Дали повеќе ви значи комплимент од женски или машки пол?Кој ви е поискрен.Мене лично многу повеќе ми значи кога е од женско бидејќи за женско да даде на некого комплимет мора навистина тоа да го мисли или навистина да е добро.А кај машките си е или од некоја полза или за да не те навреди.Ајде кажете ми и вие што мислите. Ако има слична тема слободно бришете
Што се однесува до машките..Ако ти го каже машко со кое го поминуваш скоро секој ден, без разлика дали е дечко или пријател, мислам дека би бил поискрен и ќе ти каже како навистина мисли. Доколку се работи за машко кое скоро сме го запознале, може ќе ни дели комплименти колку само да остави добар впечаток, да го добие нашето внимание, да ни се додворува и слично Женските, мислам дека најискрена би била најдобрата другарка и секако дека го цениме тоа Кога ќе ја прашам нешто како ми стои,секако дека сакам искрено да ми каже па макар и да изгледам смешно Со девојките со кои не сме толку блиски, исто така би можеле да дадат некој комплимент што не мислат дека е така кога сакаат да се спријателат со нас повеќе,да ни дадат до знаење дека имаат добро мислење за нас и слично. Редактирав бидејќи заборавив да додадам, највеќе ми значат комплиментите од блиските. Убаво се чувствувам кога некој ќе искоментира нешто позитивно за мене, секако. А „негативните“ комплименти кажани од небитни луѓе, се исто така небитни.
.....ако земиме генерално.... . .секако од женско е оној прав коплимент....жените сме љубоморни по природа едни на други,ретко признаваме,и затоа ако жена на жена кажува како е добро нашминкана,облечена,има добра линија е тоа е веќе нешто.. ..машките обично ако дадат комплимент е со намера некоја...и најчесто лажат..тие мислат едноканално и само во еден правец....како да ти го свирнат... ....е сега има исклучоци кога нешто иди од срце некој убав збор..чиста реткост и обично е од татко или брат... :geek: .
Kako тоа ние машките едноканално размислуваме и сакаат само да ти го свирнат,како може комплмент да дадам ако не го мислам тоа или не ми се допаѓа некоја Пс Не сум ви јас крив што налетувате на такви машки 'дупачи' ова во наводници го ставам,и не ги ставајте сите машки во ист кош.
...Ај не глуми лудило тука,и се прај невин во уши и очи....прочитај убаво,нигде не те спомнав ТЕБЕ.... шо одма се фрлаш и се удираш во гради....само си пишав мое мислење,генерално...а за исклучоци има,не велам не.... ....а дали јас налетвам на дупачи или не не е твое да судиш,не си ти крив...хахахха...... .....машките се исти...тоа е мое мислење,и точка....
Јас си го кажав моето мислење,а ти се најде поврдена па што вака реагираш? Што очекуваш да ќутам,и да климам со глава да во право си,е па не си во право,немаш право така да збориш за машкиот род разбра? ПС Жестоко ке си го бранам машкиот род.
..хахаха...не сум ич повредена..смешен си...само си пишав мое мислење..... ....и не очекував баш ништо лично од ТЕБЕ.....брани си машко мислење ама ТВОЕ не општо,прај разлика....... ..........поздравче........
Најмногу ми значи комплимент од дете, бидејќи децата се секогаш искрени. Потоа, дали од машко или женско ми е сосема сеедно.
Па искрено најмногу ми значи комплимент од машко што знам другарка секогаш ќе речи аха супер уба си ама од машко добиваш вистинаки комплимент