Нема врска и пиратерија да е не ти менува ништо тоа,а во Нептун можно е да ти нудат оригинал Windows кој е поскап.
Здраво Ме молам за мала помош вчера си истурив течност на лап топот и сакајќи да го исчистам извадив три копчиња и сега ги скршив платиките под кошчињата ( мали бели се кај мене ) е сега копчето работи само не стои нема на што са го наместам. па прашањето ми е дали морам за тие три копчиња да купувам цела тастатура или има некаде да менуваат само копчиња
Дали си сигурна дека се скршени? Јас често ги вадам копчињата за да исчистам, некогаш тешко се местат, ама никогаш не ми се скршиле.
Здраво, денес отворив ЦД од компјутерска томографија и несакајки отидов да се форматира Цд то, е сега дали има опција да се вратат снимките или?
CD неможеш да форматираш! А доколку си го форматирала хард драјвот можеш,со програми наменети за враќање на избришани податоци да пробаш да ги вратиш.
Благодарам, баш и не се разбирам многу, но кога ми го отвори CD то ми излезе Burn и несакајќи кликнав, и сега ги нема снимките.
Ахаа ама тоа не е форматирање туку на CD- то имало простор а при првото снимање не ја одбрале опцијата за финализирање т.е. да не може повеќе на него да се снима и со самото тоа што си одбрала Burn започнало со преснимување. Дали го остави Burn да дозаврши или го извади додека траеше снимањето?
Незнам каде да го поставам прашањето ако не е за тука може да се премести. Имам проблем со јутјуб, порано тука ми излегуваа јутјуб итн а сеа овие ми се појавуваа и неможам да го најдам јутјуб (youtube) и незнам како да го средам, помош ако некој знае?
Вака сега оди во менито со апликации најди ја YouTube апликацијата одбери ја но не ја отворај,нека стои како селектирана и од далечинското пртисни на (Fav) Add to fav и ќе ти се прикаже на почетна после тоа!
Десен клик на дисплеј одбери ја опцијата Properties или Display properties и тука имаш опција за ротирање на екранот.
Некој да ме упати каде можам да ги најдам бесплатните кодови што се менуваат постојано на Eset antivirus?
Зарем уште користите антивируси? Инсталирај Windows 10ка и тој си има вграден антивирус и дефинициите за новите вируси се апдејтираат со апдејт на виндоусот.