Здраво, Како да го сменам пасвордот на wi-fi? Претходно имав модем поврзан на телефон , на него дополнителноо поврзав рутер за да имам wi-fi, а сега преку близу ми ставија директно на комп. рутер и неможам да си променам пасс. Се уклучував на 192,168,0,1 и ми се уклучуваше страната на Тенда рутерот и си менував без проблем пасворд. Сега кога ќе се уклучам на 192,168,0,1 ми дава да се логирам , но не ми го прифаќа user-от. Хелп?
Јас можам само да погодувам за што би можело да станува збор... Мислам дека е поврзано со кулерот т.е. вентилаторот... Кај мене еднаш така на постариот лаптоп ми брчеше затоа што не бил исчистен. Сепак мислам дека треба да го однесеш кај некој кој се занимава со тоа. Вака, и да дознаеш што е, џабе - кога не можеш да си помогнеш сама.
Компјутерот при секое уклучување треба да го чекам 20мин. за воопшто нешто да се појави на екранот, со пропратени неколку рестартирања бидејќи не знам што да му правам кога така не се уклучува. Значи го стискам копчето, куќиштето си почнува да работи, исто и тастатурата и маусот светкаат, а на мониторот ништо нема. До сега ми успеваше така да го рестартирам на копчето неколку пати па да се уклучи, ама не верувам дека тоа е добро решение, и плус ме нервира да го чекам толку време. А некогаш па си знае одма за минутка да си се уклучи најнормално. Што може да е проблемот?
Ми треба некој кој може да пронајте Ип адреса се разбира си плакам колку ке му кошта на човекот кој знае и умее нека ми пише лп
Оди на линков и ќе ти каже веднаш: https://www.whatismyip.com Овде најчесто се праи блог: https://www.blogger.com/about/?r=1-null_user Провери во прирачникот со кој го имаш купено рутерот кој му е фабричките username/password , најчесто се admin или 1234. Ако не, направи фабрички ресет, кај рутерите има едно копче одпозади кое после 5~ секунди држење ќе го форматираат рутерот, и тогаш обиди се да ги внесиш фабричките username/password. Ако ништо тоа, провери дали можеш да се уклучиш на 192,168,1,1
не си ме разбрал точно ми треба некој кој може да му ја дознае ип адресата на еден фб профил кој ме замара упорно
Кај мене беше слично така. И кога ќе се појавеше слика на екранот компјутерот беше практично не употреблив во следните 20тина мин. Како да се мачеше. Префрлив скоро се од C: на D: Сега везе. Можда не е истиот проблем ама среди го малку па можда ќе функционира подобро.
Маусот вчера ми откажа. Свети кога ќе го пуштам, ама не функционира и некако со тастатура влегов и нема драјв за него. Отворив и кај брат ми на лаптоп, и на компјутер - таму е се во ред и маусо се користи. Јас немам и тачпад, никако да станам и да одам да го попрам, па вака лимитирано со само тастатура што можам да направам зошто вака работите кои можам да ги прам на лаптоп се лимитирани, а неќам да купвам маус, а имам функционален покрај себе, само не доволно функционален, ете. Секоја помош е добредојдена.
https://help.gnome.org/users/gnome-help/stable/mouse-problem-notmoving.html.sr@latin Можеби ќе ти биде од корист. На комјутер често знае да се измрда кабелчето па да не функционира глушецот.
Ќе го прочитам утре штом станам ова, па ќе видам како ќе биди. Крај краева ќе одам конечно за тачпадот да ми направат, па уз пат ќе му однесам и маусот :') Фала ти.
Незнам дали е оваа тема соодветна но имам проблем со таблетот, не се полни повеќе од 30%, секогаш прекинува на 28-29%. Имал ли некој сличен проблем, значи полначот веројатно е ок штом го полни до таму. Пробав и фабрички ресет му направив и пак ништо. Молам за помош ако некој се разбира.
Имам лаптоп со овие карактеристики и најверојатно му е прегорена матичната плоча. Колку би ме чинело да ја сменам?
Имам некој проблем со компјутерот. Кога ќе вклучам интернет некако е спор и цело време кога се обидувам да скролам надолу пример ете на Фемина или Фејсбук ми закочува по неколку секунди па потоа продолжува. Многу често закочува, не секој пост скоро. Ја проверуваа конекцијата и брзината на интернетот се е ок. Скенирав вируси да не има, не ми јавува ни такво нешто. Кој би можел да е проблемот? Многу се нервирам, неможам на раат интерет да користам. Ми доаѓа да го треснам директно во канта
Здраво, не знам дали е за тука ова прашање, но ако може некој да помогне некако. Тие коцки што ми се на Microsoft Word не знам како да ги тргнам, па ако знае некој нека ми каже.