојата самодоверба.Само нека продолжат сите да ме фалат,за повторно да станам таа личност која треба да сум.
Девојки морам да кажам дека ...ретко која знае да прими комплимент. Пример од реалноста: Одамна на една колешка и кажав: „WoW, денес баш убаво изгледаш“ Таа (љута, пази богати !): „А што сакаш да кажеш, други денови не изгледам убаво?“ Јас (навреден од гуската која не знае да прими комплимент ) „Паааа....да!“ И си излегов од канцеларија, од тогаш не и кажав ништо (ни добро ни лошо) во врска со неа....strictly business.
Сите сакаме комплименти особено девојките,и не само да делиш комплименти треба да знаеш кога и како да кажеш.
на саканата лиЧност треба да се даде комплимент а највеке кога гледас дека и е потребна.. се разбира ние девојкиве сакаме да ни дават комплименти но треба и ние да дадеме комплимент...
Не,не сакам комплименти.Имам една таква другарака,скоро секогаш на сите ни кажува некој комплимент,што дури понекогаш мислам дека е малку неиксрена и лицемерна
Секогаш давам искрени комплименти, а знам и како да ги примам истите. Нема да ти падне круната ако кажеш "фала" низ насмевка.
Да, некој може ќе ти коментира „Лепотица“ или „Најубава“, а вусшност неговото/нејзиното мислење за тебе е дека не си ништо посебно и има многу поубави од тебе. Позитивните коментари и комплименти на фејсбук се само за да испаднат другарки, не дека навистина го мислат тоа.
На секој му годат комплиментите. Кога се искажани после искрен поглед и во вистинскиот момент секој би се воодушевил.