На пиратски начин ми кажуваш ти со КМСпико,место на легален начин ти на нелегален го активираш и после што се случува знаеш ли? Ќе брикне компјутерот или лаптопот. Место да земе clean windows или да си купи клуч за 300денари.
@Blackouttheworld ги знам хахаха На лаптоп само Гугл и Експлорер имам али Експлорерот кочи нормално. Кликнав прееска нешто штракав по Гугл може сум го оправила ќе видам после
Па симни Опера или Мозила. Пробај. Нема врска што Хром ти е default. Пробај и uninstall направи му, па симни го пак. А, Интернетот да не не е ок штом вика took too far to open ?!
Абеееее еве сарма ми е направен комјутерот од пиратскиот Виндоус хахахаха. Ако знаеш да си работиш како што треба ни „легален“ Виндоус ни ништо не ти треба, јас 10 години терам без антивирус, а не пак да му ја мислиш за пиратски Виндоус. Кога има било каков проблем, треба најпрво сама да си дијагностицираш од каде воопшто доаѓа проблемот, со тоа што ќе испробаш различни сценарија. Во овој случај, прво ќе видиш дали е до интернетот со тоа што ќе го провери на друг компјутер или телефон, па потоа преминуваш на втор чекор што е проверка на броусерот. Ако и на друг броусер прави така значи е до конекцијата со интернетот или до самиот компјутерот, ако не, тогаш е до Хром итн. Симни си Мозила, Опера, било што за да имаш за вакви бош ситуации, кога веќе не ти е по мерак Експлорерот.
Дечки, деинсталирав и пак инсталирав и пак истото.. Кажете друго чаре, а да не е да сменам browser навикната сум на Гугл
Па пиратски де, со активатор. Ама не го симињаш од торент, туку од мајкрософт страната и знаеш дека е чист виндовсот. На торент не знаеш што има "запакувано" во него. Иначе не може да ти се брикне. Лол. Се што може е да ти откријат од мајкрософт и да те смараат дека не ти е лиценциран. Иначе и тие лиценци за 5 долари од ибеј и али се исто пиратски. Кој ти дава лиценца за 5 долари. Каква црна лиценца, добиваш клуч генериран од овакви активатори. Нашол некој начин како да заработува на тие што не се разбираат толку.
Треба да седнеш и малку повеќе да учиш,се правиш знаен а како мало дете ништо незнаеш. Оваа од 5$ лиценца се врзува диреконо одма за матичната и на наредно форматирање не ти треба никаква лиценца,за брикнување може да не ти се уклучи пц или лаптоп,после апдејт наградба со пиратски виндовс и активации,пробавме ние,џабе е после ќе треба една нова матична да земеш ако брикне. Клеан значи ако чист ако имаш преку интернет го форматираш дирекно и добива лиценца од микрософт.
Многу расфрлање на поими безвеза. 1. Дали користиш активатор или лиценца од 5$, користиш пиратски виндовс кој не е легален и пред закон не си заштитен. Немој не ги лажи луѓето овде. Некој има бизнис, ќе се излаже ќе купи лиценца од ибеј за 5$ и ќе го затвори инспекција. 2. Повели, достави доказ за брикната матична со активатор. Јас таков случај до сега не знам. Знам од оние кои фатиле малвери, адвери или пак имале програми инсталирано за мајнинг, ама ова се иде од користење на сумњиви верзии од сумњиви места (и виндовс и активатор). Затоа и е нагласен МДЛ форумот каде е постнат регуларен активатор, проверен, тестиран. И е активатор кој го користи цела Македонија. 3. Не значи тоа клин. Клин виндовс значи да го форматираш дискот преку усб или цд-ром, а не да го надградиш виндовсот или да го форматираш преку програмата на мајкрософт пошто така добиваш само надградба, а фајловите од стариот виндовс ти се како бек ап во дискот сеуште и можеш да имаш некои проблеми со регистри. Клин се прави за се од поново да инсталираш и да се лишиш од непотребни багови во регистри. На крај дали ќе користиш активатор или ќе платиш 5$ е твое. Пред закон си крив и користиш пиратски виндовс кој не ти е лиценциран и во секој момент може мајкрософт да ти го термитира кога ќе открие дека користиш фејк key. Ако има некој да дава 5$ од вишок нека дава. Никаква предност не се добива со тоа, а ниту пак активатор е најголемо зло како што го престави. Подеднакво и двете може да сносат ризици во зависност од соурсот од каде што се превземени. И не, нема да ти го брикнат компјутерот.
Немам што да коментирам,ти реков седни учи и после пиши,не е битен активаторот,во хардискот има резерва рековерј оем и ти го враќа фабричќи без да инсталираш драјвери и да активираш виндовс.
Грешка си! Прво очигледно си го помешал поимот брикнување (Brick) кој во главно и најчесто се користи за хардверски/софтверски проблем со смарт телефоните и уредите. Да телефонот можеш многу лесно да го брикнеш доколку му флешнеш погрешен ром и сл. до тој степен да телефонот не биде функционален повеќе и да мора да менуваш матична,но во никој случај не можеш да брикнеш матична од компјутер со инсталирање на оперативен систем. А како што ти кажа и @Billy Idol чист Windows значи инсталацијата од самиот оперативен систем да е без никакви преинсталирани програми и додатоци во неа туку како што е симната од Мајкрософт ја инсталираш со усб или цд,а лиценцата се знае дали ќе користиш кеј генератор или ќе ја купиш од Алиекспрес за 5 долари и сл. сеедно таа е пиратска невалидна и со надоградбата на системот ќе биде откриена и блокирана од страна на Мајкрософт. Ќе си симнеш и инсталираш Рево,преку него ќе го деинсталираш Хромот и ќе ги избришеш кеш фајловите што ќе ги пронајде програмата после деинсталацијата a потоа ќе го инсталираш Хромот од ново и готово ќе лета како нов ќе биде!
Дали ако направам скреншот на стори инстаграм или месенџер, ви излегува известување? Или само на ајфоните?