се појави redirect вирус, што и да отворам, се преиначува во некои други страни, како игри, лотарии, спортски обложувања и слично. Се обидов со инсталирање на разни програмчиња за отстранување, чекор по чекор туторијали од јутјуб но не помага ништо, совет?
ми се појави ова на компјутерот и кликнав на иксот. и одма откако го исклучив ми се појави како балонче нешто во кое пишуваше: „среда, 18 мај 23:00“. прашањето ми е: дали самиот виндоус ќе ми се инсталира? јас треба да одобрам да ми се инсталира? да не се наплаќа? и дали и вас што имате виндоус 7 ви се појавува ова? и доколку да како сте го решиле?
Веќе не знам кој ад блокер да ставам на Операта. Хромот престанав да го користам баш поради тоа што откако ќе ставам еден ад блокер одма ми кочеше, па за сега бев од Операта најзадоволна. Порано еден до два адблокери беа доволно, после извесно време морав да ставам уште еден зошто веројатно повеќе реклами има во иднина. Сега имам премногу: И ова најново денес што го ставив: го нема како посебен додаток како кај другите и денес сајтов и другите места преполни се со реклами. Неможам еден клик да направам како што треба ... ни каде, сем фејс ми е засега нормален ама твитер, тамблр и фемина едвај пишувам, едвај скролам, едвај кликам. Дали знајте некој друг ад блокер кој можам да го искористам? Нешто друго? Како вие се спревувате со вакви досадни реклами? пс. порано користев Аваст и прочитав дека многу реклами потекнуваат од него и откако го избришав голем % од рекламите се намалија. Сега користам AVG ако е веќе битно ..
јас мислев дека користам Ad block ама сега проверив Ad block plus сум имала, незнам дали е некоја понапредна верзија, еднаш порано инсталирав и неам чепнато, ама од кога го инсталирав никогаш повеќе неам проблеми со реклами...дури не те прочитав не ни знаев дека имало потреба од повеќе различни адблокери...види ако не пробај со овој
Здраво ,имам еден проблем со принтерот, ми се случи одеднаш рс да не го наоѓа принтерот , неможам ниту да скенирам ниту да принтам.Пробав да го деинсталирам , но при повторна инсталација ми излегува connect your product now, а се ми е уклучено и поврзано со усб,пробав со друг усб кабел истото, значи не е ниту до кабелот, ниту до усб влез во рс зошто други усб конектори ми работат, проблем е само со принтерот не го наоѓа не се поврзува со него, а принтерот работи, можам само да правам копии. ПОМОШ !!!!
За да се привикнам на џојстик денес зедов еден доста ефтин, компјутерот ми го прифати, ама игрите не ми го читаат. Ми фали нешто да слезам или шо да прам не знам стварно? (не зборам за рандом игри, туку игри кои знам дека поддржуваат и подобро се играат со џојстик)
Да прашам компјутерот не ми се уклучува целосно и ми се појавува црн екран со текст и ке го носам на форматирање.кога ќе го однесам дали претпоставениот ќе може да има пристап до сите фолдери.. итн во компјутерот пред да се избрише меморијата?
Луѓенца што се разбирате околу лаап топи просветлете ме ☺ имам проблем со полнење на лаптопот мислев дека е до полначот го сменив но пак исто полни само во одредена положба ако малку го мрднам полначот неполни дали можно да е расипано џекчето кај што се приклучува полначот, дали тоа воопшто може да се смени и колку би коштало ако некој знае?
да највероватно е тоа, штом си пробала со друг полнач..ако ти е лап топот под гаранција однеси го од каде си го купила би требало да го средат ако не кај друг мајстрор..најверотватно треба малку да се залеми..сепак мора да го види мајстор
Би ве замолила долку некој има activation key за windows 7 ultimate да ми го пише во лп. Почнаа да откажуваат работи, а немам време да преинсталирам друг зошто ми треба за испити.
Сакав да прашам..На skype си ја заборавив лозинката пред многу време го направив и дали еднаш два пати се оклучив е сегаа си ја заборавив лозинката..Само адресата си ја памтам..Дали има шанси некако да си го вратам или да си правам нов..
Ако знаеш кој имејл ти е поврзан со скајпот, отвори ја апликацијата скајп, пиши го имејлот, наместо пасворд пиши нешто агсдкјахбкдцјбкцс и оди на Forgot Your Password, ќе ти стигне имејл за да си го смениш пасвордот и тоа е тоа.
Тоа сакав и да прашам не си го знам имејлот само адресата си ја знам..Значи без имејл ништо не можам да направам..