Конечно решив да си купам лап топ и секој ден само се нервирам со него. Дали знаете зошто ми дава дека нема интернет и покрај тоа што мрежата ми е ок на мобилен. Кога сака има бежичен интернет, кога сака нема. Кога пробував нешто да прочепкам ова ми го појавува
На кој провајдер си? Да провериш во сетингс дали ти е наместено автоматски да добива ИП адреса или не и исто така да провериш сетинзи на рутерот дали има некои правила...
Дечки братучедот скоро ми инсталира виндоус 8.1 Ама немаше баш многу време и не стаса да ми инсталира офис(оние ворд,поинт и остало знаете)... Е са јас иам нешо такво ама како она на линк на драјв шо се зачувува Имате нешо/знаете ли некој линк за да инсталирам некако офис 2016?
Не најдов соодветна тема, па ќе пишам овде. Продавам ново, неотпакувано AppleTV. Повеќе информации во порака.
Ве молам за помош. На ПС звучниците ми работеа до скоро ОК. Наеднаш немам звук. Звучките работат ама ( како апарат ) ама звук нема, дури ни од слушалки. Кога одам на Menage audio devace на Playback ми вика дека не се вклучени односно Not plugget in. Ниту полето за конфигурација не сум во опција да го кликнам. Исто така правев и Re-Enable your Sound Card и Update your sound card driver, пак ништо. Што може да биде, дајте некое чаре.
Да не е местото на компјутерот оштетено каде што ги приклучуваш? Не знам како се вика, тоа дупчето. Можно е да е скршен некој забец, па да не влегува добро.
Дечки ми треба помош. Имам mac air book и ми фати вирус најверојатно од што симнав торенти. Како може да го исчистам? Ги исбришав торентите од кај што се закачил вирусот, ама вирусот уште си стои.
Вчера ми се апдејтира софтверот, очекував дека нема да има вирус ама уште има. Ќе пробам со реинстал. Благодарам.
Каде во Скопје, освен во iStyle, можам да најдам заштита за macbook и торба? Под заштита мислам на ова:
Дали може во iStyle да ми го решат проблемот со вирусот на mac book air? Нешто тешко ми оди Reinstall на macOS сама..