Се работи за промена на живеалиште, станбен простор, што значи дека ќе треба да купам рутер. Дали имаш препорака каков рутер да побарам или изборот нема голема улога со оглед на намената? Фала многу за брзиот одговор.
Рутерот не ти следи од операторот? Ќе се јавиш кај провајдерот, мора да те обезбедат. Никогаш немам купувано рутер од продавница. И јас менував живеалиште, си побарав понуда, ми дојдоа, ми наместија. Тоа им е работа. Освен ако имаш некакви посебни цели, па да бараш некаков посебен рутер.
После ќе се чуди комшијата од каде толкава сметка или бавен интернет. Макар што не верувам дека некој би оставил пристапот да е без пасворд.
Сакав на друго да асоцирам. Дека не ти треба рутер за да најдеш мрежа. Но ти треба некој со рутер, за да се закачиш на мрежата
Доколку не ти следува од кабелскиот оператор, било каков рутер ќе заврши работа за покривање на станбен простор од 100 м². Можеш од оние најефтините да си земеш од 700-800 ден, доволни ќе се.
Во опремата од кабелскиот оператор не следува рутер и не ми треба со посебни перформанси. Ќе разгледам во продавниците за техника. Периодов има и намалувања. Фала за одговорот.
Како бе такаПобарај си, како така без рутер да те остават, па како ќе им ја користиш услугата. Кај после крадат само нешто, уште на пластична кутија штедат. Ако ме прашуваш мене, ја пари не давам дополнително од она што ми следи. Нивна работа, нивни проблем. Тоа е исто ко во ресторан тањир да не ти дадат, ти го стават јадењето директно на маса. Уствари не знам за кој оператор правиме муабет. Ама на Телеком и Вип никогаш не сум купувала рутер, дури ако имам проблеми со рутерот, ќе си дојдат ќе си го сменат сами со нов.
Имам искуство со Телеком и знам дека тие се одговорни за опремата, дури и при проблеми. Станува збор за Телекабел.
Kupi si Tenda wireless n300 ruter so 3 anteni za okolu 1200-300 denari bese koga go zemav jas pred 5-6 godini , sega sigurno e poevtin. Fakja niz cela kukja dvospratna i nadvor vo dvorot i 15-20 metri okolu kukjata fakja.
Звукот на лап топот е слаб, а компјутерот е нов. Го купив пред три месеци. Се беше во ред. Ова се случува неколку дена. Дали може да сум притиснала ненамерно некое копче или друг е проблемот?
Здраво. Некој ако има симнувано игри на pc. Не дека јас не знам ама не се снаоѓам баш. Конкретно се работи за играта sims 4. Хелп...
Дали некој може да ми каже дали е добар овој лаптоп? Не се разбирам многу,не ми треба за игри и којзнае каква работа,исто и отворена сум за препораки но да е стриктно од Apple. Инаку може и Ipad да препорачате некој. https://intercomp.com.mt/product/ap...gb-i5-1-4ghz-silver-ex-display/?cn-reloaded=1 @ЕденЧлен @Billy Idol
https://intercomp.com.mt/product/apple-macbook-air-m1-gpu-7-core-13-inch-8gb-256gb-gold/ Овај е далеку далеку подобар. го има новиот аппле М1 процесор а не интел како погорниот модел Apple си е Apple, стабилност брзина батерија,лесен компактен,MacOS....и многу работи
Зависно што работиш на компјутерот/лаптопот,затоа прашав зашто и е потребен Apple.Јас 20 години,сум прец пц,и неможам да работам на MacOs,едноставно сум навикнат на Windows.
Одличен е, поготово за тие пари. Јас би одел со овој модел што ти го стави, а не со новиот Air што го стави @Itsaleks . Да, новите М Епл чипсети се добри, ама сеуште програмите не се оптимизирани за нив целосно. Па и прва генерација процесори се, па ја би одел на проверен интелов процесор. И Про си е Про. Е сега, јас никогаш не сум користел Мекбук и моето мислење треба да се земе со резерва. Предности на овој лап топ е секако графичкиот дизајн и front end програмирањето. Верувам ти ништо од ова нема да правиш, ама нема ниту да играш за да ти треба виндоус. Па, ако ти е желба, купи го. Дефинитивно ќе го користиш подолг временски период без да треба да го менуваш.
Дали некој знај како да го исклучам тајмерот на Windows 10 секоја вечер точно во 00:00 се укличува компјутерот. Исто од кога го форматирав на 10ка не сака да ми се отвара портата за CDа ставање.
Девојки или уште подобро ако има некој дечко. Компјутерот не можам да го уклучам, т.е. ќе се вклучи, зуи, врти перката и после 10 секунди се гасне и пак се пали, и така во круг. Брат ми го извади кулерот и го исчисти од прашина, стави паста ама повторно истото. Што можам да направам? Проблемот е што внатре имам битни работи, дипломска, материјали од факс. Едит: @Billy Idol ќе те тагнам тебе затоа што гледам горе одлично си и објаснил на членката. Се надевам можеш да ми помогнеш