Компјутерски игри

Дискусија во 'Слободно време' започната од Puma445, 25 јуни 2011.

  1. Puma445

    Puma445 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Џоестик!

    За роденден ми донесоа џоестик за на компјутер. Незнам ни една игра па дали вие можете да ми кажете некоја интересна игра?
    Ви благодарам однапред!
     
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.059
    Дали и колку играте компјутерски игри и која ви е омилена? Или онлајн игрите ви одземаат повеќе време?
    Grim Fandango, Neighboors from hell, need for speed...Овие се некои јас што сум ги играла, па може и вие да дадете препорака за некои нови и интересни :)
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    5.140
    Сакам игри, убави ми се за релаксација и тепање време. Ама најчесто ги играм онлајн игрите. А од овие другиве Neighbors from hell ја имам решено цела 8) И Claw си ја сакам, ама знам и да возам :!: - Need for speed ја играв едно време. И GTA многу си ја сакам :inlove:
     
    На sparkle.q, Hipica и Nightwalker им се допаѓа ова.
  4. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    474
    Сакам компјутирски игри. Еве Кантар ја дотепувам дури и се замислувам терорист :D :D Супер Марио ми е некако убава игра и секако Гта како Шумахер сум :D
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.340
    Пол:
    Женски
    Интересна тема, игрициве од компјутер ќе ги паметам како дел од моето детство или преод од детенце во тинејџерка, ги играв некаде до 15 активно, а сеа само на Симс се подпирам како игра што ја играм во компјутер :D и не ја одкажувам се додека имам вишок слободно време иако во последен период ја запоставив(т.е ја играм периодично) зошто ми здосадува.
    Прва игра штоја играв на мојот прв компјутер беше Тарзан, како сега ја паметам, имаше стази и ја цела ја претерав (последната стаза беше да му избегаш на еден горила мислам и да го совладаш) и ослободуваш една женска.
    Аналогно со тоа играв и маме32, со пукање, со тенкови, со тепање се тоа играв.
    Играв и Кантер CS (ко машкуданка) тепав терористи мајке ми со калашников чесен специјалски збор. :D
    Играв и Нид фор спиид и Мотор GP, ја имам играно и Red Alert и стратегии од типот на Age of mitology и многу другиии(во моментов што не ми текнуваат) и една Сикрет аџент(на цедето и пишуваше барби) зна дека требаше да бидит со барбики играта, ама беше со тајна агентка која имаше мисии и со сестра ми му се лутевме зошто не можеме да ја пресоблакаме барбиката, Крејзи такси па се до мали игрици инсталирани.
    ААаааа сеа ми текна, играв и ПЕС(Pro evolution soccer3) и NBA2005(енбеа лајф, ту таузен енд фајв викаше при пуштање уште звукот го памтам имаше вистински екипи што постојат во моментот и најмногу играв со Далас со Дирк Новитски), ах да и ГТА ја играв Gta San Andreas и обичната со Томи па ја претерав едната, колку шифрми знаев напамет само, една уште памтам беше Aspirine, Nutertools ехее ушпте ме држит меморијата, една беше Бинг Банг за да ти експллодираат сите коли, па си возев формули, па одев во стриптиз клубови, па тепав проститутки по тротоар и им земав пари, возев коли и бродови над вода, правев војни(се тепав со полицајци и со хеликоптери, продавав разнесував пици, возев болничка и пожарникарна, ваѓав мисии, се тепав со мафијаши, ко ќе имав проститутка во кола нели влегуваа ако ти е колата помодерна и ко ќе застаниш во трева колата се тресеше, се тоа во гетеа) ее гета манија времиња :D
    Па сеа видете колку време сум поминувала пред комп. за време на играње(ама да се разбереме сум ги играла периодично, не сите одеднаш).
    Имам дооооолга играчка историја, кој е ко мене, а башка на тетрис, нинтендо и плејстејшн тоа не се брои и друга тема е. ;)
     
    На LittlePinky и Nightwalker им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    4.817
    Лично јас нееее (немам време), само кога малиот ме тера нешто онлајн да играме. Најчесто Том и Џери (едукативни се) :D и понекогаш возиме мотори, авта, камиони, багери. Ама сепак се сведува да му покажам а потоа тој сам игра.
     
  7. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Најмногу време ми одземаа игрите на Facebook , но откако почнав да играм The Sims 3 веќе не ги играм тие игри :D

    Други игри: GTA San Andreas(не дека ги извршувам мисиите, само си возам) , Madagascar итн :clap:
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.703
    Порано многу повеќе играв, сега некако не ми се толку интересни, ниедна од поновиве не успеала да ми го задржи вниманието. Или па јас лошо стојам со време.
    Инаку, омилени ми беа GTA (ја обожавав :lol:), Red Alert, а многу ја сакав и Симс-вториот дел најмногу.
    Сега веќе ни на фб не играм ниедна игра. :|
     
  9. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    4.430
    Пол:
    Машки
    Да не почнам да пишувам на оваа тема за „искуствата“ низ годините што сум ги минал со компјутерските игри, од еден, преку друг, до сосема трет жанр... :lol:

    Ќе сумирам само со една реченица:
    Да не беа компјутерските игри, јас немаше да го засакам толку англискиот јазик, и ќе бев добри 45% под нивото на кое сум денес, а притоа тешко и дека ќе можев да се пофалам дека со тој јазик се занимавам и професионално. :)
     
  10. Angel4e123

    Angel4e123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    85
    A oнаа играта:Neighboors from hell,се симнува или се игра на нет. онлајн? :)
     
  11. Towelie

    Towelie Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    685
    Се симнува,али фората е шо ќе мора да се кракува,пошо само со цеде се игра =)
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.253
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    во последно време не играм воопшто немам време, инаку sims, call of duty,brother in arms, battlefield vietnam,vietcong (обожавам воени игри,дечко ми ме зарази)
     
  13. bonbona92

    bonbona92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    128
    ЗУМА! Ко будала некоја по цел ден кликам со тоа маусот :D
     
  14. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.351
    Јас сум гејмерка..хахах. До пред извесно време бев заразена со Кантер, и тоа можеби беше причината зошто не учев еден период.. :D .Потоа COD, LOL- тапа графика, Dota, сите ги имам поминато. А моментално во компјутер само Симс ја имам. Тежок период.
     
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.700
    Пол:
    Женски
    Моментално ја имам во компјутер само Virtual Family. Интересна е слична на симс. Инаку еден период играв и Кантер ама ме блокираа бидејки пцуев :rofl:
     
  16. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.879
    Во моментов немам некоја игра на компјутер, за жал..
    А порано, кога бев помала, Херкулес, Тарзан,Captain Claw, Santa Claus, маме 32, Need for speed, GTA, Зума, SIMS, кантер како играв, машките не ми беа рамни :D со саати :) дури и не ми текнуваат имиња на игри, кој знае колку имав..
    А пак на тој ПЦ што го имав прв, тетрис, пакман..
    да не зборувам за нинтендо, со тенкови, со атлетика, СУПЕР МАРИО...
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  17. happygirl

    happygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    12.919
    Пол:
    Женски
    Кога сме веќе кај Супер Марио, едно време имаше на Фемина мислам линк од оваа игра. Ја играв, ама сега не можам пак да ја најдам. Anyone?
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.340
    Пол:
    Женски
  19. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.887
    http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B1 ... %80%D0%B8/ :)
     
  20. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.245
    Допаѓања:
    1.542
    Јас баш ги сакам компјутерските игри...И кога немаш интеренет можеш да си играш и плус тоа се релаксираш.
    Ги имам играно Симс,Мамето,Гта Сан Андреас(многу бев заразена од играта),зума(има ли некој кој не ја играл? :D )Супер Марио :)
    Сега сакам да си ја симнам симс ама ми ја нема онаа програма со која ги отварам преку торент...Заборавив како се вика :?: