Треба да работам на програмите AutoCAD и SketchUp, а за тоа ми треба појак лаптоп. Што ќе ми препорачате?
Колку имаш буџет? Си размислила ли за десктоп? Еве кои побарувања ги бара АутоКад, а SketchUp барa послаби перформанси и бар 512 МG видео карта.
феминки Нешо дугмево за вајрлес не работи изгледа во пишувањето е заклучена тастатурата, и нормално нема интернет ве молам за итен помош како да го отклучи е?
@Billy Idol те читам цело време наоѓаш за све одговори, помогни ми на погоре поставеното прашање плис?
Не ти го разбрав баш прашањето, ама горе од сликата се гледа дека не е уклучено WI-FI-то, па претпоставувам дека е до тоа... Еве 3 начини како да пробаш да го уклучиш: https://www.businessinsider.com/how-to-turn-wifi-on-windows-10
Уште ми е 7цата, значи дугмево од вчера престана да работи, си клика се ама не уклучува, не се пали, како да е заклучено, не знам шо му стана
Не може да знам оти не работи дугмето. Може драјвер нема, може е механички проблем, најмалце битно е во случајов. Оди во Control panel и следи ги сликите и пробај овака да го активираш, ако веќе е, направи му disable па enable.
Епа то е работата мрежа не наоѓа затоа што не е уклучен интернетот, а не е затоа што дугмево на тастартурава за вајрлес не ради, а другиве сите работат во ред ти благодарам, се обратив кај тебе затоа што највеќе им помагаше на темава
Ама не е до дугмето, него до вајрлес драјверот. Еве ти видео како да го средиш. Се нaдевам сега дека ќе работи
@Billy Idol те читам и ми текнува на мојот глупав проблем со вифито. Значи, лаптопот супер беше со вифито се поврзуваше. И брат ми едншка го поврзал со кабелот од интернетот директно демек побрз да е и од тогај неќе. Мора само со кабел. И тоа стриктно неќе лаптопо со нашето вифи домашно. Пример, ако пушти брат ми интернет од телефонот тогај вифито на лаптопот се поврзе. А, дома сите сме поврзани со домашното вифи. Не знам што му е. Значи и преинсталираме и пасворди меневме неќе.
Видеово на почеток ме буни, прво отвара дивајс менаџер ок, истите икони ги имаме, после тоа нешо му титка и му искачаат други икони со блутут кај ги наоѓа сто пати го видов помагај
Ај пробај овака @GirlRose , пробај ги и ти истиве чекори, да преинсталираш драјвер и слично. Нема друго решение освен ова.
Пробај поврзи го со мрежен кабел интернетот. Тој тип на лаптоп има таква опција. И еве @Billy Idol прек TimeViewer може да ти среди.
За жал не можам да користам teamviewer и да средам на тој начин. Но, се надевам дека @DiCaprio ,некој друг форумџија, па и некој близок во твојот живот што се снаоѓа подобро со компјутери ќе може да среди со помош на туторијалите кои ги оставив. За жал, мојата помош не може да биде поголема од ова.
Сепак ти благодарам што се потруди, можам со мрежен ме потсети тука еден член, сепак ова ми беше единствениот извор на нет, баш сега се расипа кога неможам да го однесам на поправка, заради карантин, ти благодарам