Компјутерски проблеми Имам една програма за симнување на видео од интерент се вика RealPlayer и сакам да снимам на ДВД од компјутерот,но неможам Бидејки ми бара нова програма А таа се симнува со пари А дали може со ЦД или?
Компјутерски проблеми Уште прееска инсталирав аваст, фала ви за предлозите, само не знам зошто од кога ќе направам куик скан ми вика во резултати или логови дека нема најдено ни 1 вирус, можно ли е да нема?
Компјутерски проблеми И кај мене исто ми покажува Авастот, дека нема вируси откако ќе направи скан, нонстоп нема па веројатно нема, мојов компјутер малку забегува, треба да се преинсталира, целиот се мрднува ама добро е жив е вака-така само незнам какви се тие антивируси за Windows 7 јас имам Windows XP.
Компјутерски проблеми Па веројатно истите ги има и за другите виндоуси можда некои се само специфични што одговараат за виста, XP итн. а не одговараат на 7 .
Компјутерски проблеми Мене во Нико ми ставија Виндовс 7, и ми инсталирале ЕСЕТ. Ама одкако дознав дека имам некој вирус што ми шмука гига, го деинстал, и го инстал аваст, и сега да не го урочам не ми шмука гига како тогаш. Јас дека и порано го имав повеќе време аваст, немам никакви жалби, супер е.
Компјутерски проблеми Абе како што гледам, има нешто од Мајкрософт, ама не е тоа тоа. А можам да симнам антивирусна од интернет ??
Компјутерски проблеми Дузи пробај од овде ако можеш да се снајдеш http://download.cnet.com/AVG-Anti-Virus ... d=11014801 Ја фалат многу. Па пробај
Компјутерски проблеми Па Дузи секако дека можеш, ако немаш антивирус треба да симнеш и инсталираш, а ако имаш, а сакаш друг да снимиш мора стариот обавезно да го избришеш/анинсталираш. Ја аваст од нет симнав , ќе ми трае една година и после не знам што, ама малку ме чуди зошто не ми покажува никакви вируси (no virus found) , ме чуди да нема. П.С пази да ти одоговара со оперативниот систем, значи ако имаш виста за виста треба антивирусот да биде компатибилен, ако имаш XP за XP, 7 за 7 .
Компјутерски проблеми Да да, знам за тоа дека треба да одговара. Сега ќе протарашкам, овој и да има антивирус мислам дека не си ја врши функцијата. Мајкрософт и се е кажано.
Компјутерски проблеми Провери дали има . Мојов прво имаш Есет нод, ама крш беше и му истече лимитот и морав нов да барам.
Компјутерски проблеми Имам Мајкрософт Секјурити Есеншалс, тоа антивирусна е ?? Оф, страв ми е да не избришам нешто што не треба, па да отиде се по ѓаволите.
Компјутерски проблеми Мислам дека е соодветно тука да прашам вака, пример доколку гледаш видео на јутјуб и додека трае видеото, почнува да прекинува,па да продолжи и се така, значи да потзастанува некаде за времетраење.Дали има тоа врска со самиот компјутер или пак е до интернетот? Ова ми се случува кога сакам да слушам музика на јутјуб, најчесто, сега не ми текнува за порано дали се случувало вака, ќе пуштам виедо и ќе застане,па пак ќе си продолжи Може компјутерот да зеза нешто?
Компјутерски проблеми Гордана не е до компјутерот. Тоа е до Интернетот мене многу често ми се случува и пред неколку минути ми закочуваше видеото не е ништо од Интернетот е.
Компјутерски проблеми Би требало да е до интернетот, стисни пауза, и чекај да се напуни црвената лента, и пушти.
Компјутерски проблеми Има ли опција на компјутеров да се стави пасворд на некој фолдер за други да не можат да влегуваат? Сакам на фолдерот со слики да му ставам пасворд ако може
Компјутерски проблеми Одиш десен клик на фолдерот и add to archive ---->general----->>бираш RAR----->advanced----->set password--->пишуваш пасворд, го повторуваш истиот----->одбираш encrypt files----->ok--->ok И фолдерот ќе го најдеш на истата локација но зипуван, со тие книгичките да не опишувам толку сликовито и ќе го отвориш ќе ти бара пасворд и се отвара како зипуван фолдер кој треба да се распакува. Обиди се па кажи дали успеа p.s. и избриши го претходниот фолдер (жолтиот) да не ти стојат два фолдера, зашто на првобитниот немаш пасворд