Зошто некои слики што ми се пратени во чет на фб се отвараат како да се во помал формат, а уствари се иста нормална големина како и останатите што ми биле пратени? Само од компјутер ми се случува ова.
Ако пишам порака на Viber на некој што не е активен (пред 3 дена) значи нема delevered и кликнам „delete a message for everyone“ и го деактивирам виберот дали ке му стигне тоа дека сум ја избришала пораката кога ке се уклучи иако сум деактивирала вибер
Еднаш прашав и сега не можам да си го најдам решението на мојот проблем. Имено, имам документ во пдф со слики ....и ми требаат дел од тие слики да ги кропирам за во ворд документ а при тоа и да ги преведам зборовите од англиски на македонски на некои од сликите - објаснувањата посебно. Како би било најлесно ако не друго, барем сликите да ги превземам од пдф во ворд
Од пдф во ворд директно не можеш... Можеш инсерт да им направиш кога ќе ги имаш како слики (било кој формат: jpeg, bmp, tiff) Најлесно е да ги кропнеш со фотошоп, ако имаш - ако немаш пробај ја оваа онлајн алатка; http://www.pdfaid.com/ExtractImages.aspx ги вади сликите од пдф фајлот и ти дава да ги симнеш како зип
Новата игра на South Park (South Park Fractured But Whole), the Batman telltale Story најчесто ми кочат ненормално. На canIrunit имам некои минимални квалификации за да ги играм ама по пет минути во игра почнуваат да лагираат, лаптопот ми се загрева и играта крашнува. Поќе не влегва. Deadpool, LoL, WoW, Sims3, Sims4, и многу други сум немала мака, туку само со овие горе, а ептен сакам да ги играм. Треба да се помирам дека не можи, или ... ?
Ми падна лаптопот.Кога ко отворив за да го приклучам екранот е целиот шарен и не сака да се пушти. Има гаранција уште ама Не знам дали ќе можат да го земат за поправка. Плус не сум моментално во мк,кога ќе се вратам да им го однесам за поправка? Имам гаранција до октомври.Не ми е толку потребен лаптопот,би си купила нов ама сликите од малата ми се сите внатре,за тоа ќе ми биди најмногу криво ако не се поправа
За жал, не знам. Јави се во овластениот сервис, ќе ти кажат. Распрашај се и по други сервиси, можеби ќе најдеш и поевтино.
зависи од марката и оштетата...ако ти е уште под гаранција носи го на сервис од кај што ти е купен, за ова оштетување не ти важи гаранцијата ама ако го однесиш на друг мајстор и тој го отвори после не ти важи повеќе гаранцијата..иначе на сестра ми исто вака и пукна т.е. и се скрши мониторот и пред 3-4 години и бараа 12 илјади за нов екран а толку ни лап топот не вредеше..па го однесе кај мајстор тој и најде за 6 илјади..на колешка моја пред една година 3500 и зедоа за цел нов екран ама пак кај мајстор а не во овластен сервис...тие мислам секогаш поскапо земаат ама најубаво да го однесиш кога ќе дојдеш во мк да го видат па да ти кажат проценка
Тука само екранот е оштетен, ако не сакаш да го поправаш во смисла дека нов екран не е исплатливо можат да ти ги префрлат сликите од хард дискот на усб, цд било што.
Така можеби изгледа на слика,инаку надворешно не е пукнат екранот,само линии што трепкаат се познаваат ко ќе го пуштам. За да го однесам на сервис од каде што е купен ќе можам дури во јуни сакав овде да го однесам на едно место,најдов на нет ама не знам што да правам сега. Најважно ми е да ми ги префрлат некако сликите од него,а и не вреди да давам многу пари за поправка оти тој кошта околу 14.000 ден. Инаку е Асус
Тастатурата на лаптопот не ми работи како што треба. Вчера кога го исклучив се беше во ред. Денес го уклучувам и не можам да се логирам. Функциите на некои копчиња се испомешале. Пример на X и C ми се уклучува Caps Lock, D и Q се понашаат како Alt, А реагира како А+Enter. Јас не знам што да направам за да ја вратам да работи нормално. Ја извадив батеријата, го рестартирав милион пати, го деинсталирав драјверот за тастатура и пак го инсталирав, направив се што најдов на гугл ама се е залудно. Некој да не знае некое чаре?
Имам принтер со скенер Епсон, но не знам како да го приклучам со компјутерот. Тоа околу каблите ќе се снајдам, ама колку што се сеќавам требаше да се инсталира нешто од некои ЦД-а, што јас ги немам. Има некако шанси преку интернет да симнам тоа што треба или? И што? Некој да ме упати pls
До сега сум имала три типа на принтери и сите имале само два кабли - еден од принтер до штекер и уште еден од принтер до куќиште (usb завршеток). За драјвери ти кажала @Antolinaa , пиши модел и на официјалната страна ке ги најдеш.
Шо треба да напрам? Сите страни ми функционираат сем Нетфликс. Претходно на google ако пишев нетфликс и отворев: Ми отвораше, сега никако не ми отвора. Антивирус немам, друго искрено не знам дали имам, немам ништо чепнато од кога ми го преинсталираа. Како да го средам, шо треба да напрам?