Компјутерски ормани - апликација на компјутерот или веб страна на која може да прикачуате слики од вашата облека за да можете да си ја средете. Дали би користеле нешто вакво? Вашето мислење и ако користете кажете која програма и дали сте задоволни. Јас лично слушнав за оваа одамна но неодамна најдов апликација за на компјутерот. Не би сакала а користам веб страна за таа прилика. Користам HomyFads. Не ја користам секој ден но добро ми доаѓа кога сакам да видам што се имам . Интересно е. Вашето мислење? Не видов ваква тема. Ако има сепак клуч.
Звучи интересно. Не сум користела, впрочем првпат гледам за нешто вакво. Ајде кој користел нека сподели инфо, па може и јас да симнам некоја ваква апликација.
^^ http://download.cnet.com/HomyFads-Wardr ... 01587.html http://fashionfinder.asos.com/ http://www.closetbank.com/
Ми изгледа интересно, би сакала да пробам. Често заборавам што имам во плакар, па вака можам да правак комбинации без да вадам се и да направам хаос кој после треба да се средува А ова програмчиња за виндоус се? Ако има некој апликација за Мек нека стави....плс
Јас ги најдов овие работи на Кафе пауза. http://www.kafepauza.mk/zivot/organizir ... kompjuter/ Првото е апликација другите се веб страни за регистрирање. Јас директно првото го симнав. На овој линк има и за Мак и за Виндоус http://download.cnet.com/HomyFads-Wardr ... 01587.html Само треба да селектираш Мак софтвер. Прочитај го првен текстот на страната еве еден извадок. За оние кои едноставно сакаат помош од некоја софтверска апликација која ќе има улога на потсетник за сè што тие поседуваат во својот плакар, HomyFads ќе биде најдобриот избор. Доколку пак, повеќе сакате да споделувате сè што ќе направите, комбинирајќи ваша облека и онаа која би сакале да ја имате, тогаш ви препорачуваме да изберете некоја од останатите две апликации на оваа листа. Секако, не заборавајте да ги земете предвид нивните предности и недостатоци.
Симнав и јас ова, ми изгледа интересно само не сваќам со гардеробата како? Јас треба да си ги сликам моите и да ги ставам или? Едит:се снајдов
Ноуп. Нема за Мек. Се утепав од барање од вчера од коа ја видов темава ама ништо. Не ми се ставаат баш слики на сајтови, сакам апликација ако најде некој нека пише
Луѓе ај принт скрин напраете да видам што е ова чудо, и за што ке ми служи , да знам дали да симнувам
Еве ти екранот. Само личните работи си ги покрив и името на гардероберот што сама го именуваш. И да треба да си ја сликаш облеката па после Еве уште една слика. И да изгледа нема за Мак
Ова ептен интересно ми гледа, искрено прв пат прочитав во Сдк мислам Пинк4евер имаше зборувано за оваа програма. Се повикува Пинк да ни каже нешто повеќе тука А програма мора да се спушти преку нет ја нема да ја купиш на цеде на пример? И мора да се слика секое парче облека посебно? тоа одзема многу време и фактички секое ново парче облека треба посебно да го сликаш .
Ами како сакаш ама попрегледно е секое парче облека посебно. Оваа е виртуелен гардеробер. И мене ми одзема саат време ама си најдов две блузи и сега повеќе ми е прегледно кога треба да барам нешто. Ким да само тоа е мислам тука можиш и да направиш повеќе ормани. Сајтовите се за создавање на комбинации. Како што пишува: За оние кои едноставно сакаат помош од некоја софтверска апликација која ќе има улога на потсетник за сè што тие поседуваат во својот плакар, HomyFads ќе биде најдобриот избор. Доколку пак сакате да споделувате сè што ќе направите, комбинирајќи ваша облека и онаа која би сакале да ја имате, тогаш ви препорачуваме да изберете некоја од останатите две апликации на оваа листа.
Го симнав ама не ми се гледа нешто посебно интересно.А и немам којзнае колку многу облека па да не знам што имам,па да ми треба овој гардеробер.Си го знам секое парче облека,не е во огромна количина па да не можам да се снајдам.
Мојот компјутерски орман веќе функционира Значи си го симнувате програмот, го инсталирате, си правите гардеробер, ги сликате сите ваши облеки и ги поставувате во програмот, десно ја пишувате бојата на секое парче, за потоа во полето сеарч само да ја побарате бојата и да ви испаднат сите такви облеки. На тој начин можете лесно да знаете што се имате, за одредена боја и да комбинирате без да се туфкате околу шкафот. Во почетокот ми делуваше малку глупо, но подоцна видов дека голем дел од мојата облека многу ретко се носела и изговорот " нема што да облечам " не бил толку точен. Овој програм исто така ви овозможува да направите повеќе гардероби т.е може да послужи и за вашите најблиски. За повеќе инфо и детали како да се започне прочепкајте тука - http://homyfads.sunlitgreen.com/wardrob ... rials.html Ова е практичен програм, затоа што сликите освен на вашиот компјутер неможат да стигнат никаде на друго место, додека за останатите предлози дирекно ги прикачувате на интернет. That is all
Пред некое време налетав на некое вакво програмче за мобилен, интересно ми изгледаше и го спуштив, но некако мене ми е непрактично, што знам поинтересно ми е да извадам пола облека од гардероберот и да се мислам што да облечам отколку вака па и успат да си најдам некое блузиче што го имам заборавено и да му се израдувам ко да ми е што туку купено ...
Го симнав ама не е многу интересно, ај што ќе се намачиш да ги сликаш, после за сите детаљи да пишуваш плус неможеш да комбинираш туку само онака.. сликишта хах
Да ви кажам јас го забораив веќе. Интересно е првите денови ама после некако... Како што рече Линн1 полесно ти доаѓа да отвориш плакар Или треба стварно да имаш многу многу гардероба ( цела соба ) па да ти биде од олеснителна помош.
Ова е нешто како во филмот Clueless кога Шер наутро одбира што да облече и го прашува компјутерот да и прави комбинации
Баш е како Шер А едно прашање плус девојки може во програмава да внесам кое парче со кое ми оди па така да ги пребарувам? Или евентуално да ми извади комбинации претходно внесени? Пошто мене таму ми е маката не дека имам миљон алишта па ги заборавам туку во момент ќе ми текне дека оваа сукња што ја носам можело и со онаа старата маица од пред сто години иако не ми одговарале до вчера пошто денес сум си купила марама што ги спојува во супер аутфит! Би можело чудово да ми помогне?