Не ми работи спејсот на тастатурата, на друго копче е сега, одма после таа буква ми се куца спејс и така пишувам два дена пиши бриши, ме пукна. Чаре кажете дали има.
Можно е некој вирус да има па да има измешано во регистрите. Најбоља опција е форматирање за да се исчистат регистрите доколку има вирус, бидејќи може да праи понатак други проблеми и јавува конфликти како со промена на командите од копчињата. Ајде за почеток пробај избриши го драјверот за тастатура и инсталирај го повторно, тоа би требало да го среди, бидејќи ќе направи нов запис на команди во регистри. Ќе ти помогне видеово, а да идеш кај драјверите. Кликаш на драјверот за keyboard и го бришиш па десен клик search new drivers...
Го однесов на поправка, ми рече хард дискот дека нечинел, не било до вифи то, 3500ден се исплаќа ли? Стар лаптоп е од 2011
Како прво не ми е јасно поврзаноста на хард дискот со wi-fi-то... Ваљда ако нешто е физички оштетено би требало да биде мрежната картичка. Како второ. Во зависност за каков хард диск се работи, но мислам дека е малку напумпана цената. Во кој сервис го однесе? Да прашаш во друг?
Епа демек стар бил лаптопот, односно од старите серии, ке го однесам кај друг сервис, овие од Јонгис стварно малку претеруваат
Невозможно за хард диск, да прави проблем со Wi-Fi. Или Корумпиран OS имаш, со лоши драјвери. Или мрежната си дава душа. Се менува, ама проблем е кој е легитимен за да се нафати во ситуацијава. 3500 за хард диск и работна рака е крадење. + не е до хард дискот.(барем проблемот со Wi Fi от) @Marija_Magdalena
И на крај краева и да платиш пример толку за хард диск ке работи wifi to? Јас не се разбирам од Јонгис искусни и то е то им се јавив ке го земам, ке одам кај друг да видам второ мислење
На хард дискот е Windowsot, ако истиот е корумпиран(оперативниот), само формат е најпаметно решение. Тие можда провериле со нов диск и оперативен, и немало проблем со WiFi, е сега зошо за формат малце да ти наплати кога можи и со Хард Диск...
Ми стигна маил на кој што пишува демек ова е твојот пасворд и да некој стар пасворд што имам користено и демек да платам со боткоин нешто во рок од 24 часа демек имаат мои податоци слики некои глупости. Читав по нет на многу фаќа им праќале спамови. Сменив пасворд и на маилови социјални мрежи. Некој слично искуство?
Нормално е да добиваш овакви спам пораки. Малце може да изгледаат страшно поради тоа што ти погодиле некој постар пасворд. Може и да го имаат дознаено истиот преку некое хакирање, фишинг програми и што и да е. Немаш потреба ништо да им плаќаш. Добро си направила што си сменила се, и пасворд и мејлови. Сигурна си. Без сикирики.
Девојчиња ајде помош на еден медицинар кој сака да помогне на внукот, воедно основно училиште имаат информатика С++ програмски јазик, неговиот компјутер се расипа, а јас поима си немам како оди со лаптоп ( нормално медицинар што би знаел за компјутери). Задачата е следна: Задача:Кога ќе се стартува програмава во C++ на екранот на компјутерот што ќе се добие ? ( сите променливи се од тип integer ) a) For ( i=1; i <=30; i++ ) { If (i % 3 == 1) cout«’A’; i=i+2; If ( i % 4 == 0 ) cout«’B’; i=i-1; If ( i %2 == 1 ) cout«’C’; i=i+4; } Одговор: ______________________________ б) For ( i = 1 ; i <=20 ; i++ ) { If ( i % 5 == 0 ) cout«’A’ else cout«’B’; If ( i % 3 == 0 ) cout«’C’ else cout«’D’; } Одговор: ______________________________ Задачата С++ никаде некористам && If (i=1;i<=50;i++) If(i%2==0) If(i%5==0) Cout<<I;
Не му треба компјутер, нека седне и нека ја „шета“ програмата чекор по чекор. Само така ќе научи логички да размислува при програмирање. Мора да знае што ќе му даде програмата, а не да очекува да ја напише на компјутер и да го добие одговорот.
По се изгледа проблемот е до самата тастатура на оперативниот систем, доколку сеуште го имаш проблемот пиши ке пробаме да средиме. Се случува да се измешаат копчињата.
Да, да, уште е исто, не се распрашав за проблемот. Добредојдена е твојата помош, само сега ми се спие и морам да си легнам, утре пак ќе се уклучам на форумот.