Тоа што ти се појавува значи дека не ти е лиценциран виндовсот,а во продавницата каде што си го купила ке ти кажат да си купиш лиценциран виндовс кој кошта над 120 евра. Има решение секако со програмчиња
обично на компјутерите тука им ставаат ко хакнат windows, или ко trial верзија која поминува по околу 6 месеци. во продавница не знам што ќе направат, јас сама си симнав апликација што го активираше windows, ама немораш, може така да го оставиш, не ти менува ништо само ќе ти стои во ќошето "activate windows"
Како може да се подеси на таблет пример на еден од двата tab-a на chrome имам фб отворени, кликам на пример профил на Х особа и се отвара нов tab, ги листам сликите на таа особа се отвараат 20 taba. (пример, ако ги листам сите 20профилни слики). Чаре? Порано инаку не ми се случваше ова, дали може од вируси да е?
Има ли некој шо може да помогне Тв нема интернет. Поврзано е се и ми дава да уклучам WPS на рутерот Е проблем е шо не се уклучува никако и рестарт на рутер му направив и ништо
има ли некој со познавање за лап топ? хах, сакам да одберам, ама појма немам каков се мислам меѓу два па да ми помогне во порака фала
Си купив принтер, половен и кога го укл ми се испринта еден лист, мислам беше од некоја фирма, па ми стана сомнително да не е случајно украден. Е сега прашањето ми е дали може на било каков начин да ме поврзе со фирмата, преку факс или мрежа па да си имам проблем?
Не е украден, принтерите имаат кеш мемори па останала некоја страна зачувана. Донт вори би хепи Кажи за која намена ти е и пиши ги конфигурациите ќе ти помогнам
Лаптотоп ми побара update и откако заврши со се сам се исклучи и јас само го поклопив екранот.Наредниот ден кога го вклучив не ми работат стрелката и тастатурата.Го рестартирав,му ја извадив батеријата и пак ја ставвив но ништо.Дали некој може да ми помогне?Инаку батеријата е расипана и работи само доколку е вклучен на полнач.Порачав нова ама додека да стигне... за HP Probook 4535s
Ќе побараш дали има малецко дупче на долната страна на лаптопот и со игла или безопасна ќе боцнеш тука за да чуеш клик, со тоа ти се ресетира лаптопот и би требало да ти е океј после. И мене така ми се случувало неколку пати со тастатурата, но вака се средува да си знаеш и за другпат. Е, сега ако нема ресет дугме, чепни со драјверите нешто или направи реверс на апдејтот.
Си пуштив филм и во позадина се слуша музика како на игра. Незнам од каде е пуштена, кога го исклучам филмот и таа се гаси.. Како да ја исклучам?
Лаптопот ми беше во мојата соба во која нема греење и го однесов во дневна го уклучив си стартуваше и после неколку минути се исклучи.Сега кога ќе го уклучам светат копчињата ама нема ништо на екранот.Што цркнало и како да го поправам??Помошш
Да не е испразнет скроз? Остави го на полнач некое време или пробај да ја извадиш и ставиш батеријата. Ќе се упраи се шекнал нешто изгледа мн жешко наеднаш му дошло
Лаптоп нов(купен пред две-три години), многу малку користен многу кочи и е многу спор, а не е полн. Што може да е проблемот?
Мислам дека не е убаво лаптопот или било што друго од помодернава технологија да се остава во ладна просторија. Јас еднаш така работев на лаптоп, го изгасив, го оставив во ладна просторија и утредента го најдов мокар. На мојот среќа не му беше ништо, на твојот да не му прегорел екранот? Ако се направило ко пареа па допрело до некоја жичка...
Пробај генерално да го исчистиш или да не има некој вирус или пак игри кои се многу големи..избриши ги. А...и не го апдејтирај многу често.