Дали по симнувањето на фајл (пр.: mp4 видео) тој останува перманентно во нашиот компјутер (секако, додека ние не го избришеме) дури и ако е избришан од интернет? Се извинувам ако прашањево звучи смешно или глупаво, ама навистина не се разбирам.
Се разбира, исто е како на пример да симнеш слика на тел, си останува дури и ако ја избришат од страната.
Во принтерот ми се заглавила хартија и тоа со години не е користен. Дури сега гледам. Не знам дали ако го однесам на сервис, ќе ја извадат хартијата? Гадно е заглавена и неќе никако да излезе.
Од вчера одеднаш лаптопот не ми фаќа вифи. Рестартирав неколку пати, не сака. Покажува како да нема ниедно достапно вифи а имам дома и плус комшиски. Пробав и од телефон интернет, не покажува ниедно. А за деновиве ќе ми треба. Што да му правам, кај да чепкам?
A kade se naoga Anhoc bidejki vo mojot grad nema? Ako ima vo Skopje,a pretpostavuvam deka ima te molam da mi kazes kade potocno se naoga?
Ова се нивните продажни локации, а можеш да ги контактираш и онлајн да ја порачаш. https://www.anhoch.com/locations
Ова втор пат во еден месец ми се случува. Овој пат ќе звучи смешно ама морам. Персонален компјутер стар 6 години од прилика. Само што се мрднав од стол се исклучи будалово. Монитор се вклучува, куќиштето исто, по некоја секунда само црно на екранот. Претходно го носев на мајстор поради истиов проблем демек некој дел скршен а не паметам дека има паднато куќиштето или слично па му смени дел. Чат пат знам само да го поместам понастрана, да не биде близу зидот. Сега исти проблем. WTF? Не знам шо му е проблемов веќе.
Провери го кабелот што го поврзува куќиштето со мониторот да не не е поврзан како што треба, во смисла да не е разлабавено од некоја страна. Или пробај со нов кабел.
Ми треба брз одговор. Имам лап топ ама постар ми е малку. Е сега микрофонот не работи како што треба. Поправав во самиот лап топ каде што се менува ставив на најјако ама џабе. Ме интересира дали може да се стави на лап топ посебно микрофон да си купам или пак ако не може да ми помогне како да го поправам.
Може да си земеш микрофон со 3.5 mm влез и да го користиш, а може да си земеш и слушалки со микрофон, headset. Во сите продавници за техника можеш да најдеш, околу 1000 ден има солидни.
Бидејќи е постар а и ретко кој од поновите лаптопи има приклучок за микрофон може да си набавиш микрофон со USB приклучок. Ги има во секоја продавница за компјутерска опрема и не се скапи. Не би ти препорачал да го носиш на мајстор бидејќи е постар уред и не се исплати.
@Billy Idol @Vitaly фала ви Секако не планирав за на поправка зошто ќе ми земат многу а не вреди толку за постар. Ќе видам ќе прашам во продавнициве што би било најевтино.