Што може да е причината што не сака да отвори одредена програма? Пробав буквално се' што можев, дури одново ја инсталирав пак но никако не сака да отвори. Конкретно се работи за Citra (платформа за 3DS игри). Дури си мислам да го носам на преинсталирање лаптопов... Windows 10 е оперативниот систем.
Дали некаде во Скопје вршат поправка на полначи за лаптоп? Се работи за прекин на кабелот(тенкиот дел) и со надеж сум дека можеби некаде ќе ми го заменат, бидејќи не ми се даваат неколку илјади за нов полнач.
Во Сетек https://setec.mk/index.php?route=product/category&path=10008&mfp=manufacturers[19],stock_status[5] Ти работи уште Илустраторот без проблем ?
Имам проблем со Microsoft Office пакетот. Во Word, Excel & Power Point горната лента со функции (home, insert, page layer) е блокирана и не работи исто така ни текст ни табела не можи да се пиши и напрај. Знај некој како да го одблокирам ова?
Не ти е активиран офис пакетот, т.е. ти го пробил мајкрософт тимот дека користиш пиратска верзија. Начини да го активираш се: 1. Да си го платиш на легален начин. 2. Да користиш активатор како KMSpico кој можеш да го најдеш и даунлоадираш од mydigitalife форумот. (ти го наведувам баш овој сорс за да не закачиш некој вирус од некоја непроверена страница). 3. Да симнеш пиратски кракиран офис од торент.
Пред две години негде ми падна лаптопот и баш тогаш ми се полнеше (од левата страна баш и така бидна). Ниту тресна, бидејќи некако го фатив баш кога паѓаше и ми падна од низок кревет. Си функционираше целосно совршено и после некоја недела не ми полнеше полначот. Го носив на мајстор (hp е, купен некаде 2016-та), ми смени пола кабел и плус внатре на левата страна имал некој дефект. Го поправи, но ете пред некој ден полначот не ми го полнеше лаптопот. Пробав на друг лаптоп, го полни и значи е дефектот внатре - во лаптопот. Го однесов на мајстор и малку сум скептична за дефектот. Дали и ако ми го поправат сега да очекувам наредно пак иста ситуација или да си планирам купување на нов...?? И препорака ако може, но не hp - уште откако го купив не се уклучуваше и чудно реагираше. Можеби е и некоја фабричка грешка од почеток.. И пред да ми падне првпат на моменти исто знаеше да ме зафркава со вклучувањето..
Мене па hp ми се погоди, да не го урочам сега. Да не ти цркнала батеријата, проба ли да ја извадиш и директно во струја да го вклучиш, без батерија?
Би требало секаде каде што поправаат лаптопи да можат да го направат ова. Јас имав таков проблем, таму каде штo беше прекинот го пресекоа и ми додадоа друго делче. Сега дури и многу подолг ми е полначот. Конкретно за Скопје не знам, но ако уште го немаш носено прашај си таму кај што ти е најблиску.
Знаеш колку пати менувам кабелче на полначот? 3-4 пати до сега во последниве 5 години. Еднаш мислам дека и цел тој конектор на лап топот го сменив. И знаеш што си викам? Добро е, мал е ѓаволот, 200-300 стотки дефект. Да не почне како на другар ми... 3 пати матична му гори, по 70 евра фрлаше за неа и еве сега батали конечно, реши нов да купува. Овој го преплати. Така да, ако ти е ова единствен проблем на 5 години стар лап топ, одлично е. Иначе, каков и да земеш со сите ќе си имаш проблеми, сите се исти по квалитет, немој да мислиш дека има разлика од марка. Се е како ќе ти се погоди. Некој ќе се фали со Dell, демек најиздржливи биле, јас од Asus-ов сум задоволен... Lenovo гледам имаат некои послаби материјали, по тенка пластика... Ама, се зависи од модел до модел и на крај колку скапо ќе го платиш. 300 евра лаптоп не може да е исто квалитетен како 700.
@Billy Idol полначот скроз е исправен сега, внатре е дефектот. @doubleg батерија исто смената е нова претходно.
Лаптопот на брат ми не сака да се конектира со рутерот. Синоќа пробал и не можело, сега пак проба и пак не може. Кога ќе кликне да се поврзе само пишува connecting и толку, ништо друго. Дали некој знае во што може да е проблемот?
Neka proveri dali mu se taman driverite za internet i wifi. Dali treba update ili neka gi preinstalira. Ako ne biva neka formatira laptop i odnovo neka instalira drajverite.
Може е нелогично прашањево, но не се разбирам во техника. Дали улогата на рутерот е обезбедување на wi-fi? Ако е така и ако нема рутер, нема да имам безжичен интернет?
Имаш опција. Пример со лап топ да отидеш во кафич, може да се закачиш на мрежа. Исто по дома, ако немаш рутер, може од комшиите да го користиш wi fi-то. Можеш и со хот спот од мобилен да си добиеш интернет на лап топ. Во секој случај рутерот те обезбедува дома да имаш wi-fi.