Никако преку торент. Ќе си го симнеш директно преку страната на Мајкрософт. Ќе си го инсталираш и ќе си симнеш KMSpico стриктно од mydigitallife форумот за регистрација. Се друго е ризично и не знаеш кој го прикачил тој img фајл на торентот, која верзија е и што имаш внатре.
Сега проверив го има,само не е на првата страна кога ќе пребаруваш туку на наредните. Не е толку опасно,сите системи што сум ги симнувал биле од торенти не сум имал никаков проблем. Се разбира инсталациите биле чисти без никакви додатоци. А да може и вака како што напиша ти,само мислев да не му е покомплицирано така.
Која година е? Што конфигурација има? Процесор? РАМ? @Bratot , Нема потреба така. Овака ем легално си го симнува, ем сигурен си е. Во сите фирми каде што сум работел овака си го симињаме + клуч што мораме да купиме, не смееме KMSpico да користиме.
Јака машина имаш. се разбира 64 битен ќе си ставиш. 32 може да оди само на оние праисторискине што се до дуал кор процесор и 2 или помалце ГБ РАМ.
Зависи што ќе симињаш. Таму има апдејт на веќе постоечки виндовс 7 или пак нова инсталација (што ти предлагам јас) преку бутабилно УСБ или ЦД. Се ти е објаснето на линкот што ти го дадов. KMSpico е активатор за виндовсот. Ама гледам дека немаш многу познавања од оваа проблематика, така да би те советувал да викнеш некој другар што знае повеќе или пак да го однесеш во сервис да ти го инсталираат. Сепак, не е играчка. Еве ти туторијали:
Сакам да ве прашам еден комши дојде со лаптопот и преку мојот интернет WiFi и тој не го знае пасвордот и после тоа сакав да го исклучувам за да не го користи мојот интернет, стегнав unconnect па после го рестартирав рутерот од интернет. Дали после тоа ќе му побара пасвордот или пак ќе се конектира без пасворд?
сите тие што имаат компјутерски, хардвер проблем, софтвер, нека ме пингаат ќе се потрудам за помош :]
https://www.neptun.mk/categories/prenosni_kompjuteri/ASUS-X509UA-EJ064-i3-7020U-4GB-256GB-SSD mislenje za ovaj laptop za domasna upotreba ne igranje igri.
во тој ценовен ранг мора да има некаде лаптоп со 8гб рам, и 8ма генерација на кој било интел процесор i3,i5,i7. Нептун продаваат солено за помалце, зошто не разгледаш и на други места?
Nema na drugi mesta ista cena e sekade a ovde mi odgovara nacinot na plakjanje. Plus i na oficijalnata sttana na asus cenata e taa taka da ne gledam deka e vo neptun preskap. Plus 20.000 i ne e nekoja visoka cena. Samo me interesira kako konfiguracija dali e dobra zasto ne se razbiram. Ne znam dali Nividia ili Intel graficka. Ima i so 8 ram ama ide so Endless sistem instaliran, kako kje go trgnam pa da stavam windows.. taka da ima mnogu prasanja
реално цената е тиња за тие делови, на времето зедов и5 со 8гб рам и нвидиа графичка + интел графичка имаше за 26 илјади. поентата е да те служи што подолго, инсталација на windows е лесно + безплатна лиценца се наоѓа насекаде на интернет :] најбитно е да имаш брз процесор 8гб рам минимум и SSD
A be tebe ti e lesno da trgas eden sistem a da stavas drug koga se razbiras Fala.kje razgledam drugi opcii. Ne mi bese planirano ova ama mi rikna Toshibata posle 6 -7 godini i mora nov. Inaku jas so Toshibata sum emotivno vrzana inaku pomine li 2 godini garancija odma prodavam.i menuvam.
ти купи другото е лесно, затоа е форум да си помогнеме, ако си будала да бираш по тиња лаптоп ради тоа што немаш Windows based OS. Тој оперативен што си го видела е Linux и не го препорачувам да го користиш, опсвен целосна преинсталација со Windows 10. Без пари би ти средил, бидејќи нашиве знаат да наплаќаат за оперативни системи :]
И да немаш кој беспари да ти стави Windows, за 600 денари ставаат во некои сервиси (татко ми толку има платено лани), секако со некок хак за лиценцата. Ама се согласувам дека е многу лесно тоа да се направи со малку познавање, јас имав 3-4 верзии на Windows на цд низ годините. Ептен се омажив за компјутерџија, па ги забаталив, иначе сама си преинсталирав лаптопи скоро 10 години.