Јас ќе поставам едно многу банално прашање . Значи вака, ги поврзувам компјутерот и тв со hdmi кабелче и гледам видеа на youtube. Моментот штом ќе го затворам лаптопот, ми се минимизира видеото (излегува од Fullscreen). Ова ми се случува само со Microsoft Edge, а не со Google Chrome. Буричкав во Settings на Microsoft Edge, ама не гледам нигде опција за да го исклучам ова...
Duplicate. Мислам, претпоставувам со Extend нема да го прави тоа, само ме интересираше дали има начин и со Duplicate .
Сакам да прашам нешто имам нов лаптоп купен пред три месеци и два пати ми се деси батеријата да се испразни и да не се полни , дали е нормално тоа за нов лаптоп ако некој знае нека ми пише ?
Ти го дале со фалична батерија така го склопиле фабрички. Со стариот лап топ исто ми се деси самошто го земав го однесов на сервис и одма сменија нова и си работеше супер тогаш
Си купив лаптоп, е сега друг проблем имам. Нема инсталирано виндоус, немам ниеден близок програмер и немам идеја кај да го носам да ми инсталираат. Ми треба некој сигурен или па сервис шо се бават со тоа, шо сте задоволни и би ми го препорачале. Може и у дм бројче или контакт нешто да ми пишете.
Симни си го Windows 10 како ISO image и инсталирај си го - не ти треба програмер. https://forums.tomshardware.com/faq...ows-10-installation-usb-drive-or-dvd.2381102/
Ќе ти пратам контакт од мајсториште во ЛП кој ќе го скоцка цакум пакум,ако се уште немаш завршено работа!
Помош/совет? Имам Asus лаптоп стар сигурно 5год. Е сега, истечен ми е Avast-от и лаптопот многу ми кочи. Дека гледам серии на интернет со превод и ми излегуваат addови џело време.И плус многу брзо загрева лаптопот и бучи.Ако го ставам на кревет после пола саат ќе биде вруќа постелнината. Како сама да си го апдејтнам Авастот и да го исчистам комјутерот без да го дадам на компјутерџија? Авастот ми бара да платам. Или нов да си земам?Страв ми е дека ќе прегрее и дека нема веќе да се упали.Страшно многу се загрева и кочи. Anyone? @ЕденЧлен
Avastot brisi skroz i i instaliraj odnovo. Toa sto zagreva bara da mu se stavi pasta sto ladi i za toa ti treba nekoj sto se razbira da go otvori i sredi. Ako ne stavis ke pregreva i gasi konstantno
А, зошто воопшто ти е потребен антивирус? Претпоставувам дека не си 55+ па да кликаш на секое џиџе што ќе ти излезе
Има некој искуство со System One сервисот ? Читав негативни коментари, па да прашам дали и тука има некој искуство со нив.
Дечки да ве прашам, кога сакам да уклучам powerpoint да напраам презентација, ми се појавува ова ми бара office product key, бара некој код... Стискам таму на линковте подоле и не можам да се снајдам, не ми покажува ништо. Вака е веќе некој месец, а без да се внесе тој код не може да се работи во програмот и да се внесува текстови. Дали некој имал ваков проблем?
Е не може да работи кога ти бара product key. Имаш куп решенија на интернет за повторно да го активираш, некое ќе профункционира. Еве едно https://downloadappsforfree.com/activate-microsoft-office-2016-without-product-key-free-2019/
Фала, ќе пробам. Порано не ми бараше вакво нешто, без никаков проблем си се отвараше. Искрено првпат ми го бара ова и не ми беше јасно.